Ова ми е препишано од дерматолог со акнефуг мијам лице а сона само навечер ставам на места каде имам акни
Секако дека одат заедно. Јас многу подолго од тоа го користам. Не гледам причина зошто не би можел, секако ако немаш некои проблеми од него. Само намалив на тоа колку денови во неделата го користам. Веќе не користам секојдневно.
Овој гел баш е нежен. Го користам и во денови кога користам Акнефуг, пред него. Можеби до мојот тип на кожа е но некако не ја чувствувам доволно чиста кожата само со Акнефуг. Ги користам, ако правилно ги користиш на старт може да има иритација, потоа се нормализира.
Која цена е овој на биодерма? И јас не го чуствувам баш чисто бидејки од него ставам само на акните не цело лице?
700 и нешто ако не се лажам. Од Акнефуг на цело лице ставам јас, за превентива. Иако најмногу на образите ми се појавувале.
Тој на биодерма не е за мрсна кожа туку за сува. Повеќето девојки го користат бидејќи плавиот им го сушел лицето. Е сега мое искуство со розевиот е што во лето ми одговараше,а во зимо страшно ми ја исуши кожата. Плавиот одлично ми одговара, не ми ја пресушуваше кожата. Ако сакаш пробај го Ефаклар на Ла Роше убав е ептен.
Јас не сум имала на др место само на брадата имам акни и над устата понекогаш @buba4e89 која цена е тој на ла роше? Ми треба нежен гел не некој агресивен Јас користев од белина pulpe de vie многу ми беше добар но последниот пат го немаа на залиха
На Ла роше е баш за сензитивна кожа. Не знам колку е во Мкд,јас овде две мали во пакет како 1+1 гратис ги земав 13 евра.
Да само остави добро да се впие. Јас прво ставам крема па Сона откако добро ќе се впие, воопшто не ми го суши лицето така.
Каков хидратантен крем користите? Мислам дека сите креми кои ги имам испробано досега ми се некако тешки на кожата.
Гел крема е текстурата. Пишува дека е за сува кожа ама според мене толку е лесна и се впива одма што и за мрсна кожа е одлична. Многу е лесна крема, воопшто не остава масен слој. Има верзија и за комбинирана, но таа има парфем.
Ти благодарам на советот , и да добро си приметила , само хормони не сум проверила. Сега за сега ми се смири , задоволна сум од резултатот. Се надевам така и ќе остане
Користев сона и акнефуг пред една година. Пак почнав со користење и сега немам несакани ефекти (црвенило, лупење, печење) освен purging фазата која ја поминав и сметам дека не постои начин да се избегне. Црвенилото и лупењето го спречив со користење на Cica barrier sleeping mask од пурито која е многу хидратантна и многу ми се допаѓа. Освен нив ги користам и гелот и спрејот од novexpert trio zinc кои многу помагаат за акни + missha essence со фактор (ги пробав кремите Леврана со фактор, според мене нешто најужасно до сега, ставив два пати и ми стои цела некој ако ја користи и ја сака нека ми пише ја имам портокаловата со фактор 50) Сумирано, овие производи за мене беа спас и навистина имам резултати