Да, задоволна сум. Две паковања потрошив но не ја користам веќе за да пробувам и други креми ама ми го смируваше лицето и убаво ми пријаше. Ја користев навечер зошто лицето свети ама така убаво ја впива кожата наутро кога ќе се разбудиш лицето е меко и нема воопшто трага како од други помрсни креми.
Девојки дали знаете некој дерматолог или ординација каде што се испитува за каков вид на акни станува збор , да се земе брис или нешто слично , значи неможам веќе вака све пробав од третмани до креми до све , секој кај што ќе отидам не ни пробува да го открие проблемот него само ќе препише некоја крема гел и тоа е тоа , а лицево све полошо и полошо, имамм различни видови на акни или состојби на лицево али све у свему катастрофа, на моменти како да е почисто и како да му прија некоја крема наредниот ден цела сум исфрлана и така во круг без крај, ќе полудам.
Препорачајте ми козметика за комбинирана кожа со нерамен тен, хиперпигментација... што смеам да ја користам додека дојам. Цената не ми е битна.
Линијата на Natura siberica c-berrica , лајт кремата можеш да ја земеш , имаат и крем за околу очи или можеш оваа на Конопка да ја земеш Можеш серум со витамин Ц да користиш плус. Само избегни го серумот од линијава на c-berrica зошто содржи ретинол. И обавезно секојдневно да воведеш крема со спф 30 или 50 , доколку не користиш
Имаш лосиони на Сенсилс со хлоранфеникол или со клиндамицин и на Леа со клиндамицин. Од леа лосионот бев задоволна исто и од гелот што се става само на акните После колку време видовте ефект од соната?
Другарка моја имапе мн чисто лице. Од промена на клими бидеќи патуваше и се направи лицето да не може човек да ја препознае. Почна да се мачи премногу ,кај не беше ,акна до акна флека до флека . Еден куп пари изнанаде се беше џабе. Отиде во странство на дерматолог и и препиша апчиња на база на ретинол , баш ќе ја прашам и ќе ги напишам тука апчињата. Сега лицето и е кристал, како на бебе. Нема ни една акна. Пре пре убаво и е. Само да напоменам овие апчиња се пијат строго по упаство од дерматолог. Има период на адаптација во кој може да ви се појави егзема , да ви се надофрла лицето со акни и т.н Но после тоа се се чисти . Едит: ова е името на апчињата : roaccutane. Прашај го твојот дерматолог, кажи дека познаваш личност што лицето го направи стакло.
Штом е се во ред со хормоните нема потреба да пиеш. Црвените лузни од акните се решаваат со третман со ласер. Појди кај некој добар дерматолог ќе те среди со соодветни третмани.
@koritsaki тенкс ќе ги побарам сега на белина страната а најверојатно и ќе ги нарачам. Сум читала дека за превенција и негувана кожа серумот на есте лаудер најт репеар е најдобар и ефикасен. Дали е вистина? Го имате ли користено? Ако да, од каде го набавувате и каде е поевтин пр. Низ европа. Гледам кај нас од 100мл е 10 000 денари а во странство 100 и нешто евра
Женски кажувајте чаре за лицево.Имам мрсна Т-зона, пудра немам ставено со месеци нигде на челото, од тоа е исчистено.Али изгледа дека почнав летово junk food да јадам повеќе од претходно, плус од топло што беше па потење блабла И сега челово ми е хаос, надоле сум сегде океј, немам ништо а овде не проаѓа. Сега за сега не користам ништо освен Евелин 3во1 кремата што е. Што да земам?Нешто што ем ќе ја исчисти кожата ем помалку да се мрси. Спојлер: Фото
Сега го видов составот на кремот од Евелин и гледам дека има кокосово масло и alcohol denat кои сигурно ти предизвикуваат вакви fungal acne, а особено маслото е најголем виновник така да обавезно кремот да го прекиниш со употреба. Масната кожа треба правилно чистење и хидратација, инаку уште повеќе ќе продолжи да биде масна и да лачи себум. Јас ти го препорачувам мицеларниот гел на Оливал со масло од смил за чистење, зелениот тоник на Береза Сиберика и гел-кремот од истата линија како хидратантен крем на крај. За исхраната обиди се да ја намалиш брзата храна и благото на минимум, поголем фокус на овошје и зеленчук и многу течности.
Ги почна ли апчињата? И јас сум во иста ситуација диане ми препишаа само заради лицето и не знам дали да ги пијам
Нема проблем јас го имам користено, сега до скоро го користев, колку помага за превенција од стареење не можам да кажам се уште , а скап е особено во Мк, кај нас во Грција има често 50% на Естее производите па така го купувам, 50 евра го земав од 30мл. Има некои состојки анти ејџ но мислам дека серуми со истите состојки можат да се најдат и за поевтини пари. За стареењето важна улога има и генетиката, здравиот живот , решив да воведам и ретинол, пред некој ден купив серум од The ordinary. Треба внимавање со ретинолот особено ако си почетник. Доилки и трудници никако не смеат да користат ретинол. За превенција од брчки важна е и хидратацијата на кожата , вметнав хијалуронска за преку ден и вечер пред кремите еден ден моментално во неделата користам од ретинолот (само навечер). Хијалуронска киселина можеш исто да вметнеш.
Мислам повеќе не ги увезуваат кај нас. И се многу јаки таблети. Детални контроли треба додека се пијат и следење на организмот, крвта итн. Прилично голема листа на side effects имаат.