Салицилната јас ја користев за milia што ја имав ама мене резултат ми даде после два и пол месеци. Тогаш ми беше првото шишенце. Сега пак ја пробав за овие поткожниве но некако не ми ја сака кожава киселинава па спас најдов во тоникот од црна рибизла на Моса. Содржи салицилна киселина и многу убаво ми го смирува лицето и забележав дека тие неколку се повлекуваат. Треба време не може да даде резултат веднаш. Јас го користам секоја вечер и после него ставам крема.
Здраво ,сакам да прашам дали има некој искуство со големи сипаници(кај возрасни) ,некој од искуство да ми каже како поминува тоа,од што? и слично
Немаш нешто какo spot treatment? На изглед како брадавици а уствари акни? И мене ми излегуваат такви. Досега најефикасно за нив ми се покажало ова https://www.bellina.mk/p/837/trio-zinc-serum-protiv-akni-i-fleki-7-ml
Здраво Дали некоја користелс рутина од coslovemetics? Како сте задоволни? Дали има видливи ефекти после одреден период? Фала
Јас моментално 2 недели и за резултатот досега сум задоволна, не ни очекував некој кујзнае каков брз резултат бидејќи лекувам флеки од акни, но кога споредувам слики на некои делови се исчезнати, намалени, избледнети
Не секогаш на 3недели некогаш на месец,месец и половина И да рутината ми ја менуват не секогаш исто користам
Кога некој ми е при крај им пишувам па со нивни совет или продолжувам со истиот производ или ми препорачуваат друг Досега се имам искористено па друго почнато
Дали некој има искуство со азелаична киселина на Тру Алхеми од Белина? Дали на местата каде што се става ја иритира, суши и лупи кожата? Дали може да се става секој ден? Прашувам за 13 годишно девојче.
Прашуваш за кремчето со азелаична или за некој серум? Ако е за кремчето, јас го имам користено. Секој втор ден на места со акни, флеки, лузни и црнки. Немав никаква нуспојава.
@Annath Јас го користам и постигнав одлични резултати на комедогените акни. Не ја суши кожата, а мојата е сува на образите. Го користам вторник, четврток и сабота само на акни, црнки и флеки.
За кремот прашувам. Фала за споделеното искуство. Фала за споделеното искуство, ќе пренесам. Кога ја купувала, на девојчето и рекле секоја вечер да мачка. Ама јас бев скептична, па реков да препрашам тука.