Девојки јас само со помош на Магнолија си го исчистив лицето, какви не глупости купував пред тоа, се што ќе видев, фрлени пари, како не имаше некој со време да ме подучи е сега не е и нешто многу ефтино, ама не е ни па прескапо, кога се работи за лице мислам дека вреди секоја пара, така да ако ја контактирате Магнолија за рутина нема да погрешите
Пишав на сајтот од bellina, сите производи се од таму, веќе неколку месеци ја имам рутината, на неколку недели и испраќам маил и кажувам каква е состојбата со лицето, значи комуницираме. До сега се ми е ептен погодено, има голема промена, баш сега пред некој ден се видов со другарка и ми вика како го среди лицето
Феминки незнам дали е најсоодветно овде да го поставам прашањето....дали некоја од вас имала бели ситни точки на усните? (слика подолу преземена од нет)
После 6 месечна терапија со Јасмин, лицето целосно ми се исчисти и резултатите беа зачудувачки. Ова траеше се до 3тиот месец откако ја прекинав - со што сега се се враќа по старо буквално преку ноќ... Користам одлични производи и не ја менувам рутината што значи не е до тоа.. Причина за акните ми се полицистични јајници. Ми препорачаа сега да пробам на природна база чај и капки. Конкретно, дали некој има искуство со чај од билна аптека ( микс од ајдучка трева и не знам уште што ) и капки вркута?
Jасмин за хормони ти дадоа? Инаку да, од Јасмин и мене истото ми се дешаваше. Јас ги пијам за нешто друго.
Да имав хормонален дисбаланс поради пцос и циста од 40мм која за среќа пукна пред да ја почнам терапијата. Ми ги дадоа за да не ми се ствараат цисти понатака и акните да ми се повлечат, што така и беше ама еве сега..хаос..
Здраво девојки, дали некоја од вас некогаш имала или се сомневала на фунгални акни? Ако може да ми каже дали има надеж тоа да се излекува и дали повторно се појавуваат? ❤️
Видов неколку (многу) страни поназад за Niacinamide, кој го користите тие што користите и дали сте задоволни? Многу осетлива кожа + дерматит имам па не ставам многу продукти освен хидратантна крема/спф/коректор некогаш, но имам црвенило од акни од пред неколку месеци што до сега требаше да го снема а и пориве ми се чинат зголемени. Читам дека помага со тоа нијацинамид, па некој совет? ( и за други продукти ако имате топла препорака)
За фунгал акни го препорачуваа кремчето со азелаична киселина на true alchemy. Инаку би требало да испиташ хормони.
Јас мислам подобро да го избегнеш нијацинамидот обично супер делува на мрсна кожа со проширени пори , но еве иако и јас инам мрсна кожа хаос ми го направи лицето. Не ти го препорачувам во никој случај. За порите доволно ти е чисти да ги одржуваш, не можат да се намалат за жал. Хијалуронска и витамин ц можеш да воведеш. Јас моментално наутро користам вит Ц , навечер хијалуронска на влажно лице. И крема со спф обавезно, зошто прочитав дека понекогаш користиш..има и такви креми баш за луѓе со дерматитис..
Најдобро е да не користиш серуми бидејќи имаш осетлива кожа. Да користиш креми кои содржат витамин Ц. За Дерматитот би ја тагнала @Biodevojka
Девојки дали може да ми препорачате целосна рутина за нега на кожата. Вака, имам комбинирана кожа (повеќе сува), пред некое време лицето ми беше хаос, ајде земав корејска козметика тоник, крема, спф крема и малку се подобри. Сега на чело еден куп акни значи нон стоп излегуваат нови и оставаат лузни. Не знам што и како да користам, не сум во можност ништо од белина да земам, во странство сум ако може некој да ми каже што и како да користам за овие флеки и да спречам да ми излегуваат нови акни. Инаку имам осветлива кожа и ми треба нешто нежно ама да делува и со пристапна цена.
Препорака за продукти? Воопшто не се разбирам од вакви работи, и најверојатно ќе го купам најевтиното па после ќе се чудам а цело време ми е 'мрсна' кожата и од кортико кремата, не знам и тоа дали влијае негативно.
Да и јас би ја тагнала @Biodevojka ако може нешто да препорача за ваков тип кожа, има големо познавање во врска со состојките на производите.
Епа hi @Biodevojka, да прашам експерт, што би препорачала? Имам себореичен дерматит и лицево некогаш ми е хаос па затоа одбегнувам серуми креми едно друго, некогаш користам белосалик (само тоа помага кога ми се лупи кожата) и пчелин мелем, крема универзална на здраве и крема/спреј со СПФ. И пак не се смирува кожава, црвенило од стари акни си носам со месеци, и многу груба е.
Дали ако не користам одреден период ништо за лицево ке ми стане посува кожата Лицево ми е хаос користам се како што користев и предходно,но променивме држава стрес и незнам дали е можно и тоа да ми влијае на лицево Јас мислам дека е нешто внатрешно акни вакви никогаш не сум имала Големи болни на допир и при говор околу устата ме болат Незнам дали одреден период само да се мијам со вода наутро и навечер и ништо друго да не ставам или сепак да си продолжам со се што си користев досега Акните ми се сите околу брада и долж коската до уши на други места никаде немам Воспалени црвени големи многу грозно изгледаат Секој совет ми е добредојден