Девојки, вчера ми се појавија белки во делот на брадата, не млечни точки, ниту акна туку само бели точки (што можат да се пукнат), не знам точен термин за ова. Во неделата бев на плажа и мислев да не ми е од спф факторот дека не користев за лице посебен туку блек ап. Или од некоја храна или недоволно вода не знам. Прв пат ми се случува и не знам што да правам како да ги третирам. И претходно сум имала по некоја од мрсна храна или мајонез ама овие 10тина се... Го измив лицето со гел ама не знам друго што да ставам. Ви се случило нешто слично?
Да, сува ми е. Користам себа мед крема со витамин е и на балеа кремата со уреа. Имате ли некои препораки бидејќи очигледно нема фајде од овие креми?
Една од овие две креми La roche posay cicaplast baume b5 или на Dr.Konopka портокаловата, одлични се за сува кожа
За акните Effaclar duo plus кремата можеш да ја пробаш @Elence93 мислам рече и помогнала за акните , читајќи те немаш проблеми со хормони, па ако ништо не помогне од горенаведеното, да се обратиш и кај некој дерматолог. Јас имам искуство само со хормонски акни
За тие највеќе ми помогнал glow cocktail серумот на Моса. Со витамин Ц е. Блек ап се става на цело тело но не и на лице,за лице си има посебно.
Тоникот гликолна киселина од стокомак морам да го пофалам, одличен е за цената. Помалку од 200ден. Планирам да го земам и тој со хијалуронска киселина. Летово се борам со масна кожа па најдов нешто добро конечно.
Девојки, некој совет како да ги изедначат флеките од минати акни? Бев на роакутан до пред една година, лицето ми е чисто со привремени 1 до 2 акни, но флеките уште ми се останати... Доколку некој има искуство со истово нека ми пише
Јас имав по образите флеки, искрено ни пудра не ми ги покриваше на некои делови. Се гледаа црвени кругчиња. Ги отстранив со помош на природна козметика BioGo. Користев крема за проблематична кожа од овој бренд и серум против стареење. Серумот соджи смиљ - некоја билка што спречувала црвенило, мене ми помогна да го отстранам. Серумот го користев само 2 месеци и кожата се нормализира, го немам купено со месеци. А кремата ја користам веќе 1 година, не дека имам проблеми со кожата, ама некако ја навикнав и лесна е, плус 100% природна, па некако не ми се замара со кремови од продавница, пошто кој знае што има внатре. Освен купечка козметика можеш да пробаш и со овес и вода наутро да се триеш по лицето , мене тоа ми помагаше на почеток, ама ефектите доаѓаа многу споро и некако немав живци да чекам. Сестра ми истото го правеше со морска сол, ама на крај и таа пројде на серумот. Се надевам помогнав.
Азелаична киселина или витамин Ц, со тоа што второто дава резучтат за подолго време. Азелаична имаш 20% во Скинорен околу 3-400ден во Бугарија и Грција. Имаш и азелаична на True Alchemy, The Ordinary, Revox но во помал процент. Повеќето дерматолози ќе ти препорачаат азелаична. Азелаичната не е агресивна киселина, може да се користи во пм и ам рутина со тоа што спф задолжително ќе ставаш за да не ги влошиш флеките. Помага и за PIE и за PIH флеки. Изгуглај ја ќе се запознаеш подобро. Добронамерен совет после роакутан не испробувај народни лекови особено абразивни пилинзи со овес или масла. Прашај го и матичниот дерматолог задолжително за внесување на нов продукт.