Прво ти треба добар гел, на почетокот јас го користев на Биодерма плавиот себиум,почнав некаде мај мислам беше. Мај овде е топол и така лицето ми стануваше мрсно. Ја купив и кремата на биодерма хидра био. Потоа прво почнав со ниацинамид плус хујалуронска киселина секој ден наутро и навечер, наутро по серумите ја користев Хидрабио кремата плус крема со спф ќе ставев,а навечер на Ординери Moisturizing + HA. После три-четири месеци кога бев во Македонија ја купив салицилната киселина купив две шишенца,а искористив само едно. Ја вметнав во вечерната рутина заедно со хујалуронската киселина. Ефект имаше огромен после месец и пол ми се исчисти лицево. Мало гелче од 250мл на Биодерма ги потрошив по една година. Многу малку ставав и можеби затоа ми одговараше. За вадење на шминка отпосле купив масло од камилица од The body shop. После една година ја сменив рутината само во гел и креми, земав гел на True Alchemy proteins, креми на Натура Сиберика дневна и ноќна, останав на серумите и наместо салицилна едно време користев на натура сиберика серум за лице па потоа земав Ретинол од 0,02% кој тешко се упиваше во моето лице ама џам ми го направи. Ми се изедначи тенов, брчки и онака немав ама баш убаво ми беше лицето. Годинава е некако потопло времето па не ми одговараше нијацинамидот преку ден сменив со Витамин Ц и крема за лице,а за навечер тоник,спреј за лице и крема. Тоникот го користам од зелената линија на Береза Сиберика кој содржи ниацинамид,а спрејот е за акни на Novexpert. Во принцип ова е тоа, но јас еднаш неделно го користев црвениот пилинг на Ординери по 5 минути на чисто лице. За време на викенди ставам маски за лице(црна маска) и користам кофеински серум на True Alchemy за темни кругови,ставам и креми за околу очи на Pulpe de Vie. Јас речиси не се шминкам многу во последно време,а искачам надвор без шминка. Треба да знаеш да створиш рутина која ти одговара,а потоа да ја користиш долго време. Не можеш за еден месец да очекуваш резултати.
Ќе ве означам вас @Biodevojka @koritsaki , Дали може да ми предложите некој нежен гел, пена за секојдневно миење, чистење на лице. Моментално го користам гелот од алверде (аква- со морски алги), прикрај ми е па сакам да сменам нешто друго понежно. Имам нормална кон комбинирана кожа, не користам шминка или друга козметика освен кремот за лице што го имам од истата линија на алверде и сега по жешково надвор спф. Да биде за младешка кожа, да не затега и пече. Исто така, доколку не е проблем да ми предложите некоја маска за црнки, имам често на брадата и околу носот. Ви благодарам,
@LittleChili и јас тој гел често го купувам , многу е убав исто така друг што многу ми се допаѓа е овој на Natura siberica , за комбинирана и масна кожа е , не затега , нежен е ептен. За маска , нека предложи и Биодевојка , јас дека немам црнки не знам која би била најидеална за тебе, моментално ја користам од Конопка со рузмарин , исто одговара за комбинирана кожа и супер е за овој период има некој ладен ефект бидејќи содржи ментол.
Многу ми се поти лицето и ми се мрси кожата па поради тоа имам мозолчиња. Кажете ми со што да го чистам?
Зелениот тоник на Береза Сиберика, Гел за миење лице од истата линија, и крема за лице исто. За мозолчињата спреј со цинк од Novexpert
Истото ми се случи само кај мене Истото ми се случи пред две години само не до овој степен од чисто лице и од тогаш мака мачам а што се не сум пробала, се смирува во зимскиот период но еве дојде лето и пак истата приказна. Кога ми се смири користев акнефуг и сона и најверојатно пак ќе почнам со нив
Јас проблемот со повремени акни го решив со крем на база на слуз од полжав, бугарска фирма го произведува.
А дерматолог не ви текнало да посетите? Од искуство, ако имунитетот на кожата и нејзината бариера се пореметени, тешко дека и најскапата крема ќе помогне. Третмани за чистење и лекување во медицински услови може многу да помогнат.
Во мојот случај ни дерматолог не ми помогна , како што пишав што не сум пробала од дерматолог до антибиотици до креми до третмани
На сајтот на Белина имаш опција за рутина со @Biodevojka која сум сигурна дека ќе ти помогне. Значи проблемот на повеќето од вас е што сте скептични ако после две недели немате резултати, што не мора да значи секое лице е индивидуално само по себе и му треба повеќе време. Важно е редовно да ги употребувате продуктите и правилно да ги нанесувате, без да правите отстапки.
Правеше испитувања, беше на преглед и одеше на третмани и ништо? Ендокринолог евентуално? Мора да постои некое жариште, мораш да ја најдеш причината за состојбата. И имај предвид дека е потребно извесно време пред подобрување.
Драга ти ќе ми бидеш следен предизвик. Слободно пиши ми приватна порака со слика и објасни ми убаво што си користела и кој е проблемот. Ќе се обидам максимално да ти помогнам. Поздрав
Девојки, роднина утре ќе иде до бугарија, па да прашам да не знае некоја феминка дали таму може да се најде крема без рецепт со третиноин. Евентуално тука пак да имаме аирол.
Во принцип кај нив е малку построго може да праша онлајн некоја аптека ако може кремот без рецепт да се купи