Здраво женски и извинете за сликата.... Значи вака работам во маркет има прашина колку сакаш.... не сум тип што не испаѓа без пудро на лицето на работа ретко ставам... Го чепкам Ме боли цело лице каде и да се чепнам имам се црнки,акни,пори... И мака мачам со темни кругови околу очи
Zdravoo i jas pravev dermapen vcera me interesira sto koristese odma potoa mnogu mi e suvo liceto i zategnato kakva krema dali go miese
Незнам дали добро се гледа Повеќето ми се флеки темни од акните Лицето на допир е мазно нема акни,но незнам како да се справам со флеките Веке 2 месеци користам производи препорачани од кожен доктор Плус пијам сумамед По шема Го прашав за флеките ми рече да продолжам со истата рутина и дека треба подолг период за флеките Дали некоја имала слично искуство и како се справува
Дали имаш дм во близина или колку би ти бил буџетот за промена на козметикава за да ти препорачам некој производи? Оваа што ја коростиш е преисушувачка, поготово ако(сигурна сум) witch hazel е дестилиран со алкохол, а еукалиптусот е многу јак иритант. @blessed.an во право е дерматологот, на хиперпигментацијата и треба долго време да се повлече. Ставај спф секој ден за да не ти биде полоша и трпение само, ќе се среди со тек на време.
Имам дм....до кај 1500 би дала..нз дали е доволно....ми треба нешто што не е мн како да кажам комплицирано работам во смени и кога сум 1 ако не станам 05:40 ќе немам време за заби да измијам...кое за во градинка кое за на работа и за мене немам баш некое време..... За на работа ми треба нешто да ме штити од прашани... па и маските....
Нормална накај сува сосем малку разлика имам на т зоната како по мрсна но не премногу.... Дехидрирана баш и не е нешто измеѓу повеќе накај сензитивна е
Колекцијата што ја коростиш е наменета за мрска кожа склона кон акни, затоа ти е изиритирана кожата. Ќе ти пишам приватна порака со сите производи и чекор по чекор како се коростат да не должам овде премногу. Нема да надмине 1500 денари и е едноставна и брза рутина.
Во право е докторот, треба подолго време за флеките, што и да користиш за таа намена. Прво акните да се доведат во контрола, па флеките. Со што го третираш лицето? Изгледај ги и овие видеа, има добри совети за заштита на кожата при носење маски.
Јас имав слични проблеми со акни. На моменти дури и вака ми изгледаше лицето. Почнав со миење на лицето со сапунот од зеолит на La soy, a потоа нанесував серум со салицилна на Ревокс и крајно, нанесување на La roche posay effaclar duo. Два пати неделно, нанесував маски за лице, глинестите според мене се надобри за таа намена. Секако, зависи и каква исхрана имаш. Мораш да отфрлиш се што не е здраво, благо, тестести производи, прженици, грицки, барем извесен период додека не се исчистиш. Сметам дека појдовна точка е токму тоа, сепак се што внесуваш се одразува на кожата. Мислејќи да се помирам со лошиот изглед на кожата, мило ми е што бев константна и решителна. Моментално лицето ми е чисто, здраво, нормално ќе никне некогаш некоја акна, но е ретко. Навечер си користев серуми и крем за друга намена, но можеш ти да користиш пример некоја блага хидратанта крема. За темни кругови искрено не знам, не сум имала никогаш, така што за тоа не можам ништо да ти предложам. Друго, косата да ти биде секој пат собрана во репче и чиста, и гледај во ниту еден момент да не го чепкаш лицето со раце, освен ако се претходно добро измиени. Маската ќе ја менуваш редовно, ако е хируршка, носиш, фрлаш, ако е n95,kn95, можеш да ја прскаш со алкохол или средство за дезинфекција, но барем на два-три дена менувај ја. Акните бараат упорност, но кога ќе ги решиш, после само одржуваш. Веќе година дена, како не сум имала акни, но си направив рутина и не отскокнувам од таа. Моментално користам други производи, исто така се добри, но за почеток, горенаведените ќе ти бидат доволни. Црна маска не користи, дополнително иритира, барем мене лицето партал ми го прави, само глинени, ако веќе сакаш маски. Редовност, хигиена и упорност.
Од исхрана имам сменето...на ун диета сум 20кг симнав... Јадам здрави работи ако е диета пример јајца и авокадо....салата со киноа.... Благодарам за советите
Здраво девојки , сакав да прашам дали некој ги имате користено од ordinary proizvodite, balance set што е?
Skinoren(20% азелаична киселина) ја имаше во Зегин но, не сум сигурен дали сѐ уште ја има. Провери во добро снабдените аптеки...
Скинорен оддамна ја нема никаде во мк, а од пред неколку месеци тешко и во Србија. Јас порачав онлине азелаична на the ordinary.
Јас кога испитував хормони исто ми беше покачен, гинекологот ми рече од стрес ти е, тој период навистина ми беше стресен. Не ми даде терапија веднаш, рече да оставиме 2 месеци да видиме како ќе е. Правев потоа уште 2 испитувања, се намалуваше и се доведе до нормала. Акните уште беа тука, па друга терапија од дерматолог имав. Сакам да кажам, немој веднаш со хормонски терапии, провери повторно по месец, во меѓувреме помалку стрес, повеќе здрава храна. Тука јас читав што сѐ од храна може да помогне.