Дали некој ја има користено црвената линија на some by mi , и како сте задоволни? Повторно почнаа да ми излегуваат големи акни , помош.. Искуство со овој ексфолијатор , дали ви помогнало за акните?
Само тонерот и според мене златна средина, не е нешто посебно. Серумот и го баталив на пола, пошто мислам дека ништо не направи за мојата кожа. е сега може не му дадов доволно време ... Аиролот го имам користено сигурно пред 5 год може и повеќе, тогаш ја имаше во МК и не одеше на рецепта. активна супстанца е нај јакиот ретиноид и тоа третиноин и е доста јака ( ја имаш со застапеност на третиноин во 3 вида на проценти 0.05% итн ) инаку аиролот што јас го користев беше грчки што значи секако ја има таму Според мене тоа ти е настанато од дехирирана кожа. Каква кожа имаш и колку често користиш салицилна ? исто така да не користиш и дополнителни гелови за миење на лице, пудра итн што го сушат лицето па се заедно и дошло до дехидрација. пантенол навечер а преку ден само добра хидратација некој период. Маслото само уште повеќе ќе ти ги запуши порите и ќе си направиш поголема беља
Јас го имам користено серумот и тоникот од оваа линија, навистина многу ми го подобри лицето, ми го осветли тенот , акни дури не ми излегуваа и за време на менструалниот циклус, дел од флеки се повлекоа. За црвенило и акни оваа линија е одлична. Истиот проблем го имам и јас , масна кожа , акни и црвенило. Мене многу ми помогнаа серумот и тонерот на some by mi од зелената линија со лист од чајно дрво , немав црвенило , тенот ми се осветли, и не ми излегуваа акни дури ни за време на менструалниот циклус. Од истата линија има и крема.
Дали некоја го користела овој продукт и како е задоволна? Маска е,за црвенила на лицето со салицилна киселина.
јас имам премногу производи за чистење лице што веќе не ги корисам а се купени пред неколку месеци, ми е жал да ги фрлам, па ако на некој му требаат нека каже да му ги поклонам, претежно се зе акни еве и слика п. с. тоник од ординери со гликолна киселина заборавив да го сликам
Тебе ти помогнаа нешто овие производи за акните? Јас го имам користено акнефуг гелот , но многу го суши лицето, доаѓа до сврбеж , и се лупи кожата.мене ми помогна , но повторно излегуваа акни .
искрено и не баш,мене акните ми се хормонски и ништо не ми помага долгорочно. сега моментално нарачав скинорен и третиноин крем да пробам со нив
Ревокс не помагаат за акни. Јас скоро сите серуми ги купив од нив и ништо. Мора терапија од доктор само тоа ме спаси.
Мене од ревокс многу ми помогна серумот салицилната киселина и ден денес го користам, но нешто имаат променето во составот и сега како погуст е и не ми легнува толку добро како претходно. Исто и за азелеичната киселина, полн погодок. @Skorpija*88 мене од сите овде највеќе кремот ми се погодил, ама ми се потроши и не нарачав пак.
Дали во Космо има воопшто производи на Афродита и ако има, дали е изборот поголем од ДМ? На српската страна видов дека имаат некои убави колекции и производи, ама кај нас тука освен тие жолтите креми, ништо друго немам видено.
Не сакам да звучам злобно ама провери го рокот на траење на the ordinary така што мислам дека aha имаше три месеци рок од отворањето. Се што ќе му надмине рокот ќе може да се користи ама нема да е ист ефектот. Ретинолот исто така има три месеци рок. Сети се колку време ти е отворен.
https://www.onbuy.com/gb/acnelyse-skin-cream-acne-treatment-retinoic-acid-01~c8244~p28764977/ малку е скап ама го нарачав, последна надеж за акни ми е
jas prodavam trtionin ,imam tri mene ne mi odgovarase NO obavezno da se educirate kako da se koristi vo sprotivno pogolema belja ke si napravite gluposti, polna so alkohol preskoci ja
Здраво девојки, имам проблем со масна кожа, се борам со акни веќе неколку месеци. Си направив рутина, Наутро - пена за масна кожа од Афродита, тоник на Сиберика, ниацинамид од Ревокс, па крем со заштитен фактор 50 на Ревокс со хијалуронска киселина, па потоа шминка. Навечер - мицеларна вода Garnier со масло, а понекогаш и обична на Биотен бидејки ми е страв да не ми прави акни маслената. Потоа пена, 3 во 1 глина на гарниер (за чистење пори), тоник, салицилна на Ревокс, секоја 2ра вечер, и крем од Зиаја од краставица. Имам и Сона од дерматолог препишана, па што ми предлагате добро е од Соната да ставам на вечер за крај? И дали ми е добра рутината, со оглед на тоа што имам лузни од предходно што ме стискаа на дерматолог. Акни излегуваат на некое време, по 2 на едно место ми излегуваат најчесто, не знам зошто така. (Исто така сакам да напоменам, бидејќи имам читано дека 2 пати е доволно миење лице, некогаш се мијам и поручекта бидејки станува масно и од ново се шминкам (ако излегувам вечерта се разбира). Така ми иди 3 пати миење на ден некогаш). Дали е во ред оваа цела рутина, дали нешто грешам, и што би ми препорачале да вметнам. Сакав прво да побарам совет пред да вметнам други серуми или кремови. Благодарам од напред ♡