Ќе го споделам моето искуство со Сона кремата. Ја користам скоро 11 месеци секоја втора вечер а видливи резултати имав дури после 9 месеци. Бидејќи не ми беше дадено детално упатство како да ја користам од страна на дерматологот прво кремата ми ја уништи кожната бариера и добри 6-7 месеци кожата ми беше во полоша состојба во споредба со тоа каква ми беше пред да почнам да ја користам. На почетокот после двојно чистење навечер ставав само Сона, крема за очи и толку. После 2-3 месеца почнав да ставам хидратантен серум пред Сона-та и така терав со месеци, но не беше доволно и лицево ми стануваше се полошо. Бев спремна да прекинам со користење ама почнав да читам по интернет и открив дека ми фали хидратација после нанесувањето на Сона кремата. Последниве неколку месеци рутината кога користам Сона е следнава: двојно чистење, серум со хијалуронска киселина, крема за очи, богата крема околу устата, носот и сензитивните делови, чекам неколку минути да се впијат во кожата и ставам од Сона-та. Потоа чекам 20тина минути и нанесувам крема за лице. И секако СПФ користам секој ден, уште пред да ми биде препишана кремата. Се е индивудуално, но сфатив дека мора да се има трпение и да се користи соодветно за да има резултати.
Јас сум тотално разочарана од соната немам резултати Ставам хидрадатни крема прво па после соната навечер дирекно на акните... И ништо
Треба да и дадеш време, како што имаат пишано и други членки погоре. Не очекувај резултати преку ноќ, требаат неколку месеци. Доколку после неколку месеци не гледаш никаков бенефит, тогаш можеш да прекинеш со користење. Исто така Соната не се користи како spot treatment директно врз акните туку треба да се користи на целата површина каде што излегуваат за да се спречи понатамошно создавање. Погледни го баш видеово и Диферинот како и Соната содржи Адапален.
Јас сепак не можам да чекам 10 месеци за една сона, некое друго чаре ќе барам, има некоја друга крема што дава подобри и побрзи резултати?
Нема поефикасни креми, барем ја нема таа најефикасната кај нас. Друга опција ти се третмани кај дерматолози/естетичари, но дури и тогаш мислам се комбинира со вакви креми. За ептен, ептен сериозни акни се препишува и апче од страна на дерматолози, ама има големи нус-појави, затоа не се дава на секој и не се препишува така лесно; генерално кога веќе ништо друго не помага. Кога се работи за кожа, ретко има брзи решенија или барем тие решенија немаат долготраен ефект... Слично е како исхраната и брзите диети. Ти препорачувам да поработиш на трпение, на долготрајно држење до рутина и неочекување дека нешто ќе се смени од денес за утре или по една седмица, па и месец, отколку да се вртиш во круг и да испробуваш работи кои само ти губат време и или не ти помагаат или привремено имаат ефект. Акните, иако се гледаат само како естетски проблем, сепак се болест на кожата. Исто како што не би очекувала некоја болест да ти помине веднаш, така не треба да очекуваш и акните да ги снема наеднаш...
Таа појаката крема како што кажа членката ја нема кај нас. Може да додадеш и Азелаична киселина, и алфа арбутин (така мислам се вика). За избелување се. А и види третман со киселини кај дерматолог. Стрпи се барем два месеци.
На челото кај што ме гореше Сао флеки сум, не верувам дека ќе ме опорави соната Можеш слика да ми пратиш од креми со тие состојки?
Од Revox се, ги има во ДМ по пристапни цени. https://www.google.com/search?q=rev...ryB8YQ_AUoAXoECAIQAQ&biw=393&bih=671&dpr=2.75 https://www.google.com/search?q=rev...jUAEgQ_AUoAXoECAIQAQ&biw=393&bih=671&dpr=2.75
Предлог за некоја super simple рутина за машко што има повремено проблем со болни огромни (најчесто поткожни) акни на образите? Нешто за сушење на акните, како и за нивно полесно зараснување? По можност од ДМ.
https://www.bellina.mk/p/836/trio-zinc-penliv-gel-za-litse-protiv-akni-150-ml https://www.bellina.mk/p/837/trio-zinc-serum-protiv-akni-i-fleki-7-ml?categories=61 https://www.bellina.mk/p/1205/calendula-krema-za-litse-i-telo-so-spf30-100-ml https://www.bellina.mk/p/1054/youth...a-za-site-tipovi-na-kozha-50-ml?categories=41 Наутро е доволно миење на лицето само со вода, по 10 минути откако ќе се исуши добро кожата се нанесува од серумот само на местата каде што има акни, па се чека пак 10 мин и се завршува со спф. Навечер миење со гелот, пак истата постапка со серумот и крем за хидратација. Јас моментално ги користам серумот, гелот и спф и можам да кажам дека ми делуваат смирувачки на акните. Серумот ги суши за 2 дена, за болни акни е топ.
Прво да испиташ од каде ти се акните дали се хормонски? Кога имав проблем јас користев skinoren навечер само не се купва во дм туку од аптека
Скинорен нема во мк 2/3 години. Јас од Грција купив на друга фирма азелаична 20процентна, ама додека не средив хормони се друго немаше ефект.
Можи, не знаев, јас го користев пред години и ми помогна, многу работи пробав немаја ефект, со него ми се исчисти лицето