Здраво, да ми препорачате мицеларна вода за комбинирана кожа со масна Т зона. И дали можам да ја користам во комбинација со витамин Ц серум?
И пак јас. @koritsaki дека ми рече да пишам што направив. Хормони испитани, се е во ред, ехо на јајници во ред, менструација редовна без проблем. А лицево ми е катастрофа, пред 2-3 месеци дерматолог ми даде само Сона, освен што ме гореше со азотот еднаш и не отидов повеќе. Моментално не користам ништо, рутина исфрлив сè што користев. Совет? Искуство anyone?
Од сона ми се иритираше кожава, околу очи и кај брадата, па од тогаш немам ставено ич. Можеби претерав тогаш, бидејќи првите пати немав никаква реакција
Ставај ја Соната после хидратантната крема за да ја намалиш можноста за иритација или ставај ја поретко. Избегнувај го делот околу очите. Всушност, околу очите можеш да намачкаш прво и вазелин, за да го „спречи" впивањето на Соната во тој предел. Исто, не мора да користиш голема количина, пробај со зрно грашок или така нешто за цело лице.
Маслото од смил само по себе е одлично, мислам дека целата оваа колекција е одлична. Јас го имам маслото, не е комедогено, го користам навечер место ноќен крем понекогаш, а главно ми е за околу очи, врат и деколте. Имам комбинирана кожа, акни не ми прави, ниту пак ми ја масти т зоната дополнително. А кремов не сум го користела. Личи на хемангиомче, консултирајте дерматолог. Мицеларниот чистач на Натура Сиберика, или After date Gelée micellaire на Pulpe de Vie. Имам комбинирана кожа, и двата ми се погодени ептен. Нема да згрешиш кој и да го земеш.
Како што пиша @pdb123 немој околу очи и количина колку зрно е доволна за цело лице. Како за старт јас почнав секој 2ор ден, па по месец зголемив на 3 дена па еден ден пауза.
Хиперпигментација или како вдлабнатини? Ако е првово мене најмногу ми помогна алфа арбутинот од ТО, буквално како со гума ги избриша.
Девојки еве има два три месеци лицево ми се нафрла со ситни брунчиња на образите , дали од маските незнам еве .. реков период е ама не се повеќе излегуваат .. што би ми препорачале?
Нешто со цинк да земеш. Го препорачувам спрејот на Novaexpert да го пробаш, одличен за оваа проблематика. Го има во белина
Jas ja koristev, prezadovolna sum, ne mi gi zatnuvase porite nitu se isfrlav od nea. Edinstven problem e sto edno vreme ja nemase ni vo dm ni vo prodavnicata na tesori dimare ni online.
Здраво девојки, ми треба мислење за составот. Дали има комедогени состојки? Првото е серум, второто крем.
Не се фокусирај на комедогени состојки, затоа што чистата состојка ако е комедогена, не мора да значи дека и производ кој ја содржи ќе биде комедоген. Најдобро ти е да прочиташ рецензии и да видиш така дали кремата/серумот им прави проблем на голем број на луѓе.