Нема да се намножат , во никој случај немој да користиш ленти се додека си под терапија со акнефуг и сона , тогаш кожата е многу чувствителна .. и јас сум под истата терапија и си користам од брисевите за лице..
Себореја или псоријазаа.... Јас имам себореја но таа најчесто е на образите измеѓу носот и лицето кај вратот и сл.... Сепак мораш да отидеш на дерматолог да ти даде дијагноза, и да не земаш масти со кортикостероиди ќе си отвориш друг проблем Ако е себореја во прашање пиши ќе ти објаснам како да ја смириш
Здраво Ми треба мислење за производите на Eucerin и La Roche Posay што се за мрсна кожа и кожа сколна на акни кој според вас е подобро и ви се има добро покажано?
Еуцерин имав пробано еднаш еден гел за лице ама не ми се допадна. За Ла рош имам пробано се од линијата ефаклар за мрсна кожа , особено гелот го обожавам и го имам купувано милион пати до сега, одлично го чисти лицето. Особено летен период гп користев. Лосионот за лице од истата линија мн ми се допаѓаше исто. За кремите исто ок беа само дека немам проблематично лице не можам да кажам со сигурност колку би помогнале при акни. Секако зависи и од типот на акни ако се хормонални ќе ти треба терапија од лекар
Еуцерин моментално го користам гел кремот спф 50 оил контрол баш наменет за масна и проблематична кожа - за мене одличен. Друго од еуцерин немам пробано. Од Ла рош го имам користено синиот ефаклар гел ( одлично чисти, но многу ја суши кожата + прејак мирис ми има ), ефаклар Х гел ( најдобриот гел што го имам пробано, како крем-гел што ја смирува кожата одлично чисти, го користев баш кога состојбата со акните ми беше најстрашна и одлично се покажа ) и Толериане гелот го користам моментално океј е иако е за сува кожа мене супер ми се покажа за комбинирана кон масна, убаво чисти и шминка и спф, лицето е хидрирано отпосле. Ама ми здосади некако дека пакувањето од 400мл и би го мењала
Здраво девојки дали некоја има проблем со дупчиња на лицето од акни и дали некоја правела ласерски третмани да сподели искуство колку е задоволна ?
Повелете линкче од страна каде ги пишувате состојките на производ и ти кажува која може да предизвика акни https://www.sezia.co Сабајлево ја открив, се надевам ќе ми/ви биде од корист.
Еве сум јас пак. Хормоните се ми во ред. Се случува промена на моето лице и ми излегуваат акни само на чело и брада. Челото ми е хаос големи, болни и црвени акни не можам да ги допрам колку боли. Една пројде три нови. Не знам веќе што да користам, купив ниацинамид од the ordinary за флеките барем. Ако имате предлог пишете ми.
Имам проблем со бубулиците.Често ми се појавуваат.Ако знаете добри производи што ќе ми помогнат препорачајте.
Хормони топ, а пак со овие чудни бубулици мака мачам веќе 2ра година. 29г имам, во живот не сум имала бубулици, во пубертетот немав, сега имам. И тоа едни грди, болни, длабоки... Освен на лице и по тело (рамена, грб) ми се појавуваат. На лицево се на исто место (меѓу очи, доле на брада и лево десно до ушите). Сабајле може да немам, а до вечер од нигде никаде да жбувне одеднаш. Ме зачуди последниов пат горе на десно рамо 3 одеднаш и до вечерта под плешка десна уште три одеднаш блиску едни до други, големи, болни, пукаат со бело... Пазам, здраво јадам, вежбам. Од што може овие да излегуваат? Што да проверам... Што да пробам да исфрлам од исхрана? Меѓу другото лицето ми е добро хидрирано, ниту мрсно, ниту суво... Ми излегуваат инаку и пред мензис и по мензис, меѓу, тоа нема врска а со нив...
Дали некој може да ми помогне, ќе полудам многу е полошо во живо, уште поцрвено и освен на чело се спуштаат и надоле.