Каде живееш? Ќе тргнам од себе дека влијае промената на местото на живеење на кожата (времето,воздухот,водата) е точно бидејќи во Мкд имав чисто лице,а овде за кратко време имав milia. Не помага само вода,треба и нега на лицето, па би те прашала каде живееш и што користиш за акните?
Овие производи ги користам 4месеци Сега веке една недела ексфолијантот и ниацинамидот ги исклучив оставив само на хидратација и чистење на лицето но пак немам некое подобрување Иначе се преселивме во Германија пред месец ипол и одкако дојдовме после недела дена лицето почна да ми се влошува
Уф од овие ништо немам користено, на notino.de имаш на натура сиберика продукти,побарај да не има и други.
Ке почекам уште една недела ако не ми се подобри состојбата ке пробам да сменам производи за лице ако и тоа не биде ке барам дерматолог Многу ме чешат,акните повекето не излегуваат на површина местото црвено акна се формира но останува во внатрешноста ептен мал дел излегува Акни се ме болеле некогаш сум имала и овие болат ама да ме чешат досега не Ке проверам баш на таа страна Скоро сме дојдени и незнам баш страни со добри продукти еве ѕи благодарам што ми ја кажа таа страна
Благодарам мила. Драга ако не ти е тешко испрати ми слика во приватна порака и објасни ми досега што имап користено и каква ти била рутината за нега на кожата.
Еве ке ја тргнам @Biodevojka се надевам ке ми помогне ти пишав и лп Имам проблем што досега не сум имала Акни болни кои чешат ме полудуват плус огромно црвенило околу нив Неможам да спијам на страна никаков контакт нрможам со лицево Чувствувам дека тој дел ми гори внатрешно Прашав за дерматолог овде најрано термин ми рекоа во Ноември Незнам како се цените овде за приватно но сигурно е скапо многу Попладне ке одам да прашам до аптека дали можат да ми помогнат нешто бар да не ме чеша толку многу И некоја друга ако има било каков совет ми е добредојден
Спојлер сликата е малку од блиску затоа Што може да е и што да мачкам Меѓу веѓите ми се појавува плус одам со восок ми ги средуваат. Си мислев инфекција да. Не е
Јас за ова би одела на проверен дерматолог. Не ставај свашта, за ова најдобро консултација со доктор.
Хидратантна крема која хидрира убаво Ми дадоа еден крем на места каде ставам почна да ми се лупи кожата Без силикони без парфеми сакам некој природен крем Лицето ми е во многу лоша состојба па не сакам да ставам работи кои би ми направиле уште поголем проблем
Предлог третман за флеки од акни во ординација/козметичар кој е појак? Не сакам ензимски зелени пилинзи и сл каде треба 10 третмани за да се забележи подобрување.
Здраво девојки, како најактивна тема за лице решив тука да прашам. Од дерматолог ми се препорачани да ги користам акнефуг гелот за миење лице и кремата сона. Сакам да ве прашам како се справувате со несаканите влакна на лице ( веги и надусници ) додека ги користите овие производи? Пробав еднаш со восок, но ми се појави црвенило како да отстранив и дел од кожата, наликуваше на мала изгореница. Ве молам за совет
Бричење со тие бричевите за лице што се. Јас не сакав да ризикувам да се депилирам. Еднаш пробав и исто како тебе.
Се плашам да користам такви бричеви да не се намножат многу влакна некоја друга алтернатива нема ли? Некој да пробал депилација со конец или нешто друго?
Јас се депилирам со вит лентите надусници и за да не ти се трга дел од кожата убаво загревај ги меѓу раце, јас од така кога правам немам проблем инсче исто ми се дешаваше, е сеа ако е со друг вид на восок не знам решение