Па да...од кога се породив лицето ми стана проблематично,ем суво ем мрсно со лишаи и еве сега некако да не подречам се управи. А од погоре споменатите креми пак да се навратам,не би направиле проблем доколку се користат секој ден,чисто онака за хидратација и мекост на нормална кожа(според мене).
Мене воопшто не ми се допаѓаат, буквално никако не ми помогнаа а не ги користев малку време.. сепак тоа е мое искуство , секоја кожа различно .. Јас би ти препорачала најдобро да си појдиш на дерматолог и да се среди проблемот доколку е нешто посериозен ..
Нешто за флеки од акни Вака мазно ми е лицево но од акните имам флеки кои се црвени уште,секако уште имам и акни користам акнефуг и сона навечер само Ми треба нешто за преку ден Пред 3недели почнав со ВитаминЦ но се нафрлив дополнително па прекинав Сега моментално само наутро мијам лице со гел на пулп де вие и крема со спф Навечер акнефуг,крема на лавера за хидратација и потоа сона на акните Дали е доволно да почекам уште некое време или да вметнам сепак уште нешто
Ниацинамид или арбутин. Серумот Vita b3 source, гледам доста е фален за таква проблематика. Инаку јас користам серум со вит. Е во сквалан на True Alchemy за лузни по акни но не гледам некој wow резултат, а долго време го имам...
Мене доволно ми помогаат спф и соната. Кога акните ќе се стават целосно под контрола и флеките ќе избледат т.е што помалку акни излегуваат, помалку флеки, постоечките ќе избледуваат па целокупно лицето ќе изгледа поеднакво. Се вцрвенуваат и од акнефугот, затоа е многу важно спф да се употребува. Ако ептен нешто плус сакаш, ниацинамид би рекла, макар што би те советувала да си трпелива и да не се мешаат премногу производи.
Каков спф користиш со соната? Јас сакам да почнам со третиноин, но со оглед на тоа што е многу потентен ми е страв да не си направам повеќе штета од корист па барам некој добар спф.
За мојата чувствителна кожа предобро се покажа. Воопшто не остава бел масен слој (текстурата е жолтеникава), скроз се впива, дури и малку матирачки изглед остава. Кожата е премека после нанесување. И не ми ја масти дополнително. Буквално, чувството е како обична крема да сум нанела а не заштитен фактор, многу убаво легнува на кожата. И секако, најважното за мене, нема парфем. Да напоменам, соната навечер ја користам, спф се подразбира наутро.
Јас секој ден ставам спф затоа што читам дека е добро. Ме интересира, каков ефект има спфот врз флеките од акни освен што штити од сонце
Баш поради тоа, дека штити од сонцето. Флеката е почувствителна на сонце, ако можам така да се изразам, отколку останатиот дел од кожата. Со самото тоа што кожата е ,,оштетена" на тој дел, сонцето може да ја влоши состојбата, па да остане перманентна темна дамка и процесот на лечење да е подолг. Исто, UVA и UVB зраците, можат да ја направат флеката поизразена (поцрвена). Заштитиниот фактор ќе заштити од таква темна флека да остане на кожата и помага побрзо да избледе флеката, со самото тоа што ја штити кожата од штетните влијанија на сонцето. Во кратки црти: овозможува побрзо заздравување без да остане трага од флеката. Секако, некои флеки се покомплицирани, потребно е подолго третирање, некогаш и плус дополнителни препарати наменети за флеки. Дури и кога користиме фактор, треба да одбегнуваме долго директно изложување на сонце, особено летен период.
Исто и јас. Иако не ја чувствуваме топлината од сонцето, сепак не значи дека UV зраците не предизвикуваат штета на кожата. Sun damage is caused by ultraviolet (UV) radiation, not temperature. Иако температурата е ниска, UV индексот може да е висок.
Девојки искуство серапептаза, искуство за овој случај, дали пиел некој, да не ствара некои пореметувања на организмот, дерматолог ми ја препиша за акни, лузни?
Првпат слушам дека се дава за акни, јас живеам во Швајцарија, и сум медицинско лице, ние тоа го даваме на пациенти со хронично заболување на белите дробови или артритис, се сматра дека е природен антибиотик кој намалува воспаление, не би рекла дека е штетен но за некој ефект мора подолго време да се користи Обични тука за акни се дава Клиндамицин, а најчесто Минак кој може подолго време да се користи, а треба еднаш во 2 недели да направиш тестирања за состојбата на црниот дроб
Може да се зема и за акни, ако се има предвид дека акните се еден вид воспаление на кожата, а серапептазе содржи протеолитички ензими кои го намалуваат воспалението. Е сега зависи од случај до случај веројатно.
Дури се препорачува да се пие за акни. Немаш гајле. Јас месец и нешто пијам константно убаво е и за цревата