Го има во аптеките... ама можи да го направиш и сама со маслиново масло или соино масло...само треба повеќе време... позз
Оф леле и јас мака мачам веќе 2 год со флеките на лицето, но мене ми се јавуваат брунчиња само кај вратот тој дел и многу ме болат, од како ќе поминат остануваат како флеки. Сум пробала со зелната глина една година скоро ја користам не ми помогна со флеките, домашни маски имам правено , ама слабо нема никаков долготраен ефкт. Незнам што да правам дали да идам на дерматолог или да чекам да поминат..
Сигурно има некаков крем за флеки... Ако има некој што користел некој крем за брзо отстранување на флеките нека кажи... И уште нешто... дали тој што проба невеново масло му помогна? ме интересира..
Дали некој има користено ЗАШТИТНА ЈЕЛЕНА КРЕМА.ве молам за некоја информација и дали има убав ефект велат била против флеки црнки и акни.
Јас еве го користам неколку дена и шо знам... убаво ми е меко... е сега флекиве си стојат уште исти ама то е . А сигурно имат некој крем против флеки нешто мора да има ама не знаеме
Ај да ве прашам нешто. Од никаде буквално ми се исфрла лицево со едни црвени точкички, не се ни бубулички ни ништо. Појма немам од што а ме нервира ненормално многу, како далматинец сум у фаца. Некоја препорака да не има некој???? Сум дала 71 денар за Дове сапун вчера па се надевам нешто бар ќе помогне,ама од никаде да ми се исфрла цело лице.....
Девојки, почнав да одам на демратолог кај Др Ирена во Воена болница,има ли некој искуство со неа? Сеуште имам акни,а имам 20 год. па ми даде повеќе видови на таблети: со цинк, таблети јасмин и уште два вида,не можам добро да ги прочитам, плус ми даде Dercome Clear ( од Dr wolf), Dercome Simplex (обоена крема исто од Dr wolf) и некоја ноќна крема на Eucerin. Имате ли користено некои од овие производи и колку сте задоволни? Исто така ми рече дека доколку сакам можам да одам да ми го помине лицето со ласер,тоа чинело 2000 ден. меѓутоа мене ми е малку страв од тоа,да не настанат некои комликации.. Имајте убав ден!
да ве прашам дали некој ја има користено кремата Becutan со цинк оксид ?? и Оригинална Павловичева ?? зошто слушнав дека на некоја и помогнале за лицето со флеки..... па шо знам зато да прашам ако има користено некој нека пиши поз4е
јас имам крем за флеки од орифлеим, малце ми ги осветли флеките кои ги имав.... а дали знаете некој крем или нешто што помага за мрсна кожа, бидејќи ви последно време кожата ми е многу мрсна...
Го имам користено кремот Бекутан со цинк и мене добро ми делуваше на кожата но малку ми беше мрсен,а од неодамна почнав да ја користам оригиналната павловичева и многу сум задоволна мислам дека добро ми влијае на поткожните мозолчиња а кожата ја прави многу мека и мазна,но за флеки или за поголем проблем со акни и сл. каков ефект би имале овие кремови незнам.
Ако некој можи да ми кажи за гелот за лице Хлоракол дали може да се користи и за секојдневно чистење на лицето како замена за Дермогал по шо многу ми помогна овој гел ама никаде неможе да се најде... дали предизвикува некакви црвенила на кожата каде што нема акни некакво лупење некоја алергија или може акни на чиста кожа ама склона кон акни... уствари како се користи...
И јас незнам затоа пишев сепак фала... Јас се мислев која да ја купам дали Бекутанов или павловичева па сеа ќе си ја купам павловичева и ќе пробам
Јас имам читано негде дека може да се користи секој ден, ама дека пред да се исчисти со него лицето требало да се измие. И плус немој да го трљаш лицето со памукчето(на кое ќе ставиш од лосионот секако) туку тапкај по и околу бубулиците, ова ми го има кажано дерматолог.
Ок значи лицето треба да се мие... ама со сапун или... оти другиот лусион ми беше во замена за сапун по шо мојата кожа има алергија од сапуни го миев само со вода а потоа со тампонче убаво ја вадев нечистотијата... порано имав мн бубулици ама сеа нема потреба пошо немам ни една... Изгледа ќе треба да го барам Дермогал уште во неколку аптеки.... Иначе фала мн...
Само со редовна нега...и секако, здрава исхрана.Јас користам нешто како гел за миење на лицето.Се нанесува на суво лице, стои пет минути, и се мие, на Neutrogena.Ова е многу добро за чистење на лицето и што е најважно, ја одзема маснотијата и немам повеќе непотребен сјај.Многу е важно редовно и темелно да го чистите лицето од шминката и да имате добра хидратанта крема, само одберете нешто што ќе дава влажност,а нема да го масти лицето.И најважниот совет, не претерувајте со чоколадо и чипсови.Барем кај мене, овие два производи многу влијаат на создавањето акни