Ми го освежи и осветли лицето, има и витамин Ц во него. Го чисти ептен добро. Не ми се мрси до толку колку што знаеше да се мрси, го остава меко и мазно. Сепак кога ставам било каква СПФ крема, светнувам, иако е оил контрол/мат. Планирам да земам и други производи од BIELENDA. Пошо е полски био бренд со ниски цени, а одличен квалитет. Им читав доста на сајтот и им ги разгледав сите производи. Доста избор имаат. Само не ги носат сите во стокомак. https://bielenda.pl/en
Се изнакупував скапи препарати за лице, и од Белина, Еуцерин, Магнолија... Пре агресивни, ништо не ми помогна и само ми ги влоши акните. Ми помогна моја рутина, нова пења за лице на Нутраефект авон, и преефтина хидратантна крема исто нутраефект. Понекогаш лекот е пет пари. Повремено ставам масло од дива роза Алверде.
Маслото од дива роза алверде е одлично. Го користам понекогаш и го омекнува и смирува лицето. Убаво е за масажа на лицето навечер.
Здраво девојки. Пред две години поради носењето на заштитни маски, на лицето почнаа најпрво да ми се појавуваат поткожни ситни акни. Потоа се воспалуваа, стануваа големи, болни и црвени и на крај акната излегуваше на површина. Акни имам на образите и на брадата. Пробував повеќе работи, но ништо не ми даде "траен" резултат. Сега сакам да пробам да сменам рутина и ми треба ваша помош. Во предвид имам 2 рутини(кои секако можам да ги измешам и изберам најдобрите од тие две). Ме интересира ваше стручно мислење или пак искуство за производите. (Во продолжение оставам слики) Рутина 1 Рутина 2
Девојки, дајте ми совет, што да пробам. Не е за лице, ама за грб. Немам вообичаено проблем со акни, ама последниот месец поради стрес, ми се појавија акни на грбот (на рамената). Не се премногу, ама ме нервираат. Се мијам со сапун за акни, што ги суши, но препорачајте ми и друго што да купам за побрзи резултати. Однапред благодарам.
Од мое искуство Some by mi тонерот е одличен за поткожни акни, а маската Innisfree за црнки на носот. Другите производи не ги имам користено, но од брендовите True Alchemy и Novexpert користам други производи и сум задоволна, па затоа јас би ти предложила да го пробаш гелот и серумот од Novexpert. Со секоја нарачка од Bellina избираш тестери, па можеш така прво да видиш дали ќе ти одговара на твојата кожа. За Леврана разгледај во темата за SPF, мислам имаше повеќе искуства за таа крема. True Alchemy AHA BHA маслото во комбинација со спрејот со цинк од Novexpert. Со овие два производи ќе видиш резултати за многу брзо време. Како поефтина варијанта од маслото може гелот за туширање на Bereza Siberica. Производите ги има во Bellina и во ДМ.
Не знаев дека во дм има масло за лице, а се убив од барање. Да не знаеш што цена е? И дали е тешко за миење?
И јас не знаев исто Спрема пакувањето мислев дека е за коса цело време дури не го видов низ темиве дека е за лице. 175ден го земав многу е практично ко спреј е. Не е тешко за миење,дури и да го оставиш така си упива ама тоа зависи од твојата кожа.
Сите овие производи се одлични, но магија не постои.Јас маска 2 години носев по 10 саати најмалку на ден и немав акни на лицето воопшто.Проблемот ти најверојатно одвнатре.Мој совет ти е да посетиш дерматолог и да си земеш медицинска козметика.
Јас би ти препорачала лосион и гел од Novexpert . Имам на гради ситни како црнки кои ги воспалувам и се прават акни и мене ова ми помогна . Ги користам на секој втор ден. Од лосионот си земав мостри бидејќи бев скаптична но на wish листа ми е. Производите можеш да ги најдеш во белина.
@Reina.Gitana @lovemme Ви благодарам многу девојки, ги порачав маслото од Аlchemy и спрејот од цинк, па ќе пишам накнадно резултати
За чистење на пеги и акни имате природен мелем во Бигорски. Пишува на него "чистач на пеги и акни". Мене ми ги исчисти акните за 1 недела.
Барав кај да го пишам мислењево… За црвенило и акни маскава е идеална, многу ми се допадна на прво пробување. Имено,при нанесување е гломазна а после некое време се собира, на површина испаѓаат акните, whiteheads и црвенилото се намалува. После тоа кожата е мазна и мене,мислам дека ми ги чисти и порите бидејќи е со салицилна киселина. Оваа маска ми е прв пробан продукт од брендов а воедно и најскапа е. 24€ е реалната цена,ја начекав на попуст а на тикток беше многу фалена. Денес гледам дека whiteheads не ми се појавија на брадата повторно што ми дава позитивна критика. Е сега треба да се користи два-три пати неделно само на критичните места за поефикасни резултати.
Правен е со магданос и лимон и восок. Ме цело лице ми беше со акни (хормонални) и ништо не ми помогна освен Манастирскиот лек, случајно го загледав на рафтовите во продавницата на Манастирот. Цената мислам дека беше 200 денари.