Ја како помала, мислам пред 17 така, користев на Young Derm производи и супер беа. Можеш и на Афродита пената да ја земеш, ништо страшно не е.Ја обично сум ги стискала, ама не е добра идеа тоа
Може да го проба гелот за миење лице и тоникот на Береза од Натура сиберика. Но еве и мојата ќерка е таа возраст 11 години и има акни особено пред да добие , па ќе исчезнат некое време, па пак ќе се појават. Таа возраст се е до хормоните
Алфа арбутин или азелеична киселина. И двата производи ги имаш од ревокс и ординери. Азелеична во нешто повисока концентрација има од тру алхеми. Јас еден период го користев едното па после другото, навечер. Секако обавезно спф наутро ако ги користиш.
На ла роше да го видиш тој како поефтина варијанта,или стриктно на Novexpert. Јас од вториот сум задоволна, можеш и наутро и навечер само наутро стави спф крема поголем фактор.
Да пробате со рутина со производи од Новекперт? Пример: Сабајле : Гел/пена за миење лице, серум, тоник(може ама и не мора) и спф. Навечер : Двојно чистење. Маслен чистач/гел или пена, серум, тоник, крем за хидратација. Серумот е препорачливо да се користи 3 пати дневно локално на акните на сува и чиста кожа. Јас лично го користам два пати дневно наутро и навечер после миење на лицето. Прво почнав со серумот и гелот од оваа линија и можам да кажам дека ми го смирија лицево за краток период што ги користам. Овие ги користам моментално и планирам да ги вметнам маслото и пената за чистење.
Е фала ти баш, може да ми кажеш каде ги купуваш? И ако не е тајна кока возраст си ти, дали се препорачливи за деца 12год? Ја фалеа доста пењата, ќе и ја побарам и таа да видам, фала ти. Ако ги стиска ништо работа, она има многу бел тен, и лицето од самите акни и црвенее, ако ги стисне мислам ко рак ќе биде Па и јас мислам до хормоните дека баш пред некој месец доби циклус, ама нејзе и се постојани... и јас ко тинејџерка имав акни пред циклус, ама на братучедкава и се постојани, нема пред, од после или за време на циклус, значи цело време и велам и поздраво да се храни, ама не ме слуша, се чипсови, мајонез... тетка ми дома не и купува, ама она на школо си зема сама. Може толку да и реагира храната плус на хормоните или нема врска што ја карам?
Има влијание и храната , секако. Сега деца се знам, сакаат да си јадат се , ама колку може да намали со чипс, мајонез и сл. Кажувајте и дека не е добро ете за акните па за здравјето општо. Големи се разбираат само ете инат водат некогаш. Хормоните имаат голема улога, има деца што имат помалку ални, некои имаат повеќе. На некои им поминува за некоја година на некои подолго. Може да користи и нешто од козметика но мислам за таа возраст доволно е да се одржи чисто, не премногу работи.
@Vanilla15 И ова го иам користено.Помага исто ептен, на 17-18 се шлапав со ова Тоник е, се брише навечер и сабајле и не се мие.Има и 3 во 1 од истово вејс ваш, маска и скраб, и тоа го користев.Некои 2 год ги користев активно, ама се заситив и преминав на Афродита сеа од брзо.Во ДМ ги има иначе и исхраната да, ко шо вика @koritsaki , помалку мрсно, џанк фунд, чоколади, мајонез.Во пубертет е сега, на крај краева нормално е.Ја во пубертет пример немав акни, чат пат таму некоја.На 19 ми почнаа кој како си ја наредил
Со земав Вит Ц на Монодерма за лице, прашањето ми е дали морам насабајле да го мијам лицето после со сапун или може како и до сега само со вода. Немам некоја проблематична кожа сеа имам некои потемни делови као флеки од бременост и да пробам со ова дали ќе се исчисти или дајте ми совет што да земам.
Ако ми дозволите прво најголема грешка е двојно чистење затоа што не само што ја ослабнува природната заштита на кожата, туку во случај на акн и ја влошува состојбата затоа што кожата нападната принудена е да лачи повеќе себум за да направи баланс. За 12 годишно девојче што поедноставно нема потреба од многу производи важно е убаво средтсво за миење и хидратантен крем. Јас би ти препорачала ова: https://www.bellina.mk/p/836/trio-zinc-penliv-gel-za-litse-protiv-akni-150-ml https://www.bellina.mk/p/105/calming-krema-za-litse-za-normalna-i-mrsna-kozha-50-ml
Мислам со игла танка малце да ги буцниш да излезат, и дезинфицирај после ќе заздрават за некоја недела. Дали употребуваш многу мрсни креми шо не ти одговараат на лицето?
Има влијание и храната, треба да пие повеќе вода, да јаде поздрава храна (салати) но мала е нормално дека сака чипс, мајонез и слично. Според мене повеќе се хормоните и не треба тоа да ја плаши, нормално е на 12 год да се појават, кај некој повеќе кај некој помалку, само ич да не се замара ќе поминат со време. Еуцерин козметика за акни помага, ќе земите се од пилинг, гел, серум, крем и коректор имаше овие се наменети за акни, се надевам ќе и помогнат со редовно користење. Се надевам не клава многу пудра пошто полошо може да и направи.
Многу ти благодарам Не става ич пудра, само маскара и ајлајнер ама ретко ептен, на роденден кога е пример. Фала и на тебе, ама прво со советот на Биодевојка ќе пробаме, понежно ипак, на природна база @Feminka22 и јас имам такви, bumpy skin ги дава на слики, земав гел од CeraVe за миење лице, исто и крема for bumpy skin ама ништо не напраив. Ако им го најдеш чарето, да ми кажеш
Здравоо @buba4e89 , де и мене помогни ми те молам, сега за себе си прашувам имам такви ко на Феминка, milia ги нарече ти. Користам на CeraVe гелот за миење лице и кремата, ко комплет што се rough and bumpy skin, веќе два месеци ама ништо не гледам разлика. Ќе поставам и слика, освен тие белите имам и мали исти црвенки. Ги имам и на рацете, се мијам таму со биодерма атопи контрол и лосионот, ама таму ок е, се држат под контрола. Има и мајка ми, баба ми на лицето пример вака ко и јас ама белите само, има спас или генетиката е таа ? Извини на замарање, ама најактивна си во овој дел
Јас го користев Cerave зелениот и не ми помагаше воопшто, веројатно и тебе не ти одговара. За milia е потреба хидратација, така што гелот за миење лице нека ти биде True Alchemy proteins воведи серум наредниве три месеци Ниацинамид + Хујалуронска наутро (Можеш да избереш меѓу True Alchemy, Revox or Ordinary) крема за лице ете тие биодерма што ги имаш и крема со спф Лавера или Леврана 30ка. Навечер воведи салицилна киселина + Хујалуронска киселиа и на крај крема. Важно е да се придружуваш до рутината, на ниацинамидот може да реагира кожата ама може да се замени со тоник на Береза Сиберика зелениот и да се комбинира со хујалуронската киселина и кремите по правило. Би ти препорачала пред употреба да направиш тест на рака да видиш како ќе имаш реакција на кожата. Помеѓу оваа рутина измеѓу деновите односно еднаш неделно можеш да вметнеш Aha/Bha црвениот пилинг на Ординери и тој да го нанесуваш самостојно навечер по 5мин затоа што е киселина и се осеќа пецкање(зависи од степенот на толеранцијата твоја). После него ставаш крема и тоа е тоа. Важно е да се придружувате до рутините и правилно да ги користите. Инаку јас лично само едно шишенце потрошив од салицилната и повеќе не и се вратив затоа што немав потреба. Мрсната кожа бара нега и одржување на себумот за жал не може да се острани трајно,со целосно посветеност на лицето може да има здрав и свеж изглед.
Ќе можеш да ми предложиш што да земам, имам нормална кожа. Тотално сум аут кога се работи за козметика. Вчера вит ц ставив пред да си легнам, сабајлево се измив само со топла вода и ставив крема за лице од алверде.