дали има некој искуство со кремов, и дали би можел да се користи со овој редослед: наутро 1.чистење со corsx good morning gel 2.paula s choise bha 2% exfiliant 3.dr.jart treatment moistruizer 4.spf
Си го подсредив лицево и немам веќе активни акни. Сега проблемот ми се црвени површински флеки не дупки фала Богу. Што да користам за нив?
Јас побарав рутина од неа ако не се лажам преку Белина. Ми даде рутина се, и почнав да ги користам производите, но од еден гел почна лицето целосно да ми се суши многу и тоа најмногу кај носот и ми беше дури болно да го чепнам, и ги откажав производите.
Препорачајте ми некој добар дерматолог и ендокринолог. Веќе губажм надеж дека некако би се решил мојот проблем Од 12 год се мачам со акни сега имам 21год. Нема кај што не сум била во Битола но ништо не ми помогна. Иначе најпрвин имав типични тинејџерски акни, сега пред/после мензис имам во предел под устата, брадата. Не се типични, премногу длабоки биле и поткожни па често и се воспалуваат во форма на лушпи, лишаи изгледаат не како акни.
Дерма Плус во Скопје, ординација на д-р Коста Цветковиќ, мене само тој ме среди и премногу сум задоволна. Бев на неколку дерматолози пред него, никој не можеше да ме опраи. Среќно
И јас ти препорачувам Дерма плус. Не е реклама Моментално користам терапија сона гел и пијам Миноцин и плус гел за миење и крема што ми ги препиша. Многу ми е подобро лицето
Најлошо искуство имам кај овој доктор Да, презадоволна сум, ама ако веќе одиш на чистење во дерма плус, закажи кај Јованка, сум била на чистење и кај Јованка и кај црната (колешка нејзина), сепак позадоволна од Јованка сум.
Зашто? Сум била и кај него ми даде терапија ама ми изгледаше терапијата преагресивна и не ја почнав Иначе се чистев во Дерма плус кај црната и сум задоволна топ е
Старова ептен ми го фалеа а јас бев во најлоша состојба со лицето тогаш и барав било каков спас... Изгледа "ме купија" кога ми кажаа негови пациенти дека доаѓале од Косово и од други држави околу само поради него. Јас кога отидов бев за Роакутан под хитно... Е сега он ме убедуваше дека не сум за тоа, ми кажуваше колку е сериозна терапијата и негативните ефекти за време на истата (јас му кажав дека сум свесна за сето тоа и го изнамолев да не ме мачи со антибиотици и да ми препише роакутан одма). Џабе моите молења, ме малтретираше долго време со Миноцин (3 месеци ми го даде да го пијам, а тоа е многу со оглед на тоа што е јак тетрациклин и ми го ископа желудникот уште по првиот месец, му се жалев и не ми го прекина ни тогаш, и повраќав и све поради тоа што не смее да е долга терапијата со тој лек). Го откачив и одма кај Коста отидов, ме виде му кажав колку сум уништена му покажав терапија од Старова и ме стави на Роакутан. Пресреќна бев со одлуката и од Роакутанот сум презадоволна. Инаку Роакутанот делува така што прво ја влошува состојбата (нормално за него), а потоа ја суши кожата многу, но сега е одлично.
Знам, ама во споредба со тоа колку многу ми помогна Роакутанот, и покрај тоа што е многу појак од Миноцинот, со Миноцинот видов повеќе маки и 0 ефект а помалку го пиев од Роакутанот со кој засекогаш се спасив од акните.
Ви благодарам за препораките. Само еден совет до сите кои поминуваат низ истото, доколку одите кај доктор кој веднаш се фаќа за работа и ви ветува дека ќе ви го среди лицето без притоа да побара испитани хормони - да не му верувате. Сакаат само пари. Според мене, кај млади девојки прво нешто треба да биде извештај од хормоните, макар имал и 200 годишно искуство докторот.