Над устата ми искачаат како црнки/акни не знам ни јас што се, и си искачаат и кога пробувам да ги стиснам ништо, и си растат до степен кога ќе почне да ме боли веќе тој предел, и некогаш ептен стискам заби и фаќам и ги стискам ама многу ме боли, солзи ми имаат течено. Како да се спасам?Имам и претходно прашувано овде, не знам од што ми се прават ама ме нервираат. А од кога ќе се ископам личам како херпес да имам..Помагајте ве молам, значи ве молам. Устава не можам хаос да ја трпам. Спојлер: Sliche
Што користиш за отстранување на влакната кај надусници? Може од тоа да се појават или пак од шминката како карминот или моливчето ако им е рокот поминат. Или како крајни причини би рекла маските што ги носиме или хормонско нарушување. Искрено не знам што да ти препорачам за овој дел, но само едно нешто ќе ти речам: немој да ги стискаш, со тоа полошо ќе си направиш.
Тоа се првите симптоми на херпес односно првите знаци. Треба да смениш кармин или лабело,или крпа со која што бришеш лице. Нешто ти го иритира тој дел. Земи ацикловир и мачкај постепено,немој да го стискаш ќе ти се појави на друго место.
Ова седи со месеци така што не е херпес иако личи така. Ова се бубулици ама не искача скоро ништо од ни
Знам дека овде ке добијам најбрз одговор но ако има ваква тема нека го преместат прашањево Незнам дали добро се гледа Прв пат ми се случува оваа,дали сум изгорена од восокот што да ставам да ми помине Многу ме пече неиздржливо
Вазелин. Прочитав погоре дека користиш сона и акнефуг, па одбегнувај го тоа место неколку дена или паузирај
@jovana03 да користам секако околу очите не користам од нив но надусниците ке ги избегнувам неколку дена
Доколку користиш ретинол ( како ти во случајот Сона) не треба да се депилираш затоа што ќе добиеш изгореници. (Зборам за лице)Kattzia имаше цел пост за ова
@Butterfly522 користам да но сона над очи не ставам а таму сум најмногу Восокот јас не почуствував да е жежок незнам,но сега веке се познава дека е изгорено како суво ми е
И мене ми се направи така над усниве, и тоа користев ладен восок. Не ставај на тоа место воопшто сона ако можеш.
Здраво девојки, ве молам да ми препорачате добар дерматолог во Битола/Охрид/Прилеп. Вчера бев кај др. Анета Тасевска во Битола, буквално 1 мин ми го виде лицето ми даде сона крема и лосион хлорамфеникол и никаков друг крем во комбинација со нив. Ве молам доколку знаете некој што обрнува повеќе внимание да ми препорачате навистина сум многу разочарана
Здраво, предлог решение ако може за дамки по телото, конкретно раце,грб, нозе од акни и слично. Многу слабо заздравува кожата и веќе повеќе од година стојат
Маслото од True Alchemy со АХА/ БХА киселини или гелот за туширање од Береза Сиберика во комбинација со спрејот со цинк на Novexpert. Ако ти се даваат повеќе пари, тогаш серумот со витамин Ц на Novexpert. Производите ги има во Белина и во ДМ. Спојлер: Масло Спојлер: Гел Спојлер: Спреј