Има гел од Пазл. Јас си го купив пред три недели од Зегин 102 денари. Аптекарката ми рече дека ова е новото пакување на гелот. Антибактериски е. Не содржи алкохол и не го суши лицето. Јас го користам еднаш дневно - навечер за дезинфекција на лицето пред спиење. Задоволна сум, откако ќе се измијам го чуваствувам лицето чисто и не ме затега, не ми се суши.
kREM..... И не се познаваат црнките...(исчезнуваат) ... http://businesshouse.com.mk/doctorsprod ... septic.gif
Еееј шо убаво Фала мн Нина, не знаев дека има и гел, пошто мене дечко ми ми ги донесе кремата и лосионот и така си помислив дека најверојатно нема гел Ама што има одма ќе одам да го земам, оти јас стварно сум многу задоволна од лосионот и кремата, набрзина ги суши акните. А и кремата е во исто пакување како гелот на сликата.
Мене да, ми ја обнови целосно кожата. Ако се миеш со специјално четче за лице или со сунѓерче, да. А ако нанесуваш со прсти не многу. Мислам како и секој друг гел за миење лице.
Се решив да си ја истерам терапијата на Нина , прво ќе го користам клиндамицинот и докторс сапунот оној црниот што е со сулфур и катран ,2-3 месеци така ќе го третирам лицето а паралелно и со кремата здраве ми се чини дека помага .По 2-3 месеца зависи каква ке ми биде состојбата со лицето почнувам со аиролот . А аиролот како се користи ? Се става на целото лице или не ... ? Мене повеќе ми е за флеките , штом ја обнувува кожата супер .
Прво види истерај си со клиндамицинот. Можеби до тогаш ќе ти избледат флеките сами по себе, бидејќи нови бубуљици нема да ти излегуваат. Така, стариве флекиќе избледат. Ако не, тогаш ќе почнеш со аиролот САМО НАВЕЧЕР, првата недела мнооогу тенок слој на цело лице за да се навикне кожата (нормално ќе ги избегнуваш деловите околу очите). Само пази, од аиролот се става ептееен малку (после првата недела малку повеќе, ама сепак, малку). Мене една тубичка ми траеше 3 месеци. Ти посакувам среќа
Едно огромно благодарам за Нина . Утре купувам Клиндамицин , и почнувам со терапијата . А дали е подобро да земам и гел клиндамицин за миење или да си продолжам да го користам сапунот на докторс ? Ти освен клиндамицинот , што користеше за миење на лицето , и каква крема ?
а јас ке ви кажам дека тоа со аиролот да не го правите сега ова време на ова јако сонце... таа терапија се прави зимно време кога нема сонце... зашто тоа е како хемиски пилинг што го прават во козметичките салони и лицето ти се лупи и тие овој третман го прават и го препорачуваат исклучиво само во зима... па сега вие како сакате
кога имав 15 години лицето во еден период лицето ми се наполни со акни..и тоа во лето..сонце,забава а јас сама се измачував..и тогаш клиндамицинот-СУПЕР РЕШЕНИЕ.мислам дека ова е лосион не би требало да штети
не за лосионот за тоа другото јас зборев иначе лосионот може да си се користи не е ништо штетно а и да супер е има добри ефекти од клиндамицинот само треба секоја вечер да го користиш, најмалку 1-2 месеци и најбитно да имаш стрпление и без нервози! Нервозите се ужас за лицето..
да така е..при секое нервирање акна на лицето..а ужасно ме нервираат.а дали некој знае дали е вистина дека благото создавало акни..ми рекоа неодамна а јас сум љубител на слатки,торти и чоколади па?
а само клиндамицинот ли го користесе или користевте и некој други креми за да се отстранат акните ??? ај плс кажиии мн се нервирам со тие акни веке немам никакво стрпление а за благо мн јадам
Значи мораш да имаш трпение ако сакаш успешноо да се излекуваш. Акни не се лечат преку ноќ. А девојката што зборуваше за аиролот, точно е дека прави реакција со сончева светлина, затоа ги советував да се мачкаат исклучиво навечер, а додека да го завршат третирањето со клиндамицин, ќе поминат летните месеци како и да е....
Додека се мачкав со клиндамицинот лицето го миев со бебешки сапун, а можеш и да си го земеш Ассо Дерм од Алкалоид. Многу дерматолози го препорачуваат. А за крена, не користев некоја за третирање, туку само за влага и мрсно на кожата која ми се сушеше заради терапијата. Мене ми одговараше Бекутан.