Те разбирам за ова со ситните бубулички/брунчиња.. цело лето чисто лице, при крајот на летото ми испоизлегоа вакви еден куп на долниот дел на лицето.. такви како мали надуени топчиња што ни пудра ни ништо не ги спасува..пак се познаваат.. а сами од себе не верувам дека ке поминат така да ја ги испостискав сите.. заврати ракавите и едно по едно ги средив сите мислам дека нема друго чаре.. сеа мислам дека ги немам више.. пак имам некои бубулички во долниот дел на лицето бидејки ми се изиритира нешто кожава крајот на август, али остатокот од лицето ми е чисто.. уште тие црвените акни да ми ги снема и ке бидам најзадоволна Нејм, секогаш кога веќе ќе испаднат во голем број , ги стискам но потоа кога ке се погледнам во огледало како од авион да сум паднала насекаде црвенило рани највероватно незнам да ги стискам убаво и така 3-4 дена..... па 2 дена ке ми биде после тоа таман , по 2 дена пак такво лицето и нема крај! сега купив Хлоракол па ке видиме со ке биде .позз
Вака... јас пред една година имав чисто лице, ама почнав со диети ова она... и се ми се поремети хаха... и како последица на се, ми се појавија мн брунчина, мозолчина црнки и триста чуда.... најмногу на челото. Пробав се за да ги излечам оти не се издржуваше, ми се разранија иако не ги чепкав и сл. По некое време ко почна летото си купив еден крем од бекутан оти ми требаше за на одмор со 50 фактор заштита и мн убо делуваше на кожата. Ама пак не беше доволно. Пробував со разни маски за лице со зелена глина, разни гелови за чистење.... и продолжив да го користам кремот и после летото секое утро се мачкав од него и мн убаво делуваше на кожата. Мајками ми препорача еден лусион од галафарм се вика дермогал и почнав да го чистам лицето секое утро со памуче ама не користев сапун и сл на лицето. И мн убаво делуваше на лицето ми се подисчисти, ама уште ми се појавуваја по неколоку брунчиња на лицето. Значи го чистев два пати на ден лицето а крем ставав само на утро. Ама пред некое време мајками ми препорача масло од невен и почнав да го мачкам навечер пред легнување. И пред некое време се забележаа резултатите... сеа немам брунчиња и ништо не ми се појавува повеке... освен флеките... ама се надевам ќе изчезнат со време....
Здраво девојки ! Мојот проблем е моето лице.... имам флеки од акни веке подолго време и по некоја акна ми излегува пред да добијам. Дали некој знае и има пробано нешто против флеки од акни ве молам пишете ми зошто немозам повеќе да се гледам поздравче
Аман веќе да не знаеш што да правиш и што да редиш повеќе. Крем ваков крем таков и нишо ич да се разочараш
ДАЛИ НЕКОЈ ГО ИМА КОРИСТЕНО ОВА ???? Лосион за проблематична кожа Состав: Екстракти од невен, ехинацеа, алое вера, камилица, жалфија, липа, лаванда, коњски опаш, глуварче, тегавец, нане, босилек, рузмарин, портокал, хамамелис дестилат и пантенол. Екстра благ лосион за нега и чистење на осетлива и проблематична кожа, против акни, мозолчиња и црнки. Не содржи алкохол. Содржи внимателно одбрани билни екстракти и пантенол кои благотворно делуваат на иритирана и воспалена кожа. По чистењето, потребно е да се нанесе соодветна крема за нега на осетлива кожа. Најдобро е крем од алое или камилица.
Да прашам доколку знаете како се викаат едни бели како брунчиња, најчесто под очите се појавуваат. Не се акни, не смеат да се стегаат, требало демек да узреат, па дерматолог да ги изваде. Доколку некој има како се справувате? Ептен грдо изгледаат ко немијано да ти е лицето блјак
Купете си Хлоракол го има во аптеките јас го купувам од зегин околу 100 денари е мислам дека и подоле цената и ми помага не ги уништи баш сите дека на челото имам како ситни брунчиња али само ставам послаба теча пудра и доволно ми е а некогаш и камена одозгора а другите ми ги уништи веќе три месеци користам од Хлоракол супер е пробајте нема да зажалите
^^ Хлоракол не би требало да го користиш секојдневно толку долго време. Кога ќе имаш бубуљички само тогаш и само на нив да ставиш со памукче. Антибиотик е и не треба да се користи секојдневно толку долг период, затоа што нема да ти делува понатаму. Најубаво користи го месец дена, па прави пауза во меѓувреме користи обичен лосион за чистење на лицето. Ама толку долго само Хлоракол не.
Здраво, јас сум нова на форумот ,би рекла дека сум во зрели години , имам( имав) проблематично лице во смисла ( масна кожа , акни - повеќе или помалку , флеки од акни - значи ужас ) и после долги експериметирања со креми ,лосиони од сите можни марки, за што не сум слушнала тоа не сум пробала и без никаков резултат , ама баш никаков , кога веќе почна и по некоја брчка да се јавува наместо со нив да се занимавам јас како во пубертет уште од акните не се ослободив) Фрлив се што користев и Гарниер и еуцерин и нормадерм на Виши , единствено нешто во што најдов корист е домашно направено маслиново масло( маслиново масло ладно цедено со кантарион , кантарион сув или свеж се става во маслиново масло и стои околу 40 дена на сонце во стаклено шише дури не добие црвена боја маслото)ставам секоја вечер и секое утро наместо крема на влажно лице , и јас која имам масно лице порано кога ќе станев наутро лицето ми беше како во масло брцнато , сега ставам маслиново масло со кантарион а наутро лицето не ми е воопшто масно , кожата е мека регенерирана мазна , акните се исчистени ,флеките избледени , брчките намалени , а да не зборам колку добра подлога за пудра е . И два пати неделно правам пилинг со сода бикарбона , една лажичка сода бикарбона со неколку капки вода го тријам лицето ,го мијам и потоа нормално од маслото .Значи буквално никаква хемикалија од крем не ставам веќе на лицето ( освен пудра)и во догледно време не планирам лекот од 5 пари да го сменам. Се недевам некому ќе му биде од корист ова.
Нз бш дали прашањево ми е соодветно за оваа тема ама ај ... вака ме занима дали е во ред да се купат производи ама од различни производители . Пример За чистење лице сакам да си купам од Гарниер 3 во 1 што е , арно ама за чистење шминка сакам од нивеа да си го земам маслото што е , а како помада си корисам и сакам да си продужам со Dove. незнам колку е во ред што се од различни фирми. Вие како правите ?
јас користам гел против акни од докторс, не е многу ефикасен, но кај мене делува бидејќи ретко ми се појавуваат акни... а и редовно го чистам лицето со гел за миење од орифлеим...
Феминки, сакам да ве прашам нешто.. Досега имам користено повеќе креми хидрадантни, за мрсна кожа, па за мозолчиња и сеуште не сум ја нашла вистинската Значи сакав да ве прашам дали може т.е е добро за лицето да ставам од оваа јанг дерм сината што е за мозолчиња, ама само од неа да не ставам после нивеа или нешто др. Лсионот од јанг дерм многу ми се погоди па се мислам дали да ја пробам кремева, ама само неа да ја користам. Иначе имам мрсна но дехидрирана кожа на Т-зоната а нормална до комбинирана ми е на останатиот дел от лицето. Девојки, ви благодарам однапред.
Најважна е хигиената на лицето... на сабајле треба да се мие лицето (по можност без сапун затоа што некој тип на кожа има реакција негативна од сапун, треба да се провери дали има алергиско дејство и сл а и читав дека сапунот кој е против акни или сл премногу ја суши кожата и кожата потоа има недостаток на влажност па лачи мн повеќе маснотии и ствара негативен ефект и се појавуваат акни се нарушува нормалната функција на кожата), најдобро е да се чисти со лусион со памуче (лусионот треба да се избери во зависност од типот на кожата) пр Дермогал од галафарм е добар, и да се нанесе соодветен крем (по можност некој лесен крем што ја штити кожата од надворешни влианија како што се бебешките кремови и кремовите врз база на камилица и маслиново масло) потоа да не се допира лицето со раце затоа што бактериите можат лесно да предизвикаат негативен ефект како што се: црвенила, акни, црнки, гнојничина, херпес, лишај, и сл, да не се стегаат акните да се остават да паднат сами. Добро е во текот на денот да се мие лицето само со вода и да не се брише со крпа ( затоа што крпите можат да ја раздразнат кожата, а и некои детергенти со кои се перат да предизвикаат алергиско дејство врз кожата) да се избрише со тампончиња или памуче. Добро е дејството на некои масла за лице кои и ја даваат потребната хранливост на кожата па така кожата се нормализира затоа што и се задоволени сите потреби за влажност. Најдобро за чуствителна кожа или мрсна кожа склона на црнки, акни и гнојничина да се користи масло од невен ( домашно или купено од аптека). Ова масло има добар ефект и кај постарите или онаа кожа што е склона кон стареење, кожата станува помазна и посвежа и го враќа незиниот сјај. Значи невенот е добар за акните, па затоа оние кои имаат проблеми можат да го користат како дневен крем (затоа што многу добро се впива во кожата и е добра за дневна масажа која влијае многу позитивно врз кожата) или да го нанесат пред спиење на веќе исчистена кожа со лусион со мала масажа додека не се впие во кожата. За здрава кожа исто така влијае и исхраната, па затоа тој што сака комплетен добар изглед треба повеке да внимава на себе и да одвојува време за себе и за нега на својата кожа. поздрав до сите што ќе го употребат ваквиот начин на нега на лицето... има добри резултати... вреди да се проба...