Здраво, дали некој има користено производи од оваа линија, како се покажани за флеки од акни? Почитав прилично добри рецензии за нив, серумот го имам супер е сега за сега. Инаку имам мрсна кожа
Го имам тоникот многу е убав, чисти и освежува. Не се измива,наскоро ќе пишам повеќе во соодветна тема
Уште овдека немам пишано Имам доста сува кожа, но до скоро сум немала проблем со акни. Арно ама после пораѓај кожата ми е уште толку посува и постојано ми се нафрлува. Сега за сега користам само мицерална вода на Гарниер, што друго би ми препорачале?
Мене мицеларната на Гарниер ми беше агресивна на лицето. Побарај персонализирана рутина од Магнолиа, јас веќе 6-7 месеци следам рутина по нејзина препорака и лицето ми е сон, а имав доста акни и флеки.
Kazete sto Bi mi preporacale liceto vo posledno vreme mn cesto mi se isfrluva mozolki golemi pa gi nema mrsno celo, suvo koza na lice nekako mnogu necisto... Inace imam 35 god
Ако се само флеки, доволно ќе е спф, сами ќе избледат. Можеби и нијацинамид, но немам користено одамна. Тогаш кога ја користев оваа крема за еден месец резултати имав. Содржи нијацинамид.
@Biodevojka здраво, која марка производи би ми ја препорачале за младешка кожа, 22 год? Имам нормална/комбинирана кожа ама што и да ставам се исфрлам. Моментално ги користам пената и тоникот на Балеа со алое вера, само пената ми беше во ред ама откако почнав и со тоникот се нафрлав. Барам нешто нежно, без алкохол: мицеларна, пена и тоник, цена до 1000 ден.
Јас од Биодерма розовиот гел/пена за лице сум презадоволна, баш е нежен. Некаде околу 800-900 денари е, но трае повеќе време.
Здраво девојки, сакам да ве прашам за мислење која крема од Биодерма себиум линијата да ја земам? Имам доста црвени дамки од претхоните акни, а и сега ми излегува по некоја акна, но не како порано. Дали да ја земам sebium hydra или sensitive?
Мене дефинитивно помеѓу Sebium Hydra и Sebium Sensitive,Hydra ми е љубов на прв поглед.Доволно хидрантна,нежна,совршена за наутро и навечер,одлична како база за шминка.