Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    1.184
    Добредојдени се сите препораки од вас и од други искусни феминки за чистачи, хидратантни креми, киселини и сл.
    Чекам циклус за да испитам хормони, до тогаш сакам да користам продукти.

    Немам во мојот град ДМ, па би сакала да си направам нарачка со конкретни производи, преку пријатели да ми донесат навака.:)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.662
    Допаѓања:
    106.772
    Пол:
    Женски
    @Mazegin

    И јас би ти препорачала да ги избегнуваш производите што го пресушуваат лицето, имаме ист тип на кожа, јас би ти го препорачала овој чистач

    [​IMG]
    Го имам купувано многу пати во вид на мус е , и одговара на секој тип кожа. Или ова или некоја пена да земеш.

    Серум од истава линија

    [​IMG]

    И кремата на Конопка зелената можеш да ја земеш. И да, пред се испитај си хормони, зошто вака џабе се што мачкаш :)

    [​IMG]
     
  3. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    1.184
    Да продолжам со користење на пењата и плус кленсерот што ми го препорача, или само кленсерот?

    Еве ја пењата што ја користам.
    И оваа е Натура Сиберика.
    natura-siberica-detox-kamchatka-face-cleansing-clay-foam-160-ml-1521852-en.png
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.604
    Допаѓања:
    201.926
    Пол:
    Женски
    Штом ги провериш хормоните, ако се е во ред, за двојно чистење може да земеш или мицеларна вода и пена, или некое масло. Од мицеларна вода, или на Оливал со смил, или на SoBioEtic двофазното средство што вади и водоотпорна шминка. Ова
    [​IMG]
    Или ова
    [​IMG]

    Двете онлајн се нарачуваа, првото од Тесори ди маре, второто од Белина (го има на залиха). За цената вреди таа количина, големи се, по 500мл.

    Како пена за лице може пената на Лавера за сензитивна кожа, на Новексперт со витамин Ц, или на Оливал исто има пена со масло од смил. Сите сум ги користела, сите ми се погодиле (имам комбинирана кожа).
    Ова
    [​IMG]
    Или ова
    [​IMG]
    И третото
    [​IMG]
    Ти си бираш, Лавера и Новексперт ги има во Белина, а Оливал во Тесори ди Маре.

    Серуми има еден куп, мислам дека горе долу сите се исти. Јас имам користено од Хада Лабо, од Тру Алхеми и од Новексперт, сите ми се добри.
    Креми, веќе ја имаш хидратантната на Конопка, одлична е, и како ноќна и како дневна крема, само нема спф.

    Да не ти дојде многу наеднаш со препораки, разгледај онлајн убаво, ќе видиш и цени.
    Јас лично последниве три години користам козметика исклучиво од Белина, понекогаш земам од Балеа и Алверде од ДМ и од Тесори ди Маре. Па ти препорачувам тоа што сум користела.
     
    На koritsaki и Mazegin им се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.662
    Допаѓања:
    106.772
    Пол:
    Женски

    Или пената или кленсерот :) ја имам користено и оваа пена, супер е :)
     
    На Mazegin му/ѝ се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Мене оваа пена не ми одговараше. Јас ja користам на Ла роше плавиот. Дали пена или гел исто е, и двата чистат и се клучни во рутината.
    Можеш да земеш тоник на Береза сиберика https://www.bellina.mk/p/996/bereza...i-tonik-za-mrsna-kozha-sklona-kon-akni-200-ml

    Во него има ниацинамид па можеш дополнително да си купиш хујалуронска киселина на Ревокс

    Важно е да не ја оптеретиш кожата со многу продукти, исто така и гелот со протеини на True Alchemy е добар за масна кожа и е во продажба моментално.

    За акните би ти препорачала салицилна киселина,но прво испитај се пред да ставиш. Ако ја користиш рутината што ти ја препорачав можеш во текот на денот да го нанесуваш спрејот.
     
    На Mazegin му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anomys

    Anomys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Извини се убацувам, ама со новексперт пената си имала ли проблеми со пумпицата? Ја имам, полна ми е, ама воопшто не ми пушта пена. Се мачев, се мачев и сега само ми стои на страна, баталена.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.662
    Допаѓања:
    106.772
    Пол:
    Женски

    И јас ја имам пената на Новексперт и немам проблем со пумпицата :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.604
    Допаѓања:
    201.926
    Пол:
    Женски
    Не сум имала проблем, ама слободно можеш да се јавиш или пишеш во Белина, ќе ти ја заменат пената, нема да ти направат проблем. Постои можност да има фабричка грешка кај производот, па затоа пиши им, или јави се на бројот на страницата. Воопшто не оставај така, жалосно е да не го користиш производот кога веќе си го купила.
     
    На Anomys и koritsaki им се допаѓа ова.
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.065
    Допаѓања:
    40.416
    Пол:
    Женски
    И јас имав проблем со пумпица од малото паковање. Тогаш на подарок ми ја дадоа за поголема нарачка. Не дека не пумпаше воопшто, ама со мака после 10 стискања ќе пуштеше:(
     
    На Anomys му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    Некој што ги користи овие продукти да каже како е задоволен

    Screenshot_20220211-230422_Chrome.jpg Screenshot_20220211-230433_Chrome.jpg
     
  12. Anastasia9228

    Anastasia9228 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Дали Хлоракол од сензилис ви помага за акни да не се појавуваат?
     
  13. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    Феминки, ми треба помош околу мојата рутина и продуктите што ги користам. Мислам дека ми фали нешто дополнително за чистење на лицето, затоа што приметувам повеќе црнки на носот и одвреме-навреме ми излегуваат по неколку мозолчиња ама ништо алармантно.
    Лицето наутро го мијам со вода и ставам крема за лице (пудра не користам). Навечер го чистам со мицеларна вода, па го мијам само со вода. Е после тоа, преку еден ден, еднаш ставам тоник па крема за под очи и на крај ноќна крема, еден ден пауза (само крема за под очи и ноќна крема) нареден пат серум па крема за под очи па ноќна крема.
    Искрено не знам дали производите прво си одговараат, второ дали е правилно што така скокам во рутината.
    Секој совет и предлог е добредојден.
    Screenshot_20220212_234250.jpg Screenshot_20220212_234235.jpg Screenshot_20220212_234224.jpg Screenshot_20220212_234203.jpg Screenshot_20220212_234154.jpg
    27 години, сува кожа
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Добри се продуктите ама не можеш само со вода,ти треба гел или пена за миење лице. Не знам зошто тоникот не го користиш секој ден па за тоа е наменет.
    CF4BB7CE-565D-4606-926D-2FED171297CA.png
    0CD951BE-5840-473F-A165-050B59962693.png
     
    На lovemme и SexyDarling им се допаѓа ова.
  15. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    Дали го растресуваш серумот пред користење?
     
  16. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    Имам некое шубе од премногу продукти, ама ќе почнам да го користам па ќе видам како ќе биде.
    Продуктите се од тука што сум читала па сум разбрала по нешто благодарение на сите вас.
    Ти благодарам за одговорот:)
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Од гелот нема штета,лицето ќе ти биде чисто од сите нечистотии насобрани преку целиот ден.
     
    На SexyDarling му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.604
    Допаѓања:
    201.926
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да правиш паузи од серуми и креми, секој ден треба да го негуваш лицето. Земи уште пена за миење лице, по твој избор нека биде, најарно за осетлива кожа. Лавера имаат добра пена ко за тебе
    [​IMG]

    После миење лице ќе ставиш тоник, па серум, па крем, навечер само мицеларната ќе ти биде плус, како прв чекор.
    Точно, нема потреба од премногу производи, ама па тие што ги користиш, треба да се користат постојано, освен ако на самиот производ не е назначено дека не треба да се користи секој ден.
     
    На SexyDarling му/ѝ се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.662
    Допаѓања:
    106.772
    Пол:
    Женски

    Да треба да се протресе убаво серумот
     
  20. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    Ќе земам дефинитивно, да ги разгледам и ќе почнам редовно како што треба :$ тенкјуу