Јас бев на таков третман но тоа беше уште пред пандемијата и бев само два пати после тоа се се затвори и како што не функционираше ништо, така остана - никако. Дерматологот ми кажа дека со 2 пати не се постигнува ништо, дека треба еднаш месечно да одам да го прави третманот. Поради тоа не можам да кажам за ефект но знам дека не беше болно, после тоа лицето ми беше многу црвено (до душа јас имам сензитивно лице така да може кај нормална кожа и да не е толку црвено, не знам) и ми кажа никако да не се изложувам на сонце неколку дена. Во однос на цената мислам дека ме фати секој третман до 800-1000ден но не сум сигурна за точната цена. Си закажав пред некој ден пак термин, за наредна недела па ќе видиме сега што ќе биде.
Можно е да , колку време отприлика трае тој процес? Не знам дали да продолжам да го користам или да го баталам.
Па не знам, можеби десетина дена, две недели, цел месец? Дај му шанса ако се само акните, ама ако имаш иритација, црвенило и печење батали го.
Здраво. Во последно време кожава ми стана склона кон акни,веројатно носењево на маски си го направи своето,па барам некој производ за чистење на кожата. Ме интересира дали некој ги има користено производите на елокси што ги продаваат,корејска козметика е.Поточно се мислам ова да нарачам
purgingot znaci deka pocnuva procesot na cistenje i trae do 40 dena a dokolku trae povele znaci deka ne odgovara na tvojata koza.Poveke informacii za purging moze da procitas na instagram kaj martina_dearskin.
Dali nekoj ima koristeno vitamini preku tableti za pozdrava koza? Mislam na onie cink, omega plus....
Јас постојано пијам витамини, не знам да кажам дали е од нив, имам чисто лице, ама не е само да се пие витамини, мора на исхраната да се внимава, џабе витамини ако внесуваме нездрава храна
Пишав во темата Труднички муабети, ќе пишам и овде за да добијам повеќе мислења. Последниве месец два приметив дека лицето ми е многу чудно... Пред бременоста немав скоро никакви проблеми, кожата ми беше комбинирана, но сум немала сериозен проблем со акни. Сега приметува константни подочници (иако спијам доволно), бледа кожа, акни по лицето кои потоа преминуваат во флеки, кожа без свежина... Плус нешто што дополнително ме загрижи е ситна црвена линија на левата страна над усната која наликува како брчка... Дали може совет што да правам да го освежам лицево? Од skin care користам пена за миење од Натура сиберика на база на бреза, Хијалуронска киселина од Ordinary i крема од Др. Хаушка на база на мелиса, а навечер мачкам со Pixi glow tonic со 5% гликолна киселина за ексфолијација да ми ги снема флекиве ама залудно... Не сум skin care експерт, може не е доволно ниту добро ова што го користам, па молам за совет, навистина ме мачи лицево.... Дали да појдам на третман за лице или ситуацијава може да се среди и со одбрана и добра козметика? Ве молам за совет и мислење.
Не знам пред колку време била бременоста, ама хормоналните промени знаат да си го направат своето. Јас ваквиот проблем би почнала да го третирам прво одвнатре, преку промени во исхраната, зголемен внес на омега-3, како ореви, ленено семе и масло, маслиново масло, можеби плус суплементи како витамин Ц, селен и цинк и што повеќе свежа, жива храна. Козметиката е важна, секако, ама таа повеќе делува на површинскот слој, меѓутоа вистинската потхранетост и тонус на ткивата на кожата во голем дел зависат од исхраната, хормоните и стресот. Може добра идеа е и секојдневна масажа и лимфна дренажа на лицето со масло за лице и ролер или гуаша камен. Се надевам ова некако ќе ти помогне
Здраво девојки имам блага форма на акни на образите, мислев дека си го решив проблемот бидејќи пред 1 месец ми исчезнаа и ги лекував флеките со азелаинска киселина и со арбутин и само што ги средив пак почнаа да излегуваат акни. Дали некој може да ме советува дали да земам Сона крем или Аирол? Бидејќи е лето да не ми направи некој проблем некоја од кремиве? Инаку акни почнаа да ми излегуваат откако си го избричив лицето,еве се нема смирено веќе 5 месеци, пред тоа имав кристално чисто лице. Ве молам некоја ако била во слична ситуација да ми помогне.
Немам користено азелаинска киселина и арбутин, но да не се работи за purging, со оглед дека рече 1 месец?
Лицето го плакнам со глицерински сапун, па масирам со кокосово масло и чистам со мицеларна вода. Го осеќам чисто, но ми излегуваат многу црнки откако почнав да користам кокосово масло и мицеларна вода. Чаре?
Од кокосово масло ти е, ги затвора порите, доколку интензивно продолжиш да го користиш излегуваат ситни гнојни акни. Најмногу за сува кожа одговара, за комбинирана и мрсна никако не е.
Ти благодарам! Престанувам да го користам. А некој сличен чистач што не ги затвора порите да ми предложите? Имам мрсна кожа склона кон акни и црвенило.
На страната на Белина, зелената линија на Натура Сиберика е за акни и проширени пори. Јас моментално користам серум и пилинг од оваа линија и сум презадоволна. Имав ставено и слика какво ми е лицето моментално..
Зошто ти е кокосово масло после чистење со сапун? Од ова немаш никаква придобивка. Ниту па кокосовото масло чисти. Може да растопи шминка ама после миење со сапунот не гледам која е потребата за масло, особено комедогено, кое запушува пори. Контра ефект добиваш. И сапунот јас би го сменила. Користев едно време, мислев дека ако имам мрсна кожа, треба да ја пресушам. Не знам тебе како ти влијае. Рутината би требало да е: мицерална, чистач (гел, пена, сапун), крема за лице. Мицералната доколку имаш шминка. Ако сакаш нешто за акни и црнки, можеш да вметнеш салицилна киселина. Миење лице, салицилна на сува кожа, крема. Најосновна рутина што може да ја имаш е: миење лице со гел/пена (што најмногу одговара), крема и спф. Потоа измеѓу може некој серум да се додаде или салицилната за црнки/акни, доколку сакаш дополнително третирање на некој проблем на лицето. Мој предлог е престани со маслото и задржи се на основната рутина, може кожата и сама да се доведе во нормала. Ако не, секогаш може да вметнеш производ за хемиска ексфолијација кој длабински ќе ти ги чисти порите, како салицилната.
После колку време почна да забележуваш резлутати од линијата на Натура Сиберика? Јас го користам серумот, пилингот и тоникот. Серумот е предобар ама од пилингот и тоникот ме пецка лицето и дури ми се вцрвенува на јаболчниците (престанав да ставам толку високо). Не знам дали не ми одговара или пак оти скоро ги почнав па не ми е навикната кожата на силицијална киселина..
Јас такво пецкање не осетив, ниту стегнатост на кожата дека ми ја прави сува. Јас имам чисто лице, ама овој пат во ПМС се нафрлив на брадата големи акни а претходно во тој период дали една ми излегуваше, некогаш поминував со чисто лице. Поради тоа најмногу го земав серумот и пилинг исто од зелената линија. За 5 дена ми се исчисти лицето а под брада, на врат имав неколку големи болни акни. Моментално не го користам, планирам само десетина дена пред мензис да го користам за да не се нафрлам.