Драга јас ги имам пробано гелот за миење, тоникот, серумот и кремот и одлични се. Од срце ти ја препорачувам. Еве ако акаш повели и рецензија за истите. https://biodevojka.blogspot.com/2021/02/natura-siberica.html Здраво драга јас би ти препорачала нешто кое според мене е добитна комбинација за комбинирана до масна кожа. Земи го гелот за чистење на пори од натура сиберика (околу 400 мкд во ДМ) и тоникот со цинк на Новексперт исто во ДМ околу 500 мкд. Доколку сакаш и крем во тој случај најдобар е оној на Др. Конопка кој кошта само 370 мкд а феноменална декларација и ефект врз кожата. За било што слободно пиши. Поздрав.
Благодарам. Имам уште едно прашање - дали за младешка сензитивна кожа ги препорачувате мицеларната sensibio и розевиот гел на Биодерма или пак мицеларната и пената на Pulpe de vie?
Јас сум поборник на природно и органско така да дефинитивно Pulpe de vie. Особено пената е феноменална, ја користев минатата година. Никогаш во живот не сум ја користела другата линија која ја спомена. Не е во склад за она кое се залагам. Поздрав.
здраво женски моментално сум на роакутан терапија 9ден и лицето ми е хаос почна фазата на избивање на акните,па дали знаете колку трае од прилика?
2,3 недели, индивидуално е. Теоретски е дозволено 1-2 месеци. ,,Purging can last for anything from one or two weeks to one or two months. Breakouts can last a while; there is no time period that indicates when the breakouts will go away. The cell turnover speed is usual. The purging of the skin starts after a few days of using a new product." Ако после првиот месец не почне да се смирува, консултирај се со дераматологот.
Околу месец дена трае тоа, потоа треба да почне да се смирува. И како што ти кажаа, избегнувај алкохол и мрсна храна, пиј многу вода и хидрирај ја кожата.
Уфф не знам искрено...јас и имам побарано рутина,и ми врати и секако дека ми препорача производи од coslovemetics.Но,и на Биодерма.Немам проблем со coslovemetics и корејската козметика лично,сметам дека може да се покаже како доста ефективна,но е поскапичка.Кремите се 1000+ денари,серумите 1300+...за една рутина асална минимум тоа се 50 евра.Јас земав се што ми препорача она со мали измени на производи за кои знам дека нема да ми одговараат.И сега за сега океј ми е.Мислам дека рутините и се океј,ама спонзорирана е.
Од лично искуство никако! Прелошо искомплексирано суштество, за спонорирањето тоа секако јавно е не коментирам. Ама како човек колку што ја запознав ужасна..ми го доуништи лицето и покрај тоа што се од списокот купив за на крај да ми пише дрско да не сум барала рутина ако не сум имала финансии за конкретните производи.А кај мене камо да фатеше само 50евра. Нејсе..однос и професионализам нула, барем од лично мое искуство
Јас моментално ја чекам рутината од магнолија. За чудо ме интересира што продукти ќе ми препорача, дали со слични состојки од тие што ми ги препорача дерматологот или не. Иначе секогаш ама баш секогаш се советувам(в) со дерматолог за тоа што користам за нега зошто имам баш проблематично лице. Сега со короната малце ми се измеша редот, па си се опуштив и на своја рака зедов некои чистачи и креми па лицето ми се влоши. Вакви спонзорирани работи ретко кога можат да помогнат ако се работи за посериозен проблем кој бара третман со ласер или слично. Според мене само магла продава магнолија. Не сум баш компетентна да зборувам ама ако некој се интересира може лесно да ги најде сите оние информации кои ги споделува.. не е кватна физика тоа шо го збори. Барем во денешно време , се ни е на дофат, но сепак не е се за да се стави на секое лице така да мој совет ако сакате рутини и третмани што навистина ќе ви помогнат, обратете се кај добри дерматолози.
Исто, инам негативно искуство со продуктиве што ги препорачува магнолија. Биодерма и белина и праќаат производи за да рекламира а ние ко заморчиња да испробуваме . Час користи производи со природни состојки за да се "сврти" потоа кон производи со традиционални состојки (силикони, н.деривати, пег...) крајот не можеш да и го најдеш
Ова никогаш не бил и нема да биде мој одговор. Демантирам клевета, а наскоро и ќе одговараш. Сакам да кажам иако мислите дека позади nicknames вешто се криете, не секогаш е така. На милион девојки со кои сум стапила во контакт НА НИКОЈА ова не сум и го рекла дури и сум и пратила мои производи ако немало буџет. Како и да е, срам да ти е и се гледаме наскоро. Поздрав, @magnolia.glamour
После користење на кремот со каламин од True Alchemy некои си три недели, дојдов да споделам ефекти. Прво, препорачан ми беше за црвенила, иритации и флеки. Второ, поим немав кога да го вклучам во рутината, ама се снајдов, почнав да го ставам навечер, после серум, на одредени места, не на цело лице. Имав неколку акни периодов од носењето маска, и на нив го ставав кремот. После серумот секако, и тоа една вечер беше над серум со салицилна киселина, следната вечер серум со витамин Ц, наизменично. И одозгора ноќен крем. Забележав дека времетраењето на акните е смалено и не останува црвенило и флека како што знаело порано да има. Освен тоа, почнав да го користам кремот со каламин и на препоните и на нозете, на места каде што имам флеки од поткожни влакна. И функционира, ги избледува. Особено на препоните. Малку е посув поради белата глина што ја содржи, знае да пецка ако е скоро иритирана кожата, ама генерално сум задоволна. Мене ми помага доста. Има практично пакување со шпатула за да не се брца со прсти во кремот, што е голем плус.
Веќе 3-4 дена го користам маслото на true alchemy со AHA/BHA киселини и ми искочија огромни гнојни акни на лицето а исто така и на грбот... Нормално е?