Здраво, Имам акни и црнки во предлот на брадата и образите. Повеќе имам флеки од акните. Користев само пена за лице и еден спреј. Дали ќе можете да ми препорачате нешто? Ќе ви пуштам и слика во ЛП доколку сакате Благодарам однапред
@Mazegin ако не си правела некое испитување за акните, испитај тоа прво зошто ако имаш некој др проблем, џабе е се што ќе мачкаш. Јас сега акни немам баш напротив лицето е кристално чисто, ама порано имав цело време акни и кога увидов дека проблемот е со хормоните, пиев соодветна терапија и поминаа. Не знам колкав е проблемот. Ако се имаш испитано, пробај со салицилна. За пената, сакаш стрикно да е пена или? Јас би ти го препорачала гелот на береза од НС тој е баш за кожа со акни.
Мене за црнки многу ми помогна ова Еден период имав кренато раце од црнките, и го користев редовно како чистач наутро, па кога се видов после некој период, на брадата и образите ми се исчистиле. Само од овие на нос што ми се не можам никако да се спасам. За флеки од акни имаш поназад мислења а и низ другиве теми разбарај.
Наназад пишав дека тоник со салицилна киселина + серум со салицилна киселина се одлична комбинација во борба против акните. Ти можеш да ја вметнеш салицилната киселина во вечерната рутина и да ставиш хујалуронска киселина после неа па крема. Можеш да го земеш спрејот од цинк на Novexpert Епа не е доволно, пена и спреј што би помогнало? Ти треба и крема за лице. За флеки од акни најмногу помага витамин Ц
Слична сум и јас како тебе. Имам рутина и сум задоволна. За почеток добра хидратација на кожата Ако сакаш можеш да го земеш овој сет има супер цена. Сетов има крем за миење на лице кој ќе го ставаш на мокра кожа, крем за под очи и крема која ќе ја користиш на вечер прво ќе ја нанесуваш на раце па потоа на лице. Секој втор ден ќе ставаш од овој лосион само на вечер пред хидра. крема. Еден ден на цело лице после два дена пауза ќе ставаш на местата каде што имаш акни па после два дена пак на цело лице ... Спојлер Исто така можеш да ја земеш и оваа крема и да ја користиш како ноќна рутина но мене ми е малку поскапа пошо најпрво сакам да лечам акни. За месец ипол би ја земала. После 3 недели го воведуваш во рутина и овој гел за миење на лице. Спојлер Преку ден после кремот за миење на лице обавезно крема со заштитен фактор Спојлер Ќе направам update за две недели .
Драга прати ми слика да видам и кажи од што се појавени акните. Сите акни не се исти. Јас лично не препорачувам киселини па откако ќе те видам ќе ти кажам што мислам да користиш.
Dali moze da mi kazes kolku kosta seto ova zedno? Site proizvodi sto si gi objavila? Здраво на сите, имам мозолчиња на лицето и цеело време ги чепкам (ги корнам) и постојано сум со рани на лицето. Немам некаков проблем како што постојат случаи да речеме претерано многу мозолчиња, ама бидејќи ги стискам и ги корнам со нокти целата сум со "рани". Сакам некој од вас да ми препорача некоја "skincare" комбинација од лосиони, серуми, креми, витамини. Имајте во обзир дека имам 19 години и не сакам некои јаки хемикалии или кремови, нешто на природна база и нешто поевтино, како на пример од DM. Секој ден одам таму и гледам 1000 видови на препарати за лице и бидејќи не се разбирам не купувам ништо. Препаративе многу повеќе би сакала да ги користам секојдневно безразлика дали имам мозолчиња или не, значи ми требаат препарати за чистење на лице, хидратација и слично, а не стриктно за мозолчиња. Очекувам ваши препораки
@fluffyy Обиди се да не ги стискаш никако мозолчињата , тоа најпрво би те советувала. Во ДМ ја има колекцијата на Береза од Натура сиберика и колекциите на Алверде со алги и зелено јаболко, тебе ти треба гел/пена за миење лице,тоник, крема за лице , и крема со спф. Е сега крема со спф од дм не знам да ти препорачам некоја добра. Еднаш во неделата маска можеш да користиш. Доколку имаш комбинирана, мрсна кожа што и да земеш од ова ќе ти одговара Маска, ѕирни ја оваа
Моментално сум на рутина на Магнолиа , сеуште е рано да кажам но забалжувам подобрување , кожата почна да ми дише буквално, си ја осекам сменета структурата на кожата убава хидрирана ,акни имам активни 2 3 не е многу тоа , и мислам дека почнуват малце да ми избледуват флеките сепак ке видеме како и да е сакав да дадам препорака до сите што се мислат дали да почнат со рутина мислам дека нема да згрешите , скоро се што ми препорача да користам е на Lavera и на MOSSA на база на природна козметика
@no name5 од кои производи си задоволна до сега од рутината ? Сетов од 3 производи е 845 ден . Лосионот е 640 ден Гелот oд lavera e 535 ден Levrana крема со spf 795 За хидратација е сетов горе имаш и крем за чистење наутро и навечер и ноќна крема . Ќе ти треба плус крема со заштитен фактор и тоник . Исто моја препорака ти е лосионов од lavera можеби ти е скап ама предобар производ е .За акни и за флеки е . Јас го имам овој производ премногу ми ја прави сува кожата и не видов некое подобрување можам да кажам дека и ми ги довоспали ама сигурна сум дека во погрешно време го нанесував требаше прво да се смири кожата , можеби тебе ќе ти одговара.
Прво според мене, не би препорачала на разранети акни да се користи продукт кој содржи киселина бидејќи страшно ќе ја пече и може да си направи проблем. Исто така и на самите пакувања на серумите пишува да не се користи киселина ако имате разранети акни. Најважно е да се смири кожата,да и се исчистат порите и да и се даде хидратација,па после полека да се вметнат серуми. За почеток гелот на True Alchemy proteins за миење лице сабајле и навечер. Потоа на акните да се нанесува од кремчево за да ги смири,мала количина. И на крајот крема на останатите делови од лицетo. Некое време вака,да се смири лицето а потоа може да се вметне серум. За да се одржува лицето чисто,порите чисти и да се спречува појава на акни. Ова за @fluffyy
Здраво на сите, дали имате искуство со појава на поткожни бубулички во период пред добивање циклус? Бавно и болно излегуваат и знаат да стојат како флеки црвени и откако ќе заврши циклусот подолг период дури и од неколку месеци. Препорака за некоја крема или гел? Благодарам
Здраво, Дали некој знае да ми препорача нешто за флека на лицето имам потемна таква од сонце, а воедно и што можам да ставам на лицево некако безживотно ми е бледо со темни кругови под очите во задње време. Односно не знам ни ја што ми треба ваљда се пошто крема немам ставено од како знам за себе.
Да почнеш да користиш серум со витамин Ц преку ден , значи миеш лице со гел/пена , па тоник , па витамин ц , крема, па крема со спф. Кремата со високо спф ти е нешто најважно од се. Навечер, двојно чистење на лицето со масло за лице, па го миеш со гел , па серум можеш некој др да земеш, со хијалуронска на пример, па крема за лице, плус крема за очи Каква кожа имаш?
Каде одите на чистење? Немам акни туку имам како подкожни црнки и сакам да ги тргнам. Битно ми е нежно да стиска а не ко џигер да си одам
Нормална. Малце сум ваква у моментов од волку креми П.с. некој предлог за сите овие гледам се разбираш јас знам Павловичева (на ќерка ми газот и го мачкам со таа) И секако да не ми требаат 200 евра месечно
Не, и јас сум против да се користат мн работи. Ова ти е наједноставно нешто Јас пишав кои се чекорите. Никогаш не ми текнало да земам да ги користам кремите од децава ама тоа никако не е за нашата кожа доволна нега.. За нормална кожа можеш да ги пробаш следниве работи Плус витамин ц серум. Крема со СПФ е нешто најважно и се користи секој ден по нанесувањето на дневна крема. 30 оли 50 спф фактор. Јас би ти препорачала ама не знам до која цена би дала..
Фала ти, Ја не знам зошто имав мислење дека за се тоа што ти наброја мене 200 евра не ме крпат, дај некоја добра ако знаеш овие баш ќе ги земам уште утре, фала ти најмногу