Во тоникот на Натура Сиберика има ниацинамид, така што ако навечер употребуваш салицилна и нека биде самостојно, вметни хујалуронска киселина. Ти станува масно зошто мешаш продукти, нешто не ти одговара очигледно. Јас би ја сменила пената на Афродита, би ја зела на Ла Роше. За соната ако не се лажам не треба да се меша со други продукти, бар ставете како изгледа таа сона. Нека каже друга членка.
Revox искрено и не помагаат баш , јас го користам тоникот на сиберика и искрено не ми помага , и хидратантната крема од истата линија на имам , но не сум задоволна . Подобро нешто што кошта 1000 + ден отколку вака повеќе работи а не толку скапи и на крај нема резултати. Мене најмногу ми помогна серумот и тонерот на some by mi од лист од чајно дрво. Серумот е 1270 денари а тонерот 1000 , тоа е тродупло поскапо од оние на сиберика и серумите на ревокс, но искрено ти ги препорачувам многу ми помогнаа и сега пак се враќам на нив ,корејска козметика, но овој пат ќе го пробам snail truecica. Сепак колку ќе вложиш толку резултат ќе имаш. Имам и слики пред и потоа од some by mi кога користев , ако имаш нешто дополнително ,слободно пиши.
Благодарам девојќи, ке пробам да ги сменам полека производите, најубаво ми е кога сите производи се од иста линија. Значи да разгледам на some by mi, други предлози за добри марки на производи?
Хидратантната крема на ,iunik која ја користев е. Исто така многу добра има и други работи од таа марка , исто корејска, погледни на coslovemetics на Инстаграм , има за многу производи објаснето за што се наменети , исто така има и бесплатни рутини, може да им пратиш слика од твојата состојба, но some by mi секако ќе ти помогне, у тоа само серумот и тонерот ми помогнаа многу , а од истата линија има и хидратантна крема, гел за миење на лице.Секако , пубертетски акни имаш или некој хормонален дисбаланс?
Здраво девојки. Пред една недела почнав да користам масло од чајно дрво на моето лице кое е со акни и можам да ви кажам дека за една недела ми ги исуши сите. Можете во било која аптека да земете 100% масло од чајно дрво, јас го користам така што истурам 5 капки во обична ладна вода од 100мл. и нежно со туфер нанесувам на лицето. Има убаво освежувачко и антивоспалително дејствие. Јас имам мрсна кожа и ми ја суши, па така за тие со сува кожа не го препорачувам. Имам едно прашање. Баш сега откако немам ниедна воспалена акна, можев да видам дека имам многу лузни на лицето, темни дамки на образите. Што би ми препорачале за избледување на лузни од акни?
Исто и мене ми помогна чајното дрво, дури и не ми излегуваа нови акни , меѓутоа и јас имам флеки од акните . Само што јас користев серум со чајно дрво на some by mi и навистина многу помага. За избледување на флеките многу е познат хидрохинонот кој секако ќе ти помогне, поточно кремата на sixth sense за избледување која содржи хидрохинон, имам читано многу позитивни резултати. Се става навечер и се користи три месеци, па потоа пауза од три месеци , па ако имаш потреба продолжуваш пак уште три месеци , и не е многу скапа околу 750 денари е. Но има и многу други продукти кој помагаат за избледување на флеки, но овој крем е стриктно наменет само за флеки па и затоа помага многу. Го има на повеќе места онлајн но и во аптека може да се најде, мислам дека го има во lifeline аптеките.
Од линијата за масна кожа гелот за миење ми ја сушеше кожата, а и не е толку евтин. Кремот за лице одамна го користев и не ми текнува како ми делуваше. А спот третманот го користам понекогаш. За таа цена не е лош. Од другите линии ги користев ампулите со хујалуронска киселина тие за помлада кожа и тие ми се допаднаа.
Kaj 6sense.mk na Инстаграм , исто и кај манголија има пост и детално објаснето и позитивни коментари.
dobro ova go vidov edno e samo i kojznae kolku e relevantno a magnolija mi e gola voda nisto ne mi znaci
Да таа е, и јас ќе ја земам само да се смири лицето и да се повлечат сите акни. Доколку ја купиш, пиши резултати и со среќа.
Јас ја имам користено зелената со центела и хидрира навистина има гел текстура , ако имаш масна кожа и акни тогаш зелената е одлична, па сигурно и оваа е многу добра ист бренд се.
Акни имам околу устата и на брадата пред менструација,страшни се и болни,некои се со бело топче(незнам како се викаат).Некоја препорака крема да ставам на тој предел пред менструација?