Не е толку до козметиките, колку што е до исхраната. Може од надвор се` и сешто да ставаш и пари да изнафрлаш, здравата кожа доаѓа од внатре. Што и да мачкаш, после извесно време нема ефект. Кожа и коса се заситуваат од еден производ после 2 месеца, порано или подоцна, и после пак јово на ново. Па и тие "чудотворните" креми се 99 посто со жива, истата апсорбирана преку кожа чуда прави. Во ЕУ е забранета компонента во креми со децении, ма да постои се`уште нерегулиран пазар, или домашно производство. Под итно избелува флеки, чиста фаца одма, штом престанеш пак по старо, плус други огромни проблеми прави, ако не постов мој, прочитајте за труење со жива или распрашајте се ете. Дури и да се негува лице многу нормално, па и суплементи да се земаат, пак треба да се јаде и да се пази што се јаде. Зелена и црвена храна многу, риба, и многу, ама многу вода итн итн. Има сто медицински сајтови кај што имате список на храна која за што е добра и со што е богата. Се напнав вчера, рол он моливче за под очи, како 8 саата сон ефект, ма немој. Да би живееле барем малку поздраво од ова, не би имале ни темни кругови ни бутур.
СДК дека слушнав од блиска личност која имаше проблем со акни многу по лицето, дека била кај некоја жена која се занимава со медицинска козметологија, Жанина козметикс беше нешто името на козметиката или козметичкиот салон, и се наоѓа кај нова железничка. Сите кои биле кај неа по 6,7, третмани на лицето од по 500 ден мислам, им се исчистило лицето, зборувам од премногу исфрлено лице, дека добиле баш чисто и мазно лице. Се надевам на некој ќе му послужи информацијата, подетални информации немам но распрашајте се.
http://www.yourskin101.com/skin-care-articles/eat-your-way-to-clear-skin.aspx http://www.realage.com/blogs/food-bites/foods-that-make-your-skin-glow http://www.realage.com/look-young-stay-sharp/simply-beautiful-skin/9-day-plan-day-4
Да ве прашам нешто Моето лице е полно со бенки и капилари,па ако знаете да ми кажете што да правам за да ги снема ќе ви бидам многу благодарна
Има некој доктор кај Железничка,ако си од Скопје, давал некоја маст за бемки,и одма се губеле. Не знам точно кој доктор е,еве ако знае некоја феминка нека каже.
Да ве прашам нешто...месец дена го користев лосионот Хлоракол + навечер од кремата здраве.До сега нисшто што сум користела не ми помогнало повеќе од оваа да ја наречам терапија е сега ми се потроши шишенцето лицето ми е чисто ама сакам да продолжам да го користам. да си купам пак, во случај да не се појават па пак да ги лечам . Дали ќе биде штетно пак да го купам овој лосион или да купам некој друг ? Вие што мислите?
Nikola dali dobi nekakov odgovor za brojot na Saso? Moze li da mi go dostavis i mene? Boze liceto mi izgleda isto kako na slikava ne znam veke sto da pravam
Пред една недела си купив од Doctor's лосион, гел и крема од линијата anti-acne со камилица и искрено не верував дека воопшто ќе има резултати, а не па вакви. Не очекував некоја посебна промена зошто имав пробано се и сешто и почнав више да се откажувам. Посебно ме зачудија поради цената, сите заедно коштаа колку еден прозивод од Нивеа, а ете испадна дека конечно најдов спас.
Јас си ја зедов денес кремата од Саше, се надевам ќе ми помогне. Па ќе пишам обавезно дали стварно го чисти скроз лицето. Кошташе 2100 денари и човекот се ама се ми објасна можеби пола сат. Очекувајте ме наскоро. Се надевам со добри и позитивни вести. Дури ми рече дека не било лошо лицето пошто имам само црвени точки не се гнојни, му се јавувале и со катастрофални лица. Дај боже да помогне. Али ми рече да се поздравам со пудра и било какви креми, пилинзи значи ништо не смеам да ставам! Ама ќе издржам.
Девојки бре,немојте се и сешто да ставате на лицето,немора да значи дека ако мене ми помогнал некој производ и на вас ќе ви делува,напротив може кај вас да има и не сакани последици,се тоа зависи каква ви е кожата и колку ви е голем проблемот со акните и таквите работи. Сепак повеќе ви прифатила некоја природна нега на лицето со маски,пилинзи од проверени работи,отколку некои лосиони и чуда. Јас моментално користам еден домашен подготвен пилинг со некои плави топчиња такви ситни низ него,пилингот на чисто лице еднаш неделно со триење да навлезе во кожата и мене ми е прекрасен. Мене ми помага и миењето со сапун и млака вода,меѓутоа не секогаш бидејќи лицето понекогаш ми се презаситува,задолжително вадење на шминката и нечистотиите од лицето пред спиење,и редовно одржавање на кожата на лицето. Немојте да пробувате се и сешто
Девојки и јас ги земав мастите од Сашо ( не знам зошто го викаат чичко Сашо мене не ми изгледа како чичко ) се надевам дека ќе ми помогнат. Јас сум сепак 29 години и дури и Сашо ми кажа дека ќе треба можеби подолго време за да видам реакција од кремата бидејќи кожата ми е постара и посозреана но верува дека ќе помогне. Многу ми се допадна што човекот инсистираше да ме види пред да ми ја даде маста бидејќи не се работи за тинејџер туку за веќе зрела кожа. Ќе ве информирам за напредокот
Обична хидратантна крема е, што не го прави лицето многу масно. Мене ми помагаше во почетокот, кожата не ми се мастеше, а сега пак на старо си е. Не знам зошто.
Девојки го има некој бројот на тој Сашо да ми го прати по ЛП? Баш ја разгледував темата и цимерката си има ваков проблем. И кажав за кремата на Сашо, па неможе да прави акаунт и ме замоли во нејзино име да прашам. Ако го има некој би ви била благодарна да ми го пишете.
Некој крем со овошни киселини да ми препорачате - кој е најдобар, кој му е цената, и за колку време се забележуваат ефектите? Јас немам акни, но левиот образ ми е полн со флеки од поранешните акни од пред неколку години, па ова ми е последен обид
Ги има користено некој овие производи? DC Losion Aktiv и останатите? И дали има некакви резултати, т.е дали се проверени(гледав на странава има интересни работи, вечерва ја открив, ама некој новитет е, не знам, прв пат ги гледам производиве, па затоа прашувам) Спојлер http://www.depileve.com.mk
да ти кажам и јас ја користам кремава иста...и помага но не да ти ги снема бубулиците туку кога ке го измиеш лицето и ако ти се јави црвенило намачкај се и тоа го намалува..го снемува црвенилото! ) досега искрено ни иден лосион или крема за лице не ми помогнала. Пубертет си е пубертет. (во мои години на пр. ви зборам ) Поздрав