Ми текна, земав Пантенол крема или маст не знам точно што е. Се надевам ќе го убрза процесот на регенерација.
Ќе може ли некој што ги користел Роакутан од 10мг подетално да ми пише во ЛП или тука? Ми ги препишаа да ги пијам, читав многу за нив па сакам да знам од лично искуство некој да ми каже
Здраво девојки ! Прв пат имам толку многу акни и незнам до што можи да е претежно на образите и ми остануваат како флекички ,па би сакала да ми дадете некој совет што би можела да користам како дневна и ноќна рутина. Користам инаку гел од натура сиберика од зелената линија, спреј со цинк на Novexpert, и навечер плус крем на frezyderm .
После миењето со гелот вметни La roche effaclair duo +, а доколку користиш шминка обавезно двојно чистење, би ти препорачала мицеларна па гелпт. Знам дека многу препорачуваат масла, но некогаш не се отстрануваат до крај тие и ги запушуваат порите. Можеби за празнициве си претерала со некоја храна (мајонези, мрсна храна и сл), па гледај малце детокс да направиш.
Штом ти остануваат дамки после акните би ти помогнале производите погоре. Размисли дали си сменила нешто во периодот пред да се појават акните. На образите најчесто се појавуваат акни ако често го допираш лицето, ако поретко менуваш навлака на перница, ако често зборуваш на телефон, а не го дезинфицираш...
Дали некоја има искуство со кремава Лицето сега ми е ок имам повеке црвени флеки Не користам серуми само гел на пулп де вие и крема со спф на биодерма Навечер користев крема на лавера,кремата ја користев долг период но во последно време како да не ми се апсорбира убаво кожата ми свети не сакам така да ми изгледа Или препорака за некоја друга крема на природна база
Ви се случува и вам да имате чисто лице па наеднаш ден-два пред добивање да ви збуфне со бубулици и црвенила?
Буквално 3-4 дена пред секој циклус ми се случува ова. И трае се до 2-3 дена по завршување на циклусот. Еден куп креми пробав, ништо не помогна, сами си се повлекуваат после некое време, ама таа недела кога имам добиено си шетам со точки по лицето
Најверојатно некој хормонски дисбаланс настанува, па така излегуваат баш пред циклус. Среќа не оставаат лузни, се повлекуваат веднаш по циклус. Од средно уште си носам мали белези од бубулиците шо ги имав, овие барем не се такви
Здраво девојки, дали некоја од вас го има користено маслото за лице на true alchemy so calamine i arginine, дали е погодно за секојдневна употреба и дали може да се користи како прв чекор во двојното чистење?