Не грешиш, но подобро е наутро од причини што е моќен антиоксиданс кој помага во одбраната од слободните радикали. Но ако го ставаш наутро обавезно со СПФ .
Шо к е ова Одамна имав по едно на секое око, сеа имам повеќе на десново Како да се спасам? ако ги стискам боли, да ги бушам со игла?
Здраво девојки ! Нешто за овај проблем? Како флеки ми се направија а имам инаку чисто лице .. Нешто што можи да се користи за време на бременост , ви благодарам ..
Milia само користи ги серумите редовно и користи хујалуронска киселина. Витамин Ц ама дека си бремена би препишала на хормонска база. Иначе Витамин Ц би ти помогнало само соодветен кој ќе можат и трудници да го користат.
Серум со ц витамин користев и на биодерма ptotoderm m. Биодермата за да спречиш понатамошни пигментации а со вит ц да ги средиш веќе постоечките.
Да, немав пигментации подоцна и таа една флека што ја имав се изгуби. Прво серум со вит ц на чисто лице сабајле па по него биодермата. Битно е после ц да ставаш спф фактор за да нема дополнителни пигментации од сонцето. Да ти напоменам дека оваа од биодерма е пигментирана и јас ја користев и како замена за пудра. Ако не сакаш да користиш пигментирана спф тогаш барај спф со физички филтри.
Заследи ја magnolia.glamour на инста. Баш на почеток на месецов имаше пост за рутина за третман на акни и флеки на грб. Рутината и е со on a budget производи.
Гел за миење лице за сува кожа, хујалуронска киселина и крема за лице ( Софора Јапоника Snow Cladonia или So bio etic rich cream )
Здраво, дали некој го има правено Hydrafacial третманот во Жан Митрев,какво беше вашето искуство и колку чини истиот ?
Здраво, дали може да ми препорачате нешто за лице со акни? Се работи за девојче 12години. Најизразени се на брадата и челото. Не знам што да и купам, не сум имала никогаш проблем со акни, со друго да, ама акни не, не знам што да и земам
Да ми препорачате нешто за флеки од акни? Користам акнефуг ла рош цикапласт и спф, акни не ми излегуваат веќе ептен некогаш ретко пред менструација, но флеки ми останаа