Зелената линија од Натура Сиберика ја пробај, ја има на страната на Белина. Има чистач, тоник, пилинг и крема, многу се добри. Секако и внимавај на исхраната
Три недели користам акнефуг,сона крем и гел клиндамицин но подобрување немам Мислам некој се сушат но излегуваат и многу нови И колку време може да се користи гелот клиндамицин?
Да за мене е супер. На сабајле кога ќе станам лицето веќе не ми свети како порано. Јас го користам во комбинација претходно со тоникот од истата линија. Само не ставам голем слој затоа што имам приметено дека поголем слој тешко се впива на мојава кожа.
Пред неколку години бев кај д-р Коста и ми го реши проблемот со акните (ги пиев апчињата isotretinoin и користев сона, лицето ми беше во одлична состојба). Сега после толку години повторно почнаа да ми се враќаат акните ( секако поради сопствена вина бидејќи откако ги излечив акните сметав дека тој проблем е решен засекогаш и користев што ќе ми текне) и сум очајна, не знам што да користам, пробав со сона, со клиндамицин и многу други работи и ништо не ми помага, а воедно ми е и многу дехидрирана буквално кога ставам пудра лицето ми се перути. Ве молам препорачајте ми некоја линија за акни но воедно да е и хидрататна за да не ме исуши дополнително. Ги гледав кремите и геловите на биодерма и на еуцерин линијата за проблематична кожа но не знам што да купам. Ако има некој искуство нека сподели. П.С. Сите девојки кои сега пиете некои апчиња за акни или на друг начин ги третирате, немојте откако ќе ги излечите да престанете да ја негувате кожата.
Исто исто! Јас бев кај него и ми го реши лицето и после прекинав со се и почнав да шљакам козметика на своја рака и си го уништив. И сега пак почнав кај него да одам.Кажи ми, дали се стискаше таму? Планирам да закажам.
Од што мислиш дека ти се вратија акните? Односно, на кои производи мислиш под тоа користев се што ќе ми текне? И дали си сигурна дека не е гинеколошки/хормонски проблем? Јас од јули користам производи и рутина од Марија Гален фарм и почнав да пијам Јасмин од пред 1 месец и сега КОНЕЧНО почнав да гледам некое подобрување. Инаку, во однос на твоето прашање - споделувам што користам јас моментално и сум презадоволна бидејќи покрај акните кожата ми е хидрирана и мазна, дури и самата се обновува во однос на флеките: Наутро: ЛРП гел ефаклар синиот Уриаж Хисеак Хидра хидратантна крема наменета за кожа исушена од третмани за акни И до пред недела две, Уриаж спф 30 ама сега кога веќе почна подобрувањево и времето е облачно, ми беше препорачано да не ја користам за кожава да здивне малку Вечерна рутина: Уриаж розова мицеларна за чувствителна кожа ЛРП гел Истата крема И пред да легнам - сулфурна паста локално на акните/флеките Уриаж е одлична козметика, а е далеку поевтина од другите. Ти ги препорачувам овие производи, од лично искуство.
Се немам стискано, а и кога одев не ми препорача стискање, само ми предложи доколку сакам со dermapen третмани да правам но јас одлучив да не ги направам. Инаку како си задоволна сега пак од кај него и јас се размислувам да закажам преглед да видам што ќе ми каже? Користев производи од la rocheposay, потоа од the ordinary и различни креми што ќе ги купеше мајка ми инаку ти благодарам за одговорот видов дека и Магнолиа ја препорачува уриаж, па можеби и на неа ќе и пишам да видам што ќе ми каже.
Јас мислам дека ти е изиритирана кожата по ова што пиша. Ако користиш уште Сона прекини ја некој ден да видиш дали ќе ти се опорави лицето. Со нежен гел или пена и многу хидратација и Спф обавезно на сабајле.За акните после недела две кога ќе ти се смири иритацијата. Сега дополнително можеш поголем проблем да си направиш. И јас така згрешив со соната ме печеше цело лице и имав како лушпи/лишаи.