Здраво последните неколку месеца пред циклус ми излегуваат многу бубулици и тоа околу устата,еднаш имав и оток на устата.Некој совет?
И јас го користам овој серум ама не сум имала ваков проблем. Штом поткожните акни излегуваат на површина може да биде фаза на чистење. Јас би ти рекла да продолжиш со користење уште еден месец и ако не се подобри состојбата тогаш најверојатно не ти одговара. Да си провериш хормони, а за отокот може да биде од некоја алергија.
Користам гел за миење на лицето за осетлива кожа, ниацинамид и крема за осетлива кожа. Ми се исфрла во пмс најчесто на брадата, понекогаш и околу челото и сакам да користам нешто во тие периоди што би ми помогнало.
La roche posay - effaclar Bioderma sebium плавиот гел True Alchemy proteins Не. За хормонални акни лично ми нема помогнато, ниацинамидот и салицилнат да.
Нее, обично се помали и не се болни на допир, ама бидејќи ми сметаат кога ги има сакам да ставам нешто што ќе помогне да се тргаат побргу.
Пробај со apad секој втор ден навечер .Почни неколку дена пред циклус и само на делот каде ти излегуваат.После него можеш хидрантна.Ако немаш иритации можеш и секој ден во периодот околу циклус.
Хормонски акни на брадата ги решив со маската на Холика Холика од краставица. Многу е добра и многу ми се допаѓа, плус го освежува лицето дава убаво чувство на свежина. Немам слика моментално,но пиши на гугл holika holika cucumber mask и ќе ти искочи.
Женски, додека сте користеле сона ви се случило пак по некоја акна да ви искочи? Дали самиот гел ги вади на површина или?