Знае ли некој што помага за чудни темни кругови околу очите? Имам 18, спијам доволно, јадам нормално ама ете ако не ставам пудра личам како да немам спиено од 2015та. А за акни мене ми помогнаа гелот и серумот од Биодерма, мислам дека ги зедов од една аптека кај Бисер. Сепак, ако некој има ептен проблем со акни, ако се такви големи тогаш убаво е да се испитаат хормони. И нормално промена во исхраната и многу мноогу пиење вода!
Лесно е да се каже хидратација и промена на исхрана, ние кои имаме се пробано знаеме низ какви маки сме поминале. И не делува Биодерма или Ла роше кај сите исто. Секоја кожа е различна и истата различно реагира на производи. А за темни кругови @buba4e89 мислам користеше на ревокс серум со кофеин, ќе ти каже поточно таа.
Значи ако се наследни нема спас ништо, освен да ги осветлуваш на од време на време. Јас го користев на True Alchemy кофеинскиот серум и ми беше убав, заедно со кремите за околу очи на Pulpe de vie. Оваа комбинација ми ги хидратираше и осветлуваше темниците, потеченоста ми се намали, само мора редовно и по редослед да се користи. Моментално го користам на The Ordinary кофеинскиот и ми се допаѓа повеќе од Alchemy бидејќи дава побрзи резултати,а потоа ставам анти-ејџ крема на So bio etic од арган. Според мене најдобар е на The ordinary.
За таков проблем би ти препорачала да си направиш испитување на хормоните , а како локален третман мене ми помага салицилна киселина од Ревокс , azelaic acid ( TheOrdinary или Skinoren ако може да ја најдеш ) , крема на Babylove со цинк мало пакување имаш во ДМ кај тестерите што стојат или серумот на Tiam B3 со арбутин од Coslovmetic или Yeppeuda
Мене ми испаднаа полицистични јајници така да од мое искуство кажувам. Се подобри со тек на време ама за секој различно.
Не знам за колку темни се работи. И јас имам, отсекогаш тој дел ми е минимално потемен, и мене многу ме нервира. До исхраната не е, еве вода не пијам доволно баш, ама најмногу ми е што навечер до касно читам, и не се наспивам доволно. Дали си испитала бубрези?
Многу често темните кругови не се поврзани со доволен сон и одмор. Можеби кожата едноставно е потемна и крвните садови се блиску до површината на кожата во пределот околу очите. Тоа не може да се смени колку и да ти пречи. Можеш со добра хидратација, поздрава исхрана (до некаде) и коректор во боја да го подобриш изгледот на кожата околу очите и да се потрудиш да ги прифатиш такви какви што се. @FroggyLover
јас го користам може 2 недели.Супер се размачкува не е масен а сепак има некоја масна жичка незнам како да објаснам.Иритации никакви и не ми ја суши кожата.
Zdravo, mi treba mislenje za ovaa kombinacija krema i maska (moze i da ponudite nekoi od koi ste zadovolnj za cistenje na lice) Blagodaram
Конечно се најде некоја жемска да одговори Ај за недела две, барем месец користење доколку сакаш повторно сподели мислење, иако за ретинол барем половина година консистентно користење си бара за да приметиш некоја разлика. Готово, го земам и јас, брзо се убедив. Само доколку сакаш да провериш во составот на шишенцето што го пишува дали содржи масла, дека кога читав постови на нет, изгледа правеле реформулација на составот, претходно содржел шеа путер. Доколку нема, го земам и јас дефинитивно.
нема шеа путер. јас користам ретинол 1 година , имам сменето 4 до сеа, стварно како текстура и ефектот што го дава мислам дека е добар
Има некој купувано скоро од кремата на конопка (зелената), мене ми де потроши пред неколку дека и бев по аптекиве знам таму ги имаше, таа од зегин ми вика што е ова прват гледам ваква марка, од еурофарм рекоа немаат, а не ми се порачува оф Белина само за кремата..
Здраво женски! Ве молам тие што сте од Битола предложете ми козметички салон, конкретно за чистење на лице (црнки, мозолки).
Прашање до девојките кои пиеле Диане/Јасмин/Јаз итн. за акни и пцос: Дали ви се вратиле акните откако сте ја прекинале терапијата? Јас за 5 месеци имам огромно подобрување, ми остана уште 1 месец по препорака од гинеколог.
Јас пиев и Диане и Јасмин и за жал многу малку ми помогнаа. Кога ги прекинав ми се вратија акните во дупло полоша состојба.
Јас пиев една година Диане и уште првиот месец ми се исчисти лицето од тогаш значи до сега се пројдени 14 години акните ми се немаат пак појавено. Тоа беше страшно кога ќе се сетам какво ми беше лицето...