Мене салицилната киселина(серум) многу ми помага, а вака од други шо ми кажувале - акнефуг(бензоил пероксид).
Здраво девојки денес бев кај Старова, ми препиша сона , акнефуг и уште една крема што ја прават, на почеток ми рече секој втор ден да користам, на пример еден ден ставам еден ден одмарам , но не ми кажа колку време така... Дали околу две недели по мое дури се навикни кожата.. ако има некој искуство да ми каже?
2 недели, мене така ми кажа, истата терапија ја имав претпоставувам. Можеш и цел месец, полесно кожата да се навикне, потоа ќе зголемиш секој ден.
Има ли помош за мојов проблем. Имам ужасно мрсна и одвратна кожа. Акни немам, али затоа црнки у т зоната еден куп, проширени пори , дупчиња по лицето , нерамномерен тен и кожа без сјај. Срам ми е да шетам без пудра ужас ми е од црнки и мрсно лицево. Сега од кога се стопли времево па не можам да се поднесам, се топам у фацата. Имам серуми на ревокс ниацинамид , салицилна , гелот на true alchemy , пена на афродита али не можам никако да ги држам под контрола овие гнасни црнки и пориве. Дури се осеќам искомплексирана. Ефект некој не гледам а истипт проблем и со грбот го имам.
Зелената линија на Натура Сиберика е добра, гел, тоник и серум. Јас го имам гелот и серумот, немам акни, во ПМС ми излегуваа, откако ги користам ниту во ПМС немам. Порите може минимално да се намалат не целосно. Сега поради топлото уште повеќе се полнат со нечистотии. Прави пилинг два, три пати неделно и користи гел крема за мрсна кожа, гледам ја фалат на Натура Сиберика.
Јас иако сум со мрсна кожа, ниацинамидот ми правеше спротивен ефект, акни и премрсна кожа. Не го користи некое време. И јас да потврдам , гелот , тоникот од зелената линија на Натура сиберика се одлични , кремата ја користам исто само биди по упорна со рутината. Порите за жал со ништо не можат да се намалат или да исчезнат. Многу креми, серуми, бази за шминка го ветуваат тоа , ама не
Ви благодарам девојки. А маските-пилинзите на Неутрогена добри ли се? Нешо за црнки најмногу ми треба. Може ли да ставиш слика од гелот мила.
Јас немам којзнае какво позитивно искуство со Neutrogena ама стојам на тоа дека дур не пробаш не можеш да знаеш. Секоја кожа е различна
Frezyderm гел за миење лице почнав да користам од денес. Јас сум позитивно изненаден од резултатот после првото миење. Секако, за долгорочно - ќе почекам некое време. Но, чувствувам дека е супер.
Го има ли и посебно како гел или ова е гел пилинг, на страната само тој го гледам и јас тој го имам гел пилинг, не видов дека има и само гел за лице од оваа линија.
Има и гел обичен јас го користев , со сигурност , еве го https://www.bellina.mk/p/992/natura...a-sklona-kon-akni-145-ml?category=recommended
Мислам дека само козметичар може да ти помогне со хигиенски третман, убаво да ти го исчисти лицето, па после да користиш некој тоник со салицилна или понизок процент комбинирани киселини за да ги одржуваш порите чисти. Мора прво кај козметичар.