Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Elena777

    Elena777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2019
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Нешто ефикасно за акни што можам да го купам од космо од грција?
     
  2. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.986
    Допаѓања:
    5.327
    Пол:
    Женски
    Epiduo, знам дека го има во Грција, но не знам дали во Космо или само во аптеки. Тоа е како Акнефуг и Сона во едно, односно бензоил пероксид со адапален.
     
    На ludamaja10 и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  3. Malinka1$

    Malinka1$ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Сакав да прашам кој од докторите препишуваат роакутан , кој несакани последици сте ги имале.. и колку долго не смееш да останеш бремена дали нешто влијае врз тоа?
     
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Не знам за другите работи, ама не смееш да забремениш во наредните 3 години после пиењето на Роакутан затоа што се покажало дека се прават деформитети кај бебињата.
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.156
    Допаѓања:
    11.962
    Пол:
    Женски
    За што се тие апчиња, хормонски ли се?
     
  6. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    5.607
    Мора специјалист кожен лекар да ти ги препише. Несакани ефекти најчесто се сува кожа, суви очи. Не смееш 3 год да остануваш бремена по пиењето бидејќи може да дојде до деформитети кај плодот.

    Против сериозен проблем со акни, не се хормонски.
     
    На pdb123 и anggell им се допаѓа ова.
  7. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Соната со што не смеам да ја комбинирам? Користам: нијацинамид,хијалуронска,ретинал,азелаична и по потреба салицилна.
     
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.156
    Допаѓања:
    11.962
    Пол:
    Женски
    Салицилна во вид на серум ли користите? Беше за црнки? И каква?
     
  9. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Не е толку дека не смееш, колку што можеш да претераш со активни состојки. Нијацинамид и хијалуронска киселина се океј, додека останатите 3 не е пожелно да ги користиш истовремено со неа. Ретиналот е исто ретиноид (како што е и Соната) и само би ставала дупла доза на (различни) ретиноиди, а останатите две киселини поради комбинирањето на ретиноид + ексфолијант може да ти ја изиритираат кожата (затоа што двете се помоќни, не дека си штетат меѓусебно), иако нели тоа е индивидуално.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Фала. Кожниот ми рече да земам ама не прашав со што смеам,а со што не да ја комбинирам. Генерално ми е зa spot третирање. Малку ми е страв со толку активни состојки.
     
  11. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Работата е што ако имаш посериозни акни, spot treatments не се баш препорачливи, затоа што не постигнуваш да ги „излечиш" акните - ако не таму, ќе ти се појават на друго место и затоа генерално се користат лековите на целото лице или евентуално цел регион од лицето каде што ти се јавуваат (пр. образите). Ова особено важи за ретиноидите. Мислам дека spot treatments се покорисни за луѓе што повремено имаат некое мозолче, како и секој човек. Евентуално луѓето што користат benzoyl peroxide и не се пренафрлани го користат како spot treatment за да не им се пресушува цело лице.

    Ама ако сте се договориле така со дерматологот, игнорирај што ти пишувам :D.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.503
    Пол:
    Женски
    Не знам дали дерматологот така ти кажал, но не верувам дека ќе има ефект од Соната како spot treatment, не и е тоа намената на кремата. Треба цела област да се третира, за резултат.

    Според мене, многу различни производи користиш, и тоа не е најдобро некогаш, поголеми се шансите за иритација. Што и да користиш, дај му шанса, 2, 3ри месеци, ако нема ефект, тогаш промена со некоја друга алтернатива.
    Од мое искуство сосема е доволно еден производ за cell turnover.
     
    На ludamaja10 и pdb123 им се допаѓа ова.
  13. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Се проверивме. Нема потреба од апчиња. На одредени периоди се исфрлам многу. Затоа и ми рече да земам сона и затоа и прашав со што можам да го користам.
     
  14. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Така ми кажа, секако не би го измислила тоа :). Долг период ја користам рутинава. Генерално немам проблеми со акни, но има периоди кога лицето ми е преисфрлено,затоа и посетив дерматолог.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Какви апчиња? Зборував за Сона, Соната официјално се смета како лек (за кожни болести), не мислев на Роакутан :). Во секој случај, како што и реков, како си се договорила со дерматологот, така прави :D.
     
  16. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Знам, затоа реков друг лек не ми даде. Мислев на лек, не на апче.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.503
    Пол:
    Женски
    Далеку од тоа дека мислев измислуваш нешто. :)
    За кој дерматолог се работи ако не е тајна?
     
  18. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Ќе ти пишам лп.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Женски
    Не знам што се случува со лицево ама доаѓа лето и мене ми се чисти комплетно. Дали јас сум во заблуда или има некоја причина? Претпоставувам дека е ради сонцето ама го избегнувам максимално и со СПФ а и не излегувам кога е претопло.
     
  20. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.503
    Пол:
    Женски
    Може не ти одговара суво, ладно време, ти ја дехидрира кожата, а може е и коинциденција. :D Макар што и јас ја осеќам овој период понормална кожата, преку зима повеќе нега и внимание бара.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.