Како го осеќаш лицето после миење со гелот? Ако нормално, тогаш ти одговара, ако затегнато, тогаш ти ја пресушува и е преагресивен за твојот тип на кожа. Исто и со кремата, дали остава масен слој на кожата. Сепак, едноставно некои имаат помрсна кожа и ништо не може тука да се направи. Најважно е без разлика каков тип на кожа имаш, да не користиш агресивни производи.
Нормално, баш гелот многу ми одговара на ревокс го користам тој со мед и лимон новиот. Не ја осеќам затегната баш осеќам дека ми годи.. Да ја пробам ако не на натура сиберика зелената крема.. Не знам
Може и хормонски е, зависно кој дел од циклусот си, па лачи кожата повеќе себум. Штом не ти прави некои поголеми проблеми, како акни, црвенила, јас не би се замарала многу со тоа, доволно е да си ја следиш рутината редовно. Евентуално ете кремата да ја пробаш или мицерална вода наместо маслен отстранувач, да видиш дали ќе има некоја разлика.
Дали сте имале /имате проблем со запушени пори? И како да се решат? Минатата година ми ги гореше дерматолог, меѓутоа 2 ги снема, другите се уште тука, а посебно едната многу ме нервира. Не знам дали да одам повторно кај истиот дерматолог, кој е постар и не знам колку е во тек со нови трендови. Или да барам друга ординација. Препорачајте ми некој.
Пред некој ден од ДМ на попуст ја купив онаа на SIBERICA зелената крема за масно лице, оти читав многу коментари тука, по форумов, а и општо слушав дека е екстра за масна и комбинирана кожа. Арно ама, не можам а да не се пожалам: после нанесување - имам впечаток дека брзо се впива. Но, после петнаесеттина минути забележувам дека лицето ми е масно. Ноќта после спиење приметив брмки онакви тврди на брадата (под устата) кои страшно болат и за ден се претворија во гнојанки, онака длабоки и болни - нешто што одамна ми се нема јавено на лицето, откако користам серуми (нијацинамид, салицилна...). Зошто е ова вака? Дали е нормална појава/реакција или, пак, едноставно не ми одговара кремава која што на многу луѓе со ваква кожа им одговара?
Или не ти одговара, или е фаза на чистење( ако акните се на оние места каде вообичаено ти се појавувале порано). Фазата на чистење не треба да трае повеќе од еден месец или два. Ако во глобала имаш чисто лице, а овие се појавиле за толку кратко време јас би рекла дека акните се негативна реакција и не ти одговара кремот. Твое е што ќе одлучиш, дали ќе му дадеш шанса уште некое време или ќе го прекиниш. Инаку јас го ставам на полувлажна кожа, имам заприметено дека кај мене така подобро се апсорбира на кожата.
Или не ти одговара или не одговара со некој од серумите. Јас по долго користење на ниацимид во комбинација со било која крема приметив дека ми прави лишаи. Пробај види што ти смета.
@theunforgiven и мене кремава на НС не ми одговараше, мене ми го потеше лицето по нанесувањето, иако се гледа лесна крема, јас ја чувствував на лицето, како да не се впиваше.
Не заприметив некоја состојка за cell turnover во составот па да речеме нормално е, така да најверојатно не ти одговара кремата.
Ова Една недела го имам, поубав чистач за лице не сум имала. Нежен, млечен, чисти и хидрира. Освежува и смирува црвенила. Не пече на очи, вадам шминка со него. Одличен!
@Biodevojka Здраво Ќе те замолам за совет, имам 21 година, некако не можам да си ја сфатам кожата па би рекла дека е комбинирана. Имам многу црнки на носот и брадата, ми излегуваат акни кој не се голем проблем но се јавуваат се почесто (главно на брадата но се јавуваат и на други места), челото ми е "рапаво" но нема видливи акни. Моментално користам мицерална вода на Оливал, пена за лице од роза на Балеа, крема на алверде со маслинка (naturschön) и масло за лице од роза на алверде. Сакам да направам промена со тоа што наместо пената на балеа ќе почнам да користам гел на натура сиберика (зелениот за акни) и тоник од истата линија. Кога ќе ја потрошам кремата би ја земала и зелената крема од Конопка. Дали мислиш дека е во ред ваква рутина? И дали ми сменила или пак додала нешто (се мислам за серумот со ц витамин на натура сиберика)? Ти благодарам
Гелот и тоникот на Натура Сиберика со кремот на Конопка се идеална комбинација. Првите даваат мат ефект, а кремот е одличен хидратантен а не ја масти кожата/ Слободно земи ги како рутина. Немаш потреба од ништо друго барем засега. Понатаму може серум со Ц ама не на натура сиберика (тој содржи ретинол), туку на Труе алкему. Поздрав
Сум читала дека ласер помага, ама сакам тоа да ми е последното решение. Но можеби самата кожа барс време да се регенерира. Јас со години ги носам