Some by mi 50ка фактор има некој искуство? Пишав и пред некој ден дека кожата од еднаш ми стана хаос. Секогаш имав чисто лице и ретко кога една до две бубуљици пред да ми дојде. Сега не можам да се спасам премногу е критично. Ги сменив производите за нега, купив нова крема, нов тоник, млеко за лице, гел против акни. Резултати минимални, неколку ќе се исушат и ќе пројдат нови излегуваат. Нема крај буквално.
Да не почна да пиеш многу млеко или да внесуваш повеќе шеќери? Често знае да биде и од тоа. Исто и од б6 или биотин ако си почнала да пиеш.
Б6 имам пиено, зошто би можело тоа да ми смета? Пред два месеци се беше во ред, тогаш косата ми паѓаше, сега со акни проблеми. Единствено што е сменето од тогаш е тоа што почнав да пијам АД и доста стресен период имав.
Мицеларниот гел е одличен го имам користено јас. Еве повели видео со употреба и ефект на производите за масна кожа на Оливал.
Здраво девојки Околку мојот проблем со акните што на дерматолог ми ги гореа со течен азот и изгледав како цело стадо оси да ме искасале па ми ја препорача соната докторот и никаков ефект не видов од неа, абев само акни и страшни флеки, решив да употребам свинска маст и невен и резултатите ми се перфектни немам ниту акна ниту флека, пак ке кажам соната е губење време
90% од козметиката за лице што ја користам ми е од таму. Мн брза достава, коректни се и во продавниците. Само пофални зборови
Најмногу производи од таму ми помогнаа за лицето, претежно корејска козметика, малку е поскапо за наш стандард реално но барем знаеш дека ќе има резултат, особено some by mi и iunik производите.