Ке ја тагнам @Biodevojka ако се разбира некој друг слободно нека пише. Сакам да ја купам па ме интересира за кремата од konopka's зелената што е за нормална и мрсна кожа, видов дека ја препорачуваат и за кожа што е склона кон акни но кога ја разгледав декларацијата видов дека на втора позиција содржи COCO-CAPRYLATE/CAPRATE која што е комогена состојка и ги затвара порите (така прочитав на нет) што мислите дали тоа би можело тоа да ми предизвика нови акни или нема везе ако кремата е лесна и брзо се впива?
Μене не ми прави акни состојкава ни други проблеми , ама за разлика ете од кремата на Натура сиберика Береза , оваа на Конопка потешко се впива во кожата
Фала ти на одговорот инаку се мислев и за таа крема на натура сиберика но не ми се допаѓа мирисот воопшто на цела линија па затоа се одлучув за konopka's и ако не знам ни таа како мириса
Една од најомилените кои сум ги користела евер. Смирува и мириса прекрасно, хидрира умерено, има геласта структура. Ако ти е ептен дехидрирана кожата, нема да ти одговара ако ја користиш самостојно. Ќе ти треба нешто плус одозгора. Самостојно е повеќе за мрсна/комбинирана кожа.
Супер! Мене кожата ни е баш комбинирана мрсна и склона кон акни на образи...Ке ја пробам и се надевам да ми одговара. Фала ти
Дали сте правеле некои испитувања? Пример за полицистични јајници? Овие ми личат на acne papulopustulosa, има решение, само треба време
Драга извини мора да те прашам кој ти рекол дека состојката е комедогена? Сите масла истовремено се потенцијално комедогени и не се комедогени. Зависи од кожата како реагира на состојката. Мора еднаш засекогаш да сфатиме една многу важна работа: се гледа целокупната формула на еден производ а не една поединечна состојка. Кремот како производ е одличен, меѓутоа како твојата кожа ќе го прифати не може да знаеме. Меѓутоа сигурно не е комедогно поради коко каприлат кое е едно од најлесните масла кое кожата одлично го толерира.
Здраво девојки ! Ми треба помош за жена 40 + . Сака да си фати убав редослед со користење на производи за лице па што би препорачале вие?
Средство за чистење на шминка, гел/пена/млеко за измивање на лицето, серум, ноќен крем и крем со СПФ. Каков тип на кожа има жената?
https://www.facebook.com/Dominic-Козметика-106243854881379/ Производи на природна база пишете им ќе ви препорачаат има убави производи.
Јас ја имам есенцијата, убаво хидрира, само лепи малку при нанесување. Не ја користам многу често, но убава е.
Здраво , ми требаат некои креми за намалување на врвенила и флеки , доколку има некој некои искуства би ми помогнало многу.