Tretinoin е таа мислам. Не знам дали ја има кај нас. Знам дека ја имаше ама дали уште ја носат не сум сигурна. Малку поефикасна но и појака од Соната (која е Adapalene) и ја има кај нас. И двете се ретиноиди.
Ги има во ДМ овие?Дека ми е најблиску тоа.И колку се отприлика ако може да ми кажеш? Другиве да препорачавте нешто?Тоа зелената глина помага ли?Аспирини нешто? Значи ужас е ова, ужас. Иначе Реина Хитана, https://www.google.com/search?q=eve...E&biw=1366&bih=657&dpr=1#imgrc=wfFTpuHQUcQjQM чудово скоро 2 години го користам, и многу помагаше.Кога почнав да го користам бев бетер од ова што сум сега.И сеа највеќе мислам дека ради исхраната сум крш. Ама ајде ќе го сменам, ќе пробам, може и до него да е. Дав сапуните помагаат ли?
Ги увезуваат. Брат ми ги пиеше со упат и под надзор од дерматолог. @Feminka22 моја препорака Balea ultra sensitive wash gel. Прекрасен е и нежен. Купив второ пакување пред некое време. Не ја суши кожата и не ја иритира.
Да ги има во ДМ. Гелот е 320, тоникот 260 и кремот 520 ден. Зелена глина немам користено, но знам дека е многу ефикасна за мрсна кожа. Дав сапун јас користев порано, ама многу ми ја сушеше кожата па затоа го прекинав. Е сега ме замисли штом викаш дека ова од евелин ти помогнало за подобрување на лицето. Челото од летово почна вака да ти биде? Инаку ова од Евелин е гел, пилинг и маска 3 во 1, значи мора после тоа да ставаш тоник и крем за хидратација.
Дали некој ја има користено оваа крема на true alchemy и како сте задоволни, дали ви помогнала во борбата против акни?
Од летоска да, баш кога почна топлото, плус начин на исхрана сменив, плус вежбав се потев у најжешкото на 40 степена.А шминка ич не ставам, и два пати неделно праам маска или се мијам со ова на Евелин
После вежбање обавезно миење на лицето за да не остане потта и нечистотиите на него. Што и да користиш на лице било гел, тоник, маска, на крај мора крем инаку кожата ќе ти дехидрира и со тоа може да дојде до појава на акни.
@koritsaki благодарам. Па наводно состојките во нив биле подобри. Кој знае дали е така. Па затоа ме интересираше каде е поевтин можам да го земам и од европа. Нема смисла да давам 7500 тука за 50мл. Инаку подолг период ги користам овие два серуми и кремата. Сега можам да кажам дека немам проблем со акни и црвенила. Можеби минимални од хормони но скоро ич. Ретинолот е добар за флеки но со оглед на тоа 3 години што не сум престанала со доење (прво па второ дете едно по едно ) неможам да го користам. А баш хиперпигментација ми се направи од бременост и под очи и на чело. Слушнав за ласерски третман бил мн добар и ефикасен ,но живеам во охрид па неможам моментално до скопје да одам со децава.. Еве ги серумите мн се добри Да знам. Затоа напоменав дека мора строго препорака и доза од дерматолог или стручно лице. Има нус појави но чудо прави со кожата.
Да, јас го користам 3 пати неделно само на местата со акни и црнки. После 2 месеци имам уште многу малку за средување. Покрај другата нега мислам дека ова беше клучот за спас од моите комедогени акни.
Јас Исто како ништо да не ставам, веќе второ пакување трошам ама нема напредок. Пробај можда кај тебе ќе има резултат
Како да искомбинирам Niacinamide + zink the ordinary, Azelaic acid 20% крема и ретинол од the inky list. Имам и минерал 89 на vichy, и night peel на биодерма серум ама нив ги ставам многу ретко, минералот го заборавам ама серумот на биодерма почнав да го воведува преку 2/3 дена да ставам бидејќи знае да ми биде чуствителна кожата ама го заборавам и него. Инаку имам комбинирана накај мрсна кожа со акни во пределот на брадата и долен дел на образите.
Го прочитав твојов одговор и веднаш заминав да ја купам. Инаку се мислев и долго време, магнолиа уште лани ми ја препорача, но заради цената се прашував дали вреди. Сепак одлуката падна, па ќе видиме дали ќе има резултати кај мене.
И мене Магнолија ми ја препорача, пиши дали ќе има резултати. Можеби ти изгледа мала, но многу малку е потребно да ставаш. Мојата е како некористена после 2 месеци. Инаку во ДМ е нешто поефтина од на bellina.mk
Јас го користам одличен е. Особено за исфрлување од маските ама треба редовно да го користиш. Инаку воопшто не е тежок на лице и брзо се суши. Видов во Дм е ефтин сега.