Да и мене ми се случи од TheOrdinary и geek and gorgeous , ми се нафрли цело лице … единствено оливал и неоген ми одговараат
Не знаев во која тема да го поставам прашањево Дали имате пробано нешто од Sixth Sense? Гледам имаат серуми, креми за избелување, мицеларна вода.. Ако добро разбрав македонски бренд е достапен само во аптеките
Здраво и јас почнав да ја користам кремата, и сакав да престанам зошто и јас немам некои видливи резултати, но сега гледам дека и треба повеке време па ке продолжам. Сакав да прашам да не правам грешка зошто јас ја користам преку еден ден, една недела ми излегува 4 дена а другата 3 дена бидејки така прочитав кога почнав да ја користам 3,4 дена во неделата?
И мене серумот со витамин Ц од geek n gorgeous ми правеше акни па го прекинав, друг немам пробано. Јас користев/ам азелеична од ревокс и ептен ми одговара, само малку послаба е од оваа на true alchemy, 10%. Ептен смирувачки ми делува, не ми го суши лицето, плус дека имам себореа околу носот читав дека има и определено антисептично дејство.
Zdravo, da spodeli nekoj iskustvo od prp tretman? Mozebi imate pisano no nemam procitano, izvinete ako e taka.
Girls, ми треба совет. Кожата ми е комбинирана, т зона ми е се повеќе и повеќе мрсна. Сабајле кога ќе станам хаос како препотена. Користам млечен чистач како прв чекор, гел на ревокс како втор, зелената крема на Конопка. Користев и ниацинамид сега го потрошив ама не приметив нешто многу разлика. Имам чисто лице, немам акни, само црнки на носот и околу носот. Дали да вметнам некој серум или па и нема потреба? Tnx
Здраво, Веќе подолго време ги користам производите на True Alchemy и сум многу задоволна, но многу брзо се трошат низ Македонија и ги нема по неколку месеци. Би сакала да се прашам дали знаете од каде можам да ги нарачам производите online или знаете дали ги има во некоја соседна земја. Ќе ви бидам благодарна доколку некој знае да ми одговорни, затоа што еве веќе месец дена чекам да пристигнат производите од таа компанија, а во Македонија само Bellina работи со овој бренд. Поздрав
Провери во анни фарм во капитол. Имаат и веб страна и достава. Знам дека држеа некои произбоди од овој бренд.
Имам лузни од акни кои со пудра можам да ги скријам, ама навистина сакам конечно да излезам надвор без да имам потреба да ги кријам. Овој образ има повеќе, на другиот образ немам многу. Препорака за некој серум/тоник или најдобро би било со ласер? Спојлер
Ниацинамид и ретинол, за два-три месеци ќе почнеш да забележуваш разлика. Види на Inkey list имаат сега попуст, јас си нарачав дополнување бидејќи сум многу задоволна од нивните производи. Ласерот секако ќе ти даде побрзи резултати, но е околу 9000 ден.
Ова Inkey List не е од кај нас? Не сум во можност да нарачувам од странство. Гледам на gloshop.mk има, ама досега немам нарачувано од таму и многу од производите се sold out.
Не се од кај нас за жал. Тогаш види на страната на https://coslovemetics.mk/rutina-coslove-skincare/ има да ти препорачаат рутина бесплатно според "проблемот" кој го имаш.
Дехидрирана ти е кожата, барем претпоставувам. Мене така ми беше насабајле како препотена, сјајна и масна, и покрај тоа што користев крем за нормална кожа. Може да вметнеш нешто за хидратација, моја препорака секогаш е хијалурон, се нанесува на влажна кожа после чистење (полувлажна), и се става крем одозгора. Мене тоа ми го среди проблемот со прекумерното мастење на т-зоната. Инаку и јас користам ниацинамид, повеќе за порите, ама во лето не ми одговара воопшто.
А како може да ми е дехидрирана, се користам како што треба, образите ми се нормални.. Грешам ли негде?
Кога кожата е дехидрирана, лачи поголемо количество маснотии за да спречи пресушување, ако не сум грешка. Кај мене бар излезе така. Немам проблем со акни, ниту пак нешто многу изразени пори и црнки, ама лицето буквално ко со масло ми беше мачкано, особено наутро. Кожата на образите ми беше нормална, ама безживотна. Исто и останатиот дел од лицето, а повремено знаеја да ми се направат лишаи на т-зоната кај веѓите, под очите и околу устата. Некогаш и на носот, ама ретко. Сето тоа се среди кога престанав да користам средства за чистење наменети за комбинирана кожа и се префрлив на средства за осетлива и нормална кожа, поточно не гелови за измивање, туку исклучиво пена за миење. Мицеларна вода /желе користам кога имам шминка, а вообичаено користам само пена. После тоа ставам тоник за комбинирана кожа, хијалурон, и на крај крем, за комбинирана или за секој тип на кожа, некогаш и масло. Проблеми со прекумерно мастење и лишаи немам, еве веќе трета година. Споделив мое искуство, ако користиш преагресивни средства за чистење може од нив да ти се суши кожата, па затоа наутро ти е масна. Ама можеби и кремот од Конопка не ти одговара. Мене ми беше одличен, баш него го користев на почетокот кога почнав со рутините.