Јас пак чекав одма резултати да имам, мн флеки ми се направија од горењето аи 2-3месеци да шетам ваква
И јас така бев нестрплива, ама тоа е. Само не ја користи секоја вечер, ја суши кожата многу. Купи и некој коректор.
Дење користам хидрадатни крема а навечер само на местата ставам сона, ама мн е споро заздравувањето и повлекувањето веќе 2 недели ја користам
Навечер не ставаш хидратантна? Ако не ставаш тоа ти е грешка. Спф наутро обавезно, бидејќи и Соната е вид ретинол во послаба форма. Флеките нема така брзо да исчезнат само со хидратација. Јас имам приметено порано кога не користев спф многу долго им требаше за да се залечат.
Како навечер да ставам хидрадатни крема? Мене соната ми ја препишана само за навечер и само на акните и сега како да ставам и хидрадатни крема?
Како само за навечер? Како последен чекор? Мораш да го хидрираш лицето штом користиш Сона. Можам да претпоставам кој доктор ти ја има препишано, бидејќи и мене истото ми се случи. "Еве ти Сона, локално ставај само на акните" ни совет ништо друго, си го упропастив лицево, дека нели локално само на акни без хидратација, не можев да се допрам за лице. Па овде пишев и барав совети како се користи. Пиши горе на пребарувачот Сона има многу мислења. Еве ќе ја тагнам и @IM.TMKQ има искуство.
После соната, откако ќе се впие, нанеси хидратантна на цело лице. Ако соната многу ти го суши лицето, можеш сендвич методот да го применуваш, хидратантна, сона па повторно хидратантна. Без разлика дали соната ќе е пред или после хидратантна, истиот ефект ќе го добиеш. Ако ја користиш за флеки тогаш во ред е само на тие места, ако ја користиш и за акни тогаш треба на цело лице. И најбитно наутро спф. Без спф потешко се доаѓа до резултат. Соната да помага, но без спф процесот ќе е побавен и плус се ставаш на ризик од добивање темни флеки, кои се резултат на незаштитено изложување на сонце.
Крема со заштититен фактор. Таква каква што нанесуваме на тело при сончање. Има посебни за лице, зависно типот на кожа. Има голем избор во аптеките. Може и тие за тело да се користат, доколу не ти се многу тешки на лице или не ти предизвикуваат некој проблем. Има теми на форумот за спф, може да разгледаш.
Дали има кај нас вакви или дали знаете некој профил на фејсбук или инстаграм што врши достава низ Македонија?
Маслениот чистач со протеини и пената на Pulp de vie од Белина, а балмот и пената на Iunik од Olpeo, Coslovemetics или Elloxy. Ги имам сите пробано и се многу нежни, не ја пресушуваат кожата, моментално го испробувам и овој гел и можам да кажам дека е одличен. Исто од Белина е.
Гелот на Новексперт еднаш дневно наутро. А навечер двојно чистење со балмот на Hemish и пената на Iunik моментално. Наредно маслото и пената на Новексперт сакам да ги пробам
Предлог производ за црвени флеки од акни, да не е ниацинамид? Користам салицилна и хијалуронска, гел за чистење, тоник и крем.