Прочачкај по форумов, се пишуваше, за составот не знам, не верувам дека некој што прави домашни креми и масти, става декларација. Човекот е билкар колку што знам.
Тоа ме интересираше. Пробував и јас порано такви креми, полошо си направив. Голема внимателност треба и информираност што се купува и користи.
Верувам дека кажува што става во кремите, претпоставувам дека користи екстракти и некаков конзерванс, сите домашни креми се прават на сличен принцип. Моќта на билките е голема, ама не постои 100% успех, како ни во дерматологијата.
Човеков си е коректен, реално си кажува што е како е дека не може ништо да гарантира има многу на кој што им помогнала кремата но имало и такви на кој што не им помогнала твое е да одлучиш дали ќе ја земеш или не. Повеќе од пола саат објаснуваше како се употребува што трееба а што не треба да се прави. Нема хемикалии и конзерванси затоа треба да се чува во фрижидер, рече ако се стопи еднаш два пати и стои подолго време така фрли ја џабе ќе се мачкаш.
Не сум упатена, ама некој конзерванс за воопшто да трае, мислм дека мора да има, макар салицилна киселина. Може и грешам. Битно да помогне.
Сепак, друго е терапија од доктор и терапија од билкар. Кремата што јас ја купив исто од таков човек, беше подготвена со најгустата бебешка крема и уште нешто во неа. Поголемо влошување во живот не сум имала на акните. Секако, но ризикот може голем да е. 6 месеци се лечев после тоа, последици големи имав. Така да претпазливост, го кажувам ова од искуство, не се става се на лице, особено не бебешка крема како во мојот случај.
Бебешка крема и крема направена од билки не е исто. Џабе збориме, кај некој ќе помогне, кај некој не. Како и сите лекови.
Осововата беше бебешка крема плус билки. Поентата ми е, сѐ се нуди, треба претпазливост. Како и да е, се надевам ќе ви помогне и ќе се покаже корисна кремата.
Слободно контактирајте ме. Јас се извинувам деновиве малку помалку бев присутна затоа што сум на одмор ама еве од вечерва сум повторно оперативна.
Здраво женски, дали некој има искуство со кремите Bioderma Sebium Global i Bioderma Sebium Sensitive i мицеларната Bioderma Sebium H20, бев денес во една аптека ми ја гледаа кожата на еден апарат и докторката ми ги препорача овие производи. Ми кажа дека лицето ми е дехидрирано и дека имам бактериска инфекција на пределот кај брадата и jawline.
Каков е тој апарат со кој ти кажуваат дали имаш бактерија, јас мислам тоа се прави само на микробиологија, со анализа од примерок? Биодерма се производи кои апсолутно сите ги шиткаат, од фрижидер ми искачаат. Мицеларната ја користев едно време, можеби 2-3 месеци, искрено не ми помогна воопшто за смирување на црвенилото како што ја рекламираат, чисти исто како и сите други кои сум ги пробала. Мицеларната вода секако не се користи за нега, можеби можеш и поефтини да најдеш и со подобар состав. Искрено верувам дека имаат одлилен тим за продажба и добра реклама и дека не се ништо подобри од другите производи од нивниот ранг. Но мораш да испробш сама, може тебе ќе ти одговара.
За Sebium Global имам веќе пишано може во други теми мислење, ја користам веќе со месеци и пак би ја купила, имав акни на брадата и челото и најмногу ми помогна оваа крема. Резултати почнав после 2-3 недели да гледам, но не е многу хидратантна, јас имам комбинирана кожа, образите пак ми остануваа суви требаше дополнително да хидрирам,тоа едино не ми се свиѓаше. Што се однесува до мицеларната не ми беше ништо посебно, overhyped.