Аха, епа не знам што да ти кажам тогаш. Штом и општиот лекар и дерматологот се сложиле да пиеш, тогаш пробај. Па, ако видиш дека нешто не е во ред (несакани ефекти, еве како што спомена со желудник, или некоја друга чудна појава после земањето терапија), тогаш веднаш ќе го известиш дерматологот, а ако треба и матичниот лекар. Ти посакувам со лесно да врвиш, и ништо од гореспоменатото да не дај Боже да се случи
Драга јас не би користела нијацинамид и салицилна заедно. Принципот на дејство е различен и ја буниш кожата. Јас ти совдтувам веднаш да ја исфрлиш салицилната. Да стигнам на работа па ќе ти пишам рутина која сметам дека ќе ти помогне без да ја оштети кожата.
Еве ме. Јас не можам да ја видам сликата што си јанприкачила од телефон сум моментално приклучена па ако сакаш слободно испрати ми слики во пеиватна порака. Е сега штп се однесува до ББ со СПФ јас сум на мислење дека СПФ се користи само кога директно се изложуваме на сонце. Во деновите како денес на пример не само што нема потфеба туку и не е убаво на лице да се нанесуваат филтри лога6 ефективно нема потдба со оглед на тоа што ја ослабнуваме природната заштита на кожата. Доколку користиш СПФ би ти препорачала тоа да биде на база на физички филтри на пример кремот ЦЦма Мадара е одличен за таа намена. Е сега доколку ми дадеш буџет до кој може да ти прњпорачам производи ќе ти направам комплетна рутина со вежби за масажа и стимулација на точките на лицето во случај на акни. Само да знам до која цена мпже да се движам за козметиката.
Имам јако пецкање на лицето,поточно на местата каде ставам сона и клиндамицин Мислам дека од соната не е,кога ставам од гелот клиндамицин чуствувам пецкање но тоа е секунда и потоа го снемува Но и така преку ден чуствувам пецкање и како затегната кожата Незнам дали да ставам само еднаш дневно од клиндамицимот не двапати како што ми беше кажано И кожата почнува да ми се суши со само 5 дена користење,па сакав да прашам како го користите хидратантниот крем навечер преку ден или како и дали врз гелот и врз соната можам да ставам
Користи си хидратантна најобично, последна во рутината или пред Сона. Ако имаш пауза помеѓу гелот и Соната, нанеси хидратантна после гелот (прво добро да се впие гелот) па после Сона. Да не се пресуши лицето после гелот. Ако нанесуваш веднаш Сона после гелот, скроз на крај нанеси хидратантна, прво секако да се впие Соната. Воглавно, хидратантната не влијае на Соната и пред неа и после неа, повторно ќе имаш резултат. Леа ли е гелот? И мене не ми се допаѓаше, лосионот јас го користев, најверојатно многу алкохол содржи. Ама по некое време се навикна кожата.
@IM.TMKQ да леа е гелот Иначе навечер миење со акнефуг потоа сона крема и после пола час од гелот само на акните Така ми е кажано,па дали на крај после гелот можам да ставам крема Иначе ми ја препиша биодерма себиум сензитив ако чуствувам сушење на кожата Сега ке одам ке ја земам неа па ке видиме Ти благодарам многу на одговорите
После гелот на крај, нека се исуши па слободно хидратантна. Мора хидратација, многу производи се користат а сите ја сушат кожата. Исто и наутро, не го оставај лицето пресушено. Нема на што
@IM.TMKQ е фала ти многу ја земав кремата на биодерма сега ставив па вечер пак И од утре наутро и навечер ке ставам
Фала ти најмногу! Да се вратам од работа и ќе ти испратам слики. Не ми е проблем буџетот, според состојбата колку што може да се долови од сликите одреди што мислиш дека најмногу би имало ефект
Здраво, Дали имаш пиено Фемисан капки? Дали ти помогнаа и после колку време виде резултат. Како ги дозираше и дали имаше некој нус појави? Фала ;*
Јас ги пиев капките. Испив 5шишенца и немав нус појави. Дозата ми ја одредија според проблемот. Пиев пред јадење по 10 па 15 до 30капки една недела пауза и пак.
И јас пиев антибиотици доксицилин и спиролактоне исто така после два месеци и нешто ги прекинав неможев повеќе буквално од спиролактон цел циклус ми се поремети добив два пати месечно, ми трае повеќе од вообичаеното , добив вагинална иритација од доксицилинот главоболки.. моментално сум само на локална терапија
Јас го користам гел-кремот на Береза Сиберика и многу сум задоволна, цената е 520 ден. Ако бараш поефтина варијанта од неа, тогаш зелената крема на Конопка која е 370 ден. Овие две се наменети за мрсна кожа.
Јас ја користам есенцијава.Мене премногу ми се допаѓа,и убаво ми стои на лицето.Мене ми помогна во смирување на акни и во смирување на црвенила направени од минати акни.Кога ја нанесуваш баш убаво хидрира и дава plump ефект.Ако си во можност пробај ја
Да може да пробаш. И јас имам комбинирана кожа, ама сепак оваа крема од Береза Сиберика баш ми се погоди.