Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Па додека не пробаш нема да знаеш, нели? ;)
    Јас ја користам 7 дена и кај мене има подобрување засега, само што завчера ставив пудра и за беља не ја избришав така си легнав не се ни измив. И почна да ми се лупи на некои места кожата ама вечерва се смири. И самиот човек кажа дека кај секој е различно и треба упорност, кај некои поминува за 15 дена, кај некои за 20, кај некои за месец и нешто...
    Другарка ти згрешила што ја прекинала. 12 дена и не е многу време за да очекувала резултати.

    И тука сме за да си препорачуваме работи, нормално дека во очај ќе пробаш сѐ и сешто со надеж дека ќе ти помогнат, се додека нешто не почне вистински да ти помага. И ти еве кажа од што и поминале мозолчињата на другарка ти, значи фактички препорачуваш и некој ќе проба. Кај некој ќе делува, кај некој не.
     
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    А да пробаш со природен пилинг, ако не смееш да ставиш крема тогаш барем да се излупи тој слој побрзо. Со кафеав шеќер и маслиново масло, се мешаат и се трие лицето, е не знам дали се остава малце на кожата или одма се плакне со млака вода. Мислам дека ова не би ти штетело, баш и добро би дошло ќе ти се исчисти кожата. Инаку консултирај се со човекот кој ти ги препишува кремите затоа што во зима повеќе се суши и лупи кожата, еве јас имам сува кожа, ако ставам помрсна крема ми се упива скроз не светка лицето, што е и логично самиот воздух е таков. Инаку кога бев во пубертет имав бубуљички и дерматологот освен што ми препиша некоја крема, ми препиша после месец дена третирање со таа 2-3 дена да се мачкам со една мрсна кожа за да не дојде до пресушување, мислам дека можеш и ти да правиш така со некоја обична хидратантна крема.
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    260
    Другаркати не требала да прекинува ...................... това и било голема грешка, требало да ја дотроши или може па и резултатите се од кремите а она да си мисли дека је од другото................ значи секој третман така што се прави и го прекинуваш за да почнеш нов треба да се причека најмалку една недела за да знаеш што ти помогнало.
    Лакримоса је во право човекот све фино си објаснува и си кажува............................што како треба да се прави јас и го прашував за колку време ке делува и за това ми рече дека кај секого је различно и дека имало и случајеви за кој и тој се чудел колку брзо им поминувало.................... колку јас сум задоволна нема да пишувам накнадно................ ама од свешто сум пробала за мене това ми беше лекот и сум презадоволна значи најбитно је да се има трпение и да не се прекинува и до крај да се прави онака како што је кажано,сега си намачкувам на два три дена понекогаш и на четврти ден, и нигде не се познава и дека воопшто сум имала некогаш акни а 11 години маки си мачев со нив
     
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Девојки не знаев кај да прашам па ајде овде. Вака, акни на лицево имам малку, за разлика од тоа што бев пред некоја година сега сум супер, ама имам многу флеки останато, значи по 2-3 акни ми се појавуваат еве да речам, и сега прашањето ми е, која колекција би ми одговарала повеќе,што би ми препорачале, Далтон со овошни киселини или Vichy normaderm? Оваа Далтон дека е со овошни киселини ваљда ќе ми помогне за флеките ама па да не ми делува на акниве негативно? А нормадермот од Виши нели е за сите неправилности, тоа ваљда вклучува и акни и флеки? Некој има искуство? Било какво? Благодарам однапред.
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Jас користев Хлорамфеникол,ама да ви кажам не ми помогна нешто баш. Немам многу бубулици, ама сакам лицето да ми е чисто.

    Некој друг лосион да ми препорачате? Се мислев за Клиндамицин,ама тој е за потешки акни...
     
  6. ancchi

    ancchi Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ај ВЕ МОЛАМ кажете ми го бројот од сашо :) ФАЛА :D
     
  7. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Уф, е тоа тешко. чисто лице.... Што користите девојки ? Јас освен нивеа, друго ништо не користам ( и чат пат пудра) Ај кажете некој совет ?
    П.С. Ми се допаѓа ова

    [​IMG]
     
  8. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.914
    Допаѓања:
    5.253
    Пол:
    Женски
    Јас користам лосион, гел и крема од Докторс и сега за сега сум задоволна :) Иначе сликата е со прееемногу фотошоп, така да нека бе ве депримира :D
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Не помага ниту тој, т.е мене лично воопшто не ми помогна ВООПШТО!

    Која крема од докторс ја користите?

    и ако може некоја број од Сашо да пише ..

    фала..
     
    На Maeeeee и MacaLove им се допаѓа ова.
  10. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    и јас имам голем проблем со акните...леле ова е неиздржливо пробав со се со Xлоракол од аптека не ми помогна потоа се мачкав со разни кремови,ракија со магданос ноо ништоо...сега си нарачав од Aвон Care 3 in 1 за чистење акни...Kе пишам за резултатите по 1 недела...се надевам ќе ми помогне..ако имате некој совет + пишете...:))
     
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Немам многу акни, но ова од Авон што си го порачала ниту една не ми ја отстрани.. Или е нешто до моево лице или мене навистина ништо не ми помага!
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. feminna09

    feminna09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14
    Девојки, ве следам во темава скоро и од кога е отворена :) од почетокот имав нафрлано лице - не многу проблематично но мрсна кожа,митесери и акни по малку.Применив некои од вашите совети, некои ми помогнаа делумно,некои не.Сега имам чисто лице а тоа го постигнав со :
    почетокот на септември купив Хлоракол и Здраве крема онаа без опаковка што е поевтината
    (ова го користев се додека не ми се потрошија и двата производи)-лицето ми беше помазно и само некои ситни брунчиња на челото и странично.
    потоа ја купив Здраве кремата со полесна формула околу 70-80 ден е таа и само со неа го мачкав лицето секоја вечер пред да спијам.
    Вчера го купив неутрогена пилингот за митесерите дами се повлечат иначе лицето ми е чисто немам акни со помош на ваквата самоволна терапија.
    Да напоменам дека во текот на неделата два пати ставам маска на лицето (Планет спа-ориз саќе или мртво море или солутион маската за комбинирана кожа)
    а навечер пред да ставам од кремата го мијам лицето со дав сапун од краставица)

    се надевам на некому ке му помогнам :* :*
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    thelittle17 и јас немам баш многу но сепак..Најмногу имам на челото и под усните..Тоа од авон го порачав по препорака од блиски...Се надевкам ќе помогне..Ќе пишам за резултатите..:)
    feminna09 од каде ја купуваш таа крема Здраве?
     
  14. feminna09

    feminna09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14

    Мае,сега видов дека си го купила тоа од авон 3 во 1 што е шишенцето.Мислам дека тоа е онака за чистење на лицето ама дека помага во исчезнување на акните тешко.Кажувам за мене јас го користев ама никаков резултат не видов и ете ми стои до пола :) .Кремата здраве ја купувам од туш (ако има во твојот град) ама ја има и по другите маркети алфа маркет кај нас ја има на пример побарај сигурно ќе ја најдеш.
    На кремата пишува дека има засушувачко дејство(значи ги суши акните)или пак на пример ја порано кога ќе ги стиснев брунчињата ставам одма од кремата и нема ни црвенило ни рана утредента :)
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јас од аптека си купувам салицилов спирт 2% пошто секако него го има во тие производи за чистење на лице и со него се чистам,само не треба секој ден,пошто суши.А не е скап,во аптеките ако сакате побарајте.На чисто лице со него,а после него кремче.
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    feminna09 тоа од Авон го зедов по препорака од братучедами..Нејзе и ги исчистило тоа зависи од кожата.Се надевам ќе ми помогне..А во врска со кремета Здраве бидеќи јас сум од Крушево дали можам да ја нејдам во Прилеп..Да не одам до скопје..Ако ја нема во прилеп тогаш ке ја купам од скопје..А каде се наоѓа Туш?Фала..:)
     
  17. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    Divinebutterfly Тоа што го кажуваш крема е?Од каде можам да ја набавам и колку пари е?...Фала....:)
     
  18. feminna09

    feminna09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14

    Точно дека на секоја кожа различно делува,да се надеваме кај тебе дека ќе има позитивни резултати :) туш маркети има во велес мислам и ск не сум сигурна ни за прилеп нз дали има туш.Но не е единствен маркет кај што ја има здраве,побарај по другите може да е и обично маалско продавниче а да ја има ;)
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Не,течност е,тоа е алкохол плус салицилова киселина мислам и треба да ја има во аптеките во шишенце,јас овде во Бугарија ја купив,беше 60-тина денари.
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.047
    Допаѓања:
    81.435
    Пол:
    Женски
    Хлораколот не ми помогна ниту мене. За жал резултатите беа моментални, а јас сакам нешто ефикасно, па не ми ги исполни очекувањата.
    Немам некое лице склоно кон бубулици, ама знае и те како да ми се нафрли, посебно во пмс, а ужасно сакам чисто лице без акнички.
    Го користам кремот на Докторс - анти акне и задоволна сум, солиден е и ми ги суши мозолките во рекордно време.
    Исто ми помагаат и сапуните на Докторс, посебно оној со ментол кој си го користам подолго време и сега го купив и црниот, па со душа чекам да почнам да го користам и да видам како ќе се покаже.
    Сапуниве се премија за мрсната кожа - ја сушат, така што немам проблеми со дополнително мастење во текот на денот.
     
    На Maeeeee му/ѝ се допаѓа ова.