Секако драга еве да размислам и ќе ти пишам. Прати ми приватна порака со повеќе инфо за години, до која цена и како ја чувствуваш кожата. Ќе најдеме решение
Не знаев каде да го поставам прашањево. Се работи за овие 2 есенции. Дали ги има некој употребувано и каков ефект даваат?
Знам дека е темава за лице но дали некоја се соочува со акни на деколте и раменици? Што е најефикасно ? Користам гел од натура сиберика што е наменет за акни но отпосле нешто за мачкање? Обичните млека за тело бетер ја прават состојбата бидејќи се мрсни
Ги неам користено двава производи конкретно ноо имам користено други производи од козметикиве. Пријатно изненадена од нивната ефикасност, деф би пробала и други производи од нив. Ако нешто ти помогнав хаха
Истите состојки што се за акни за лице можат да се користат за акни на било кој дел од телото: салицилна киселина (BHA), benzoyl peroxide, AHA, PHA, ретиноиди итн. Најлесно ти е да најдеш нешто со салицилна киселина. Не дека мора производот да е наменет стриктно за тело, туку неекономично е да купуваш мало пакување за поголема површина на телото. Ако сепак е помала површина, можеш да пробаш салицилна киселина од REVOX (има во dm и на torba.mk), како најлесно достапна и најевтина варијанта. Друга варијанта е мислам еден гел што се одмива од True Alchemy - AHA + BHA (го има на bellina.mk). Се мачкаш, го оставаш да делува некоја минута, па се миеш. Со користење производи што се мијат го намалуваш ризикот на можна иритација, затоа што времето на контакт е пократко, ама тоа значи и дека веројатно побавно би имала резултати (што не мора да е лошо). Од друга страна, не значи дека ако користиш производ што не се измива, автоматски ќе имаш иритација. Ако пак користиш нешто на база на benzoyl peroxide (мислам дека кај нас е Акнефуг и дека го има и како крема и како гел за одмивање), хидрирај ја кожата, затоа што има и исушувачки ефект. Исто така, знам дека може да ти ги избелува/флекосува алиштата/покривката/перницата, ама не би знаела да кажам дали се случува ова и доколку го измиваш, т.е. не го користиш како крема. Со овие состојки сигурно можеш да најдеш нешто во поголемо пакување и од брендовите што се продаваат само во аптека или coslovemetics.mk, elloxy.mk, skinaholics.mk, olpeo.mk и било која друга онлајн продавница за козметика. Евентуално да порачаш нешто од The Ordinary или The Inkey List, како поевтини варијанти. Нека предложат еве други членки конкретни производи ако користеле, јас се надевам дека ти помогнав со малку поопшт одговор, да знаеш што да бараш, односно какви состојки би ти помогнале. Иако, на крај сепак зависи од целокупната формулација на производот, не само од една состојка. Две креми/лосиони/гелови со иста главна состојка може да не ти се исто ефективни.
Здраво Дали има некој искуство со персонализирана рутина од Магнолија и белина? Дали има некој искуство со овие производи?
Ти благодарам на деталниот одговор. Јас баш гледав на coslovemetics, за овој лосион за тело се мислам.Според составот се надевам дека би бил ефикасен.
Па, има салицилна киселина, има млечна киселина (lactic acid, една од повеќето AHA), има масло од чајно дрво што исто помага за акни (tea tree oil), цинкот мислам помага за регулирање на себум, исто и нијацинамидот.. Ако можеш да најдеш рецензии онлајн, ќе можеш да направиш подобра проценка за реалниот ефект на формулацијата, инаку вака има состојки што би требало да ти помогнат со акните .
Некој ја има користено следнава пена? Дали може да помогне на лице со акни и лузни од акни? https://www.bellina.mk/p/1046/product1046
Пената служи само за да го исчисти лицето од насобраните нечистотии преку целиот ден. Ако ти треба за акни плус тогаш тоникот на Моса со салицилна киселина е одличен,а за лузни од акни витамин Ц серумот на Novexpert
Имам читано негде дека со сок од лимон ако се чисти лицето често, ќе исчезнат акните. Дали е тоа вистина? Има некој искуство со тој метод и какви беа резултатите?
Не е точно, само ризикуваш да си го изгориш лицето: 1. Поради тоа што лимоновата киселина е јака (многу кисела) 2. Поради тоа што лимонот содржи и други супстанци кои ја прават кожата чувствителна на сонце. Погоре во истава тема се напишани состојките кои помагаат за акни.