Женски дали знаете која или кои активни компоненти се најпогодни за затворени комедони или белки. Да ми препорачате некој серум крема. Редовно го чистам лицето, го користам тоникот на Mossa со салицилна, никацинамид, меѓутоа состојбата е иста.
Многу, втора веќе користам, долго трае, многу е лесна на кожа, се впива убаво. Па не верувам бидејќи ги имав тие акни, уште пред да почнам да користам било што. Не ми се влоши состојбата, само што не исчезнуваат.
Штом така,треба да правиш пилинг на кожата или маски да користиш. Инаку јас ги имав ама сега не се толку многу по една две на брадата и носот пред добивање.
@K.e.ll.y а да пробаш да го тргнеш ниацинамидот и салицилната киселина? Може не е до тоа ама чисто да пробаш затоа што мене ми правеа многу проблем. Кога го ставив фокусот на хидратација и редовно чистење и грижа за лицето акни веќе немам
Кремата на Cosrx Snail 92, содржи Stearic Acid и ако имаш мрсна кожа, таа би можела таа да ти ги запушува порите. И јас имав такви и искрено подолго време требаше за салицилната да ги отстрани, за разлика од нормални црнки.
Есенцијата и кремата имаат приближно ист состав? Затоа што имам јас таква проблематична кожа ама не ми прави проблем
Предлог за салицилна киселина? При крај ми е тонерот на Mossa, па би сакала да се вратам на серум, само да не е Revox.
Дали може некој да ми препорача комплет се за нега на сува и чувствителна кожа со повремени акни? Мислам дека се што ми е пробано повеќе ми штети и не знам веќе што да правам.
Некако нема логика тонерот, или серумите да ѝ прават whiteheads, посебно не нијацинамид, или салицилна киселина. Stearic Acid е fatty acid и затоа може кај некои луѓе со мрсна кожа да ги затне порите. Пробај го серумот со салицилна на True Alchemy, го имаат фалено низ темава. Мислам дека и @buba4e89 го има користено.
Јас од True Alchemy ич не сум задоволна. Еднаш зедов салицилна пошо немаше од Ревокс, полошо ми стана лицево и го фрлив.
Искуство со Биодерма себиум хидра? Имам комбинирана кожа склона кон акни и сеуште сум под терапија за акни