Само ќе кажам ништо не ставајте на лицето без да се консултирате со дерматолог. Бидејќи јас сама си се превев доктор и ете сега инфекција на лојната жлезда.
Има ли некоја искуство со третманот Грин пил на лице во Афродита и ако сака да сподели искуство. Од прилика имам информација што се случува ама сепак би сакала од прва рака да добијам мислење од некоја што веќе го направила третманот и се разбира колку е задоволна. Некако солена цената 200 евриња барем да сподели некоја искуство.(да знам дали ќе ми биде исплатлива инвестиција)
Премногу е болен тој третман, зависи за што сакаш да го правиш. За убави видливи резултати се препорачуваат 5 третмани. Јас имам направено 5 третмани и пак не бев задоволна од резултатот. (Не го правев во Афродита, меѓутоа тој е третманот)
Имам некои флеки што ми се прават летно време па не можат скроз да избледат. Тоа ми остана така еве и после повеќе години поминати од бременостите. И сакам малку да се освежи кожата. Овошните сум ги правела и даваат одличен резултат ама тогаш не ми се правеа вака флеки. Бев на консултација и ми објаснија дека лицето е црвено и многу пече отпосле и цела недела нема надвор бидејќи се лупи видливо . Болката како болка ќе помине ама крајниот резултат ако е незадоволителен тоа ќе ми биде мака. Ќе размислам .... Во секој случај ти благодарам.
А крем со заштитен фактор употребуваш? Особено е важен за кожа склона на појава на дамки. Јас би ти препорачала да не го подложуваш лицето на толку агресивни третмани што не знаеш ни дали ќе ти го дадат посакуваниот резултат. Наместо тоа направи си рутина за изедначување на тенот со витамин Ц и/или хемиски ексфолијанти + кремови против дамки. Ако ти се пресушува кожата таму каде што се појавува црвенилото, можеш да земеш крем за заштита од ветер и ладно. За оваа намена бараш производ или сакаш воопшто да не ти се појавува црвенило? За второво можеш само да го заштитиш лицето со маска/шал.
Не знам од што се појавува тоа е проблемот. И внатре и надвор исто. Внатре кога сум некаде на образите ништо ама носот има. Не знам од што е. Имам крема за сува кожа мачкам.
Во тој случај можеби се работи за купероза (анг.couperose). Прочитај за симптоми и види слики како изгледа.
Ставам 50, имам купувано и од тоа блокаторите 90 фактор од неутрогена ми се чини беше ама ништо не може да ме спаси. Благодарам,ќе пробам некој помалку агресивен третман.
Ако ти се појавуваат и кога ставаш висок заштитен фактор, ограничи го изложувањето на сонце и носи шешири. И во текот на целта година употребувај производи за избледување на дамките. Хммм...значи најверојатно е изгорена кожата на носот од ладен ветер. Можеш да го пробаш заштитниов балсам од Веледа: Спојлер: Weleda https://zegin.com.mk/index.php/mk/weleda-baby-zashtiten-balsam-za-lice-za-deca-od-neven-30-ml
Здраво на сите. Имам прилично океј лице но во пубертет беше лом. Сега проблем ми се проширени пори и ситни дупчиња. Дали третмани како микродермоабразија или конкретно ласер би помогнал Дали ако се нафатам на едно од овие би имало негативни последици?
Јас да сум претходно би пробала со некаква рутина. Еве добар резултат од магнолија кој преѓеска го видов на story. Пиши и на мејл, види што ќе ти препорача. Јас лично имам супер искуство со нејзина рутина.
И мене ме интересира дали вредат да се дадат 4000 ден за рутина од Магнолиа? Или сама да си створам рутина макар шо не сум баш ажурна па можда и мислејки дека е правилно погрешни продукти да користам и само да ја пресушувам кожата.