Мислам дека некој на форумов имаше пишано дека ги користи овие производи, па ме интересира дали се ефикасни и цена по можност да ми кажете.
Мила моја го имав истиот проблем, и имав пишано дека пиев ДЕРМАБИОН таблети .... И мене лицето на двата образи кај вратот ми беше акна врз акна, ги пиев тиа таблети и ми поминаа, потоа пак ми се појавија мали ситни акни и пак ги купив таблетите, ги има во зегин и не се скапи 125 денари. А сега на нет читав дека алоето е многу добро за организмот, за акни , за разни болести, и за лузни исто така, ке си купиш гел од алое вера, а можеш и во храна да го користиш, у аптека ке ти кажат се. Јас лично сега пробав со алоето ама дома си имам садено, секов еден лист и со сокот од листот си ги намачкав дланките за да ја видам реакцијата, и откако се исуши раците ми се многу меки, пробај и ти моеби ке ти помогне . Можеби имаш некој недостаток на витамини, и затоа така ти се прави кожата. Поздрав
не прочитав дека си користела Хлораамфеникол лосион јас би ти го препорачала единствено нешто кое ми го одржава лицето стакло чисто(да не се урочам) мн.ретко да ми се направи мозолче едно две преку сила и сум презадоволан од лосионот не го користам често правам паузи со лосионот Clean & Clear тој што е светло плава боја мн.убаво го чисти лицето го обожавам потоа си ставам хидратен крем
Миме јас ја користев таа колекција од Авон и воопшто не сум задоволна. тебе можеби ти одговара на кожата бидејчи немаш што да лечиш, и самата велиш дека ретко имаш акни, а овде се работи за нешто друго , поздрав
здраво женски јас сум нова на форумотЧ) сакам да прашам за колекцијата на еуцерин за акни дали е ефикасна доколку некој ја има користено?јас го зедов пилингот но сеуште не сум го употребувала незнам после вртивањето од 1-2 минути колку време се остава да стои на лицето а потоа да се мие со млака вода ако знае некој нека ми помогне Ч)
Баш со хлорамфениколот-лосион го презаситив лицето, и докторката ми даваше хлорамфеникол маст и упорно и тврдев дека не го поднесувам и од маста само ми се нафрлаше и не жежеше, гореше. Единствено кога знаев да избијам од алергија (во октомври месец) се мачкав со Белоген-котико и ми помагаше. Следно што ќе направам е хормонско испитување... Не сакам но можеби ќе треба да пијам од Диане 35 И BTW да поразговарам со чичкото Саше. Дечки а имате ли некаква информација за Др. Дохчев, што се случи со човекот? Прекрасен беше и ѕа мојата кожа најдобар. Поздрав.
Garnier Pure за пилинг не ми помогна многу... пак си имам стандарт црнки на еден дел од носот и кај вилицата Зедов еден крем што го прават во лабараторија Antipirin и од него нема некои резултати.. можеби не ми одговара на лицето... а пак на една другарка стакло и се направи. Нивеа велите м?
Мене пределот околу брадата ми е многуу лош...многу црнки и бубуличиња користам дермогал лосион за лице ама не го користам редовно, порано редовно кога го користев супер ми беше.
Здраво девојки..ја имам правено маската со солта(http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 0%BD%D0%B8) сакав да ве прашам ако ја имате правено и вие на колку дена ја правите? поздрав.
Едноставно не мисли на ова. Едно време престанав цело време да мислам на лицево(митисери) и ми поминаа. Сега имам делумно чисто лице. За разлика од порано, лицето ми е сон. Стресот влијае кон појава на митисери. Исто така, си створив навика секој ден пред легнување(не мора баш пред легнување, уствари кога сакате, кога сте слободни во текот на денот) да си го поминувам лицето со коцка мраз. Малце боли од ладното, но трпи бабо за лепота. Има резултати. Мразот го намалува црвенилото и ги затвора порите. Еднаш неделно(или кога ќе почувствувам потреба) го мачкам лицето со паста за заби на некои места каде што имам митисери. Ги ублажува. Чистење на шминката од кога ќе си дојдете дома е задолжително. Измијте си го лицето со тоник по чистењето и легнете си така. Ете, од ова сум задоволна во последно време.
и јас имам забелезано дека кога не се замарам со лицето има подобри ефекти а и со коцката мраз има ефект врз црвенилото веднаш го смирува
Лицето најубаво природно се чисти со постење, но кога ќе се вратите на мрсна храна има шанси пак да се врати старата состојба за жал...поздрав.
http://www.garnier.co.uk/img/our_products/prd_skincare/ACTIVE_SKIN/P10021_pack.jpg јас го користам овај .. и е околу 350 денари .. за ефектот ич не е скап