Еве нешто слично вака, а имам и само така испакнати bumps кои немаат ништо во себе (мислам на вакви бели топченца како овие или гној).
Ова е милиа. Почни да користиш производи кои содржат млечна и гликолна киселина за да вметнеш ексфолијација во твојата рутина.
Магнолиа рекламира само, и ја плаќаат. Да и дадеш 500 евра за да рекламира здраве крема ќе те убедува дека брише брчки и акни. Ти се молам Идете на лекар не си играјте.
Мислев за помош при одбирање продукти за секојдневна рутина како што напоменав и едукација на тоа поле има доста постови од сигурни извори така да си знаеш и кога бираш сама што да бараш во зависност на твојот тип на кожа. Кога сме до тоа и Hyram е доста едуциран на тоа поле. А ако се работи за некој поголем проблем со лицето се разбира дека ќе си посетиш дерматолог
Различни рутини имам, еден ден ставам хада лабо лосион со хијалурон или cosrx snail mucin essence па хидрирам со неутрогена хидро буст. А друг ден салицил и балеа мед ноќна. Денски ако сум у можност користам нијацинамид, ако не само хидрирам и спф. Некогаш пред рутина прскам од новексперт цинк спрејот за акни @Kimberly11 затоа и сум збунета , не знам дали при purging излагаат баш акни акни како што ти кажа или овие досадниве мали бели како кај мене. Нервираат и со пудра и шминка над лицето пак изгледа ужас.
Девојки, ми треба инфо за некоја крема Аирол мислам се вика? Што е по состав, колку пари чини и дали се продава со рецепта или без?
Airol е ретиноид. Скинорен е азелаична киселина по состав. Инаку ако бараш ретиноиди, кај нас има Сона. @GoodnightMoon Ако почнеш со употреба на ретиноиди да знаеш дека е задолжително нанесување на крем со заштитен фактор преку ден. А може да предизвика и сувост на кожата, па ќе ти треба и крем што ќе ти обезбеди добра хидратација, па и замастување. Мислам дека @pdb123 имаше пишувано за ретиноидите ако сакаш да прочиташ нешто повеќе.
Би сакала доколку некој има искуство со роакутан да ми пише во порака или да сподели тука доколку не е проблем
Здраво Дали може некој да ми каже совети или производи кој се добри за масна кожа и кожа склона кон акни? И некој добар производ кој може да помогне за црвените места(флеки) кои ги оставаат акните?
За ноќна нега: https://int.eucerin.com/products/dermo-pure/triple-effect-serum За дневна нега: https://int.eucerin.com/products/dermo-pure/protective-fluid-spf-30 Од истата линија има и гел за миење. Гелови за миење има и од другите брендови на медицинска козметика што се достапни кај нас. До петок има попусти во Зегин.
Што може најбрзо да помогне за заздравување на рани на лицето? Поточно гребаници од чистење на пори со метална алатка. До сега подобри резултати имам добиено од бебешко масло од Johnson, но ми треба нешто екстра и што делува побрзо бидејки секојдневно сум со луѓе, ќе помислат мачка ме има изгребано.