Во ред. Штом имаш мрсна кожа, ти треба добар клинсер, односно гел за миење лице. Препорака: True Alchemy proteins се миеш наутро и навечер. Потоа тоник за лице: Береза Сиберика зелената линија одличен за акни. И на крајот крема за лице: Натура Сиберика Софора Јапоника дневната и ноќната. Ако сакаш можеш преку ден да користиш витамин ц плус крема со спф. Иако,повеќето почнуваат со серуми, ти можеш да почнеш со гел и тоник па понатака да се надоградуваш како ќе ти одговара на лицето.
Пишувај ни тука како ќе ти делуваат продуктите,какви промени имаш…ќе се обидеме да ти помогнеме. Намали го стресот не чини,најдобронамерно.
Ми препишаа јасмин контрацептивни таблети за пцос и акни Искуства со нив за овие проблеми? После колку време завршува терапијата и има подобрување?
Kazuvajte care za mozolcinja na bradata.Edna godina veke a moze i poveke postojano izleguvat, pa polni so belo a uzasno bolat.Prethodno gi imav pred ciklus Sega postojano, mali golemi nekoi i gi stiskam da izleze, ama dzabe pak se pojavuvaat
Дали имаш проверено хормони? Најчесто во тој дел се појавуваат како резултат на дисбаланс во хормоните и стрес.
Еве јас може ќе ти помогнам.Мене ми препишаа Крицеа за пцос и за акни,а Крицеата е слична на Јасмин и Јаз.Втора кутија веќе пијам и можам да ти кажам дека при крај на првото испиено пакување веќе почнав да забележувам подобрување на состојбата со моите акни.Не дека кај мене беше нешто поозбилна ситуацијата,ама тие акни нон стоп што ми се јавуваа на истите места веќе не ми се појавуваат.Само да ти кажам негде накај почетокот од втората недела,кога почнав да приметувам несакани ефекти(крварење,умор,сувост на кожа,нагон за повраќање),приметив моментално исфрлање на кожата со акни кои буквално преку ноќ никнаа.Но,по една недела се смири ситуацијата и сега се е во ред.Нормално е да се исфрлиш на почеток пред да ае подобри ситуацијата.Со тек на време уште ќе се подобрува ситуацијата верувам.Совет од мене,бидејќи контрацептивните таблети го намалуваат нивото на тестостерон и со тоа не се произведува себум можеш да осетиш сувост на кожата,па користи добра хидрантна крема и наутро и навечер.Мене многу ми помага Bioderma Sebium Hydra, а навечер некогаш и ставам плус хидратација со некоја маска за спиење.Исто така би ти помогнале суплементи како пробиотик,омега 3,цинк,магнезиум,селен,Б6
Девојки дали некоја има искуство со хормонални акни? Сакам да си ги испитам хормоните бидејќи веќе шест месеци нема никакво подобрување на акните а користев добри производи,па претпоставувам дека може е нешто хормонално. Исто така дали треба да одам прво на гинеколог па таму да ми кажат кои хормони треба да ги испитам или можам директно во лабораторија да кажам дека ми треба испитување на хормони?
Ако хормоните се во ред, можно е од стрес или нарушување во дигестивниот систем. Практикувај повеќе вода, овошје и зеленчук, правилно чистење и хидратација на лицето.
За акните кај брадата би ти препорачала Леа лосионот само локално на акните. Инаку каква кожа имаш и што користиш за нега на лицето?
Во последно време актуелна по интернет е кремата од bioshopvita, според нивната декларација во составот има само природни состојки, витамини, полен, пчелин восок и слично. Другарка ми има проблем со акни и само таа крема и помогна и брзо имаше ефекти. Сега прочита коментари дека можно е да содржи жива. Има некој искуство со кремава? И сестра ми има проблематично лице, не знам дали да и ја нарачам.
Јас ја користев воопшто не ми помогна , има некој избелувачки ефект се додека не го измиеш лицето и погледнеш хаос , тоа е мое искуство со кремата , можеби некој е задоволен незнам .. Да ќе заборавев да кажам дека единствено што ми помогна е доколку имаш зрела акна побрзо го вади гнојот единствено тоа друго ништо..
На другарка ми и помогна, лицето и е далеку подобро, но ме плаши тие ефекти да не се благодарение на живата доколку ја има. Затоа се двоумам со случајот со сестра ми, проба разни козметики не помогна, уште тоа остана непробано.