Колку време ја користеше? Мора добар хидратантен крем со неа и спф. На старт е нормално да дојде до сушење но треба да се нормализира.
Соната може да ти се погоди ако ја користиш правилно. Не се користи секој ден, се става по малку и обавезно хидратантен крем и спф. Јас тогаш изгледа претерав и се зезнав, после некои совети од членки тука кои ми кажаа како да ја користам немав проблем.
Ставам секоја вечер пред легнување исклучиво само на акни и ја користам околу 4 месеци. Имам приметено дека не ми помага бидејќи имам акни на брадата (црвени мали,не големи со гној) кои си стојат веќе 5 месеци и никако да се повлечат.
Соната помага и за постоечки акни но примарната функција е да ги прочистува порите и да не доаѓа до формирање на нови акни, затоа се препорачува да се користи на цела област каде има акни. Доволна количина е колку зрно грашок за цело лице.
Ако немаш проблем со англиски јазик, изгледај го видеото, ќе ти стане појасно како функционира Адапаленот (главната состојка на Соната). Зборува за истата крема само под друг назив е кај нив, Differin gel.
И мене така ми беше кажано од страна на дерматолог. Еве @IM.TMKQ има искуство со Сона, пробај така. Само мој совет ако сега ти е изиритирана кожата да почекаш да ти се смири па ако сакаш после продолжи, или советувај се со дерматолог пак.
Јас би ти препорачала наутро хидрантна крема и клиндамицин доколку имаш гнојници и спф и навечер добра е од bioderma cicabio за иритирана кожа ќе ги намали црвенилата и повторно клиндамицин гел доколку има потреба.
Здраво девојки, Би сакала да слушнам ваше искуство и мислење со акни околу устата и брадата. Секогаш сум имала чисто лице и на пример секоја втора менструација ќе ми се појавеа неколку на брадата и Т-зоната, ама ништо страшно, за една недела се беше готово. Сега веке 2 месеци ги имам константно на брадата и околу уста. Едно ќе исчезни друго ќе се појави. Некој мои теории за тоа се користењето на салицилна киселина и заштитен фактор. Салицилната ја користев на вечер на проблематичните места, а фактор на сабајле. Користам и тонер од Garnier со хијалуронска ама многу ретко, и крем за лице од невен зошто ми е прилично сува. Во храната не направив некоја промена, евентуално да е нешто до хормоните, но се сомневам бидејки имам редовна менс (ако и тоа е некој фактор) и не сум под стрес. Помош?
Провери си хормони. Јас секој месец добивав , ама и акните не поминуваа па мачкај ова она а џабе е ако е проблемот од внатре. Излезе дека имам проблеми со хормоните ама ао терапија се среди
имам проблем со акни ми се појавуваат на пределот околу устата(црвени со гној) сега се мислам дали да земам крем duac или skinoren,што мислите вие? пс.имам 18год. и како се испитуваат хормони дали некој знае?
Немој да земаш на своја рака, консултирај се дерматолог прво. Гинекологот ќе те насочи со упат. Се испитуваат на 3 ден од циклус, преку крвна слика.
Искуство некоја со La roche effaclar гелот и effaclar duo кремот? Препорачани ми се од дерматолог. Ги прогуглав и има поделени мислења и затоа не сум сигурна дали да ги земам. Конкретно сакам да земам нешто за превенција на флеки и лузни од акни бидејќи почнав со терапија со антибиотик. Моментално користам серум со витамин Е во сквалан, но сакам да го сменам. Многу ми е мрсен, сакам гел или крема некоја. Совет?
Јас го користам Ефаклар гелот и сум задоволна,многу ми се допаѓа барем во однос за контрола на себум. За кремите не знам да кажам.
Јас од гелот исто така сум презадоволна, а и кремите им се супер , и обичната и таа со спф 30 ја имам користено
@koritsaki @buba4e89 Фала ви девојки на советите, еве ќе ја тагнам и @Biodevojka за некој совет плус.
Ако не се лажам, мислам дека во кремата имаше салицилна киселина. Не се поднесува таа со секои други состојки против акни.